Ова се боите на бугарското знаме https://www.instagram.com/p/CMSSyX6Dt5G/?igshid=13l3yjx8otflq Овде подобро се гледаат Еве слики ко што гледав
Сега уште да испадне дека и тетоважите му се во боите на бугарското знаме, ама ние не можеме да разликуваме бои.
Не бе знамето е и точка. Јас викам и завесите дома да му ги анализираат за сублимални пораки. Почнаа и со халуцинации луѓево веќе, да не знаеш дали е за смеење или плачење работава.
Светлината паѓа врз сивата Двете се сиви, или едната е темно зелњна, маслинеста, другата розева. Ги носел и претходно. Косми сериозна си со ова?
Јуле,јас не грешавам бои. Поради бисерниот сјај таа што е темно бордо ти изгледа розева,исто важи и за белата,зелената. Може да ги носи колку сака приватно но не и да се прави удрен дека ова не е комбинација на бугарските наионални бои ,тој не го претставува Васил,туку МК,плаче и провоцира во исто време. Како еднаш не ги намести да личат на италијанските.
И настапот кога ја пееше Марионка како дете е во боите на Бугарското знаме Васил е во бело, позади него хорот или што и да е тоа е во црвено, а позади зелена позадина
Мислам дека уште мали нозе, некој од Илуминатите го контролира Васил, тајно му кажува да прави се во боите на бугарското знаме. Остајте го човекот на раат, аман! Ој видете и долната облека во која боја му е!
Се ок, веќе се забега со глупиот евросонг, ама не ви е малце дегутантно родилкава што ја умешавте во темава?
Коментарите под видеото кој од кој.Аман име на држава сменивме, Васил што кажал дека има две државјанства е проблем.Плус на интервјуто не кажува ништо спектакуларно туку најнормално одговара на прашање, не спомнува гордост или нешто слично.Единствено поставеноста на уметничкото дело во спотот беше спорно ама може да ги оставите да го сменат и да завршиме со циркусов веќе еднаш? Нѐ убија со лоша политика и на крај цела омраза погрешно се пренасочува и се истура врз претставник на евровизија бе
Eптен слуучаен беше овај кикс, ненамерно. Баш во период кога односите со соседите не ни се баш сјајни бајни,кога не прават подолу од го*но како нација, мораше во спотот да бидат на тапет боите на знамето на Б'лгарија. Пак ќе речам, сосем случајно. Па се снима се улизува, горд македонец бил. Абре човече, на интервјуто скапа потенцирање дека прабаба му била бугарка, еј. Прабаба му. Малце да имаше култура и достоинство ќе отстапеше место на некој друг, доволно се бламираше. Прв пат посакувам ни во финале да не влези, никој да не гласа за него. Аман веќе, кај погазени од самата власт сме со глупите политики шо ги тераат, па и естрадните уметници кои се пуштаат со наши пари на екскурзии низ светот, да се поигруваат со националните чувства. Да се мо*аат врз нив, да ми простите на изразот.
Лила е последната, не е црвена. Дај Косми те сметам за разумна, лила, маслинеста зелена и сива. Какви бои на бугарското знаме, жити се.
Мене боите пастелни ми изгледаат, нема знаме со пастелни бои Доволно беше, добра режија на Боби Фишер
Овде ако има бела, зелена или црвена, тогаш јас сум Хелена Папаризу Дај бе олабавете жити сè, бетер од рамноземјаши со теорииве. И исто како и со Тамара, од насекаде е преплавен со поддршка од златни луѓе евровизиски фанови, додека кај нас вријат од омраза социјалниве мрежи. Ми се плаче со каков злобен народ делам воздух...