Јуле. Лила или виолетова боја има син тон во неа. На сликата каде што се извинува, еве на кропираната има бордо бисерна,зелена и бела. Да не браниме неодбранливо. На сликите на инста гледам носел и кафена и Црна,зошто ги нема сега?
Аман луѓе, оставете го веќе. Барате проблем онаму каде што го нема Бојата на алките нормално дека ќе е различна под одредени агли, светлината се рефлектира различно. Исто, таа ќе зависи и од квалитетот на снимката, ефектите и сл.
Лоша ти е сликата ама и на оваа се гледа дека е лила, а последната е сива. Ставив чисти слики, две видеа и ти со ова ме убедуваш дека е бело и дека е исто со бугарското знаме. Сивото на светлина знае да биде посјајно, ама како ме белото да е сиво? Не сум слепа, не ме убедуваш во нешто што нема врска.
Василчо вака така до крајот на неговата музичка кариера ќе собери песни ако не поќе барем за еден албум да напрај. Сега за сега најпопуларна му е "Марионка" Дискографија 1994: "Марионка" [1] [2] 2007: "Помогни Ми" [3] 2018: "Гердан" [4] 2019: "Патувам" [5] 2020: "You" [6] (Евровизија 2020) 2020: "Мојата Улица" (ft. Давор) [7]
Првата алка е кварц. Втората алка е лабрадонит. Третата е амазонит. Грешна ви е перцепцијата, си купил алки со камења за среќа да освои прво место на Евровизија и за чување од уроци. Имињата на камењата ми се рандом, да не ме нападни некој со поголемо познавање иии мајтап прам.
Добро е Јуле,не те убедувам.Му го гледав видеото. Ајде виолетова и сива му алката. Многу случајности му се собраа на бугарчево.
Нормално кога само Бугарија не` негира... Следната година обавезно Лоба да ја пратиме има руско државјанство
Е од каде тоа дека цело време потенцирал? Еднаш кажа буквално, зашто беше прашан конкретно од водителот.
И тоа интервјуто плус не е ни од сега, туку од пролетта лани, кога исто така беше избран и не беше толку разгорена политичката ситуација со Бугарија. Инаку, нели бе ЛГБТ заедница и непатриотите ви беа тие „снегулките“ со cancel culture/цензура од кои ќе браневте слобода на говор? Ова сеа што е ако не cancel culture, линч и булинг на најјако, нормално за отворено бидување нешто на кое не може да се влијае (етничко потекло) како што и знаат секогаш конзервативци?
На Евровизија не можеш да настапиш ако не си подобен за власта. СДСМ го извади од нафталин дечково. Никој ниту го слушал, ниту некој се замарал со него. И, оп, по струмичка жичка, двојно државјанство, подобен за улижување на Бугарите, близок до СДСМ итн... Во Македонија има многу деца што се вонсериски таленти. Ете, што не ја викнат Андријана Јаневска да пее? Прва виолина во филхармонија, 2 факултети завршено, неколку македонски евергрини има испејано, предобар вокал е, прави добра поп музика. Ама, не, Андријана не е подобна за власта, затоа што нема да настапи и да се бламира под Северна Македонија. Се е политика. Никој таму не го интересира кој и како пеел. Ако си близок до СДСМ ќе пееш. Ако не, биди и Елвис Присли, who cares? Немам ништо против тоа што тој себеси се смета за етнички Бугарин, но дека политички го одбраа и го спремаа дечково, во тоа никој не може да ме разубеди.
Зошто во Македонија е злосторство некој да биде етнички Бугарин? Зошто можеше Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар, кадар на СДСМ, да се венча во Косово заедно со Вранишковски под јурисдикција на СПЦ и никој за тоа не писна? Еве, некои несреќници на Вевчанскиот карневал ќе добијат од 5-7.000 евра казна, затоа што го запалиле бугарското знаме. Така пресудил струшкиот суд. А, Албанецот од ТикТок што вчера уринираше врз македонското знаме ќе добие ли казна? Двојните аршини бодат во очи, а не некој како се чувствувал приватно.