Воведов на темава е пресмешен. Јас врска немам кој е Васил. Тамара беше солидна, во однос на какви минати настапи сме имале. Се надевам Васил барем океј песна ќе има. И се надевам другите држави ќе растурат како во 2019. Уште ги слушам некои песни. Омилени Arcade, Spirit in the sky. Па дури и италијанската Soldi ми остана како добра песна, нешто поинакво. Песната на Michaela од Малта, ете иако не слушам многу такви игриви песни, сепак заразна. Too late for love од Шведска, исто добра песна. И да не заборавам Luca Hanni со She got me, убав дечко интересен вокал, му преслушав и други песни. 2019 за мене дефинитивно беше најдобра евровизиска година. Се надевам и годинава ќе изненадат повеќето.
Одвоена е од друга тема, затоа. Инаку 2019та имаше стварно супер нумери. Победничката песна Arcade сѐ уште си ја пуштам понекогаш, одлична е. Исто и Soldi, MARUV со Siren song (иако не беше на натпреварувањето, ептен ја сакам мелодијата) и секако Хани-то со She got me. Имаше уште еден згоден дечко, само не ми текнува од која земја беше. Може ќе ја отворам темата од 2019та, па би требало да најдам.
Поддршка и од мене за Васил, кога веќе требаше да отиде лани, не гледам зошто да не отиде и годинава. И мислам дека требаше да си останат истите изведувачи од лани, не беше нивна вина што се одложи настанот. Имаше многу квалитетни пејачи и многу квалитетна музика. Можеше истите изведувачи само со различни песни. Како и да е, сакам да му направат некоја многу поубава песна од онаа лани, предобар вокал е, сакам да му го искористат 100% талентот што го има. Good luck!
Па дали е он гол? Аман со тоа негово форсирање гол да се слика... Ух, од година у година ми се згрозува Евровизија, баш од вакви некои напнувања. Преочигледно е дека се форсира едно нешто. Немам ништо против тоа. Но, многу почна да се претерува. Апла.
Мене баш ми е мило што Васил е повторно одбран да оди на Евровизија. Има искуство на големи сцени има гласиште, е сега само да му направат добра песна и малце да се погрижат за сценскиот настап, и што е нај важно да не ја откажат Евровизијата и оваа година!! Fingers crossed!
Васил е одличен вокал и се надевам дека ќе пее песна како Патувам или Ѓердан, која ќе биде на македонски јазик. Ланската песна не беше добра, а потребна ни е многу подобра песна затоа што сме во мноогу потешкото полуфинале.
Збунувачки. Од една страна велат конкурс за песна до 27- ми месецов, од друга страна ваков маркетинг на друга песна, која не верувам дека ќе биде Евровизиска. Секако, ако не добијат добри, шаљлемо ову. Инаку мене не ми е лоша, споделеното парче ми е доста интересно
И на евровизиските фанови им се допадна, на Твитер бараат оваа да оди на Евровизија Секако, ако не добијат подобра песна, оваа секако може да ја изберат и пратат на Евровизија
Не, не е многу познат. Има една популарна песна и тоа од кога бил дете. Инаку, се надевам дека нема да ја пратат песнава, ич не ми се свиѓа хаха.