Па не знам и дали некој од нашиве артисти воопшто би прифатил да учествува на Евровизија после сè ова, барем во наредниве 2-3 години. Освен ако не го вратат Скопје Фест.
Каков нацистички поздрав жити сè, двоглавиот орел е на официјалното знаме на Албанија (не „голема“ во илузиите на нивни националисти, туку екшуал Албанија) признаено од цел свет, се читате ли што пишувате? Девојката до него е Јонида Малиќи, албанската претставничка од 2019 пред короната, кога тој беше таму како придружен вокал на Тамара. Учесниците таму се дружат, се мешаат со култури, симболи, имаат вечери на сечија земја и јазик ако не се лажам, ова е сосема нормална ствар. Стварно не знам зошто воопшто и следите уште Евровизија и коментирате кога сте против сите нејзини принципи, ем хомофоби, ем националисти, хаос. Еве ви го и Ермал Мета, албански доселеник во Италија кој ја претставуваше заедно со Фабрицио Моро во 2018, и Еугент Бушпепа, претставникот на Албанија таа година, како покажуваат „нацистички поздрав“, и нормално кај никого не предизвика outrage јер не се утепан балкански менталитет Италијанците. Побарајте ја и чујте ја баш италијанската песна која ми беше омилена тогаш, можда и ќе научите нешто Не треба ниту да брише слики, ниту да ви се извинува, само преголем притисок е, презабеган е народов и стварно дури опасно звучи до каде се оди дури и со закани, страшно...
Петиција има. Народот не го сака и готово, крај приче. Џабе се контрате. Дури сега ми станува јасно дека подржувачи на лгбт истовремено се неолиберали и одродени, тоест се против свој народ, своја држава и слично. А притоа немаат проблем доколку претставник на Евровизија се истакнува под друго знаме и повеќе нагласува друга држава отколку онаа која ја претставува. Да си ми жива и здрава за кажаново до 101 па назад. Туку џабе гинеле за вакви како неа, за жал.
Епа не знам, може некој француски поздрав да правеше немаше да е така, оти со нив имаат нетрпеливост. Италијаните иначе го исхејтаа Махмуд прехлани дека е мешан, не бил прав италијанец, и за него петиции имаше. Не дека беше во ред, ама некако како да мислите дека светот надвор е многу различен од светот овде. Не е, само други се "ривалите", други се тригерите. Ако мислите дека светот надвор е совршен во оваа смисла, не е.
И Еугент Бушпепа и Ермал Мета се Албанци и покажуваат симбол што претставува припадност на Албанците. Јонида е Албанка,што мајка бара Василе да покажува симбол за припадност на албанците?
Со пријателка Италијанка која е многу културна и фина, правам муабет и и кажувам дека имаме 25% Албанци, веднаш враќа дека не ги сака, дека од Албанија илегално одат во Италија, крадат, убиваат старци, се занимаваат со нелегални работи. И толеранцијата и либерзализмот во Европа си има граници. Исто и во Франција се повеќе и повеќе ги мразат Арапите.
Кој не ги разбира? Ако јас знам за Махмуд, а не ни следам Евросонг, баш се разбира Како не ги разбира кога секој со општо знаење знае дека има нетрпеливост меѓу французи и италијани, англичани и шкотланѓани итн итн. Се разбира во нивните кругови. Ко на некој од Германија што не му е гајле за Македонија, така и ние не пратиме дали некој од Шкотска со политички став за независност од УК пратиле воопшто некаде на Евровизија. Wild guess не.
Васил сам себе се извалка, и крај. Не го сака народот, не пеел на фестивал па да го изберат по легален пат и треба да се повлече. Ако беше совесен досега ќе се повлечеше. Зошто две години по ред го бираат него? Што е тој посебен?
Не знам дали за тоа е пишувано, не можам сега цела тема да ја читам, ама дали некој забележа дека на видеото кадешто се извинува на раката има белегзија како бугарското знаме, црвена зелена и бела боја? Што рече една моја другарка, некако премногу случајности А како вокал е одличен да, мене и песната ми се допаѓа како за на Евровизија. Во комбинација со добар сценски настап може да се добие убав производ. Па и од Бугарија може 12 поени ќе добиеме https://www.facebook.com/vasbar/videos/426079668487826/
Затоа што лани Евровизија беше откажана и повеќе од половина од земјите ги ре-избраа артистите од 2020.
ako dobro razbrav taa slika kajnego na profil bila.. poubavo ke bese so albanskata pretstavnicka da se slikal pred makedonskot zname ova e blago kazano debilno
Евровизиските фанови го сакаат и немаат ништо против него, како низ цела Европа така и тука, како што видов сите што на некој левел следиме и ни значи Евровизија го поддржуваме. Разјарениот „народ“ што тврди дека не гледа и дека целиот настан е глупост не треба воопшто да биде релевантен во нормално општество со срамниов булинг. Можам да сфатам единствено како што спомнаа наназад ради негова безбедност да го повлечат пошто има лудаци кои и до смртни закани и закани за силување стигнале, ма да секако би било поразително. Тоа е таа патриотско-десничарска „слобода“ на говор и изразување.
Најјако ми е кога ќе каже некој дека и другите држави се мразеле меѓу себе. Како тоа да треба да нè оправда. Демек тоа е, никој со никој не се сакаме, нема мешање, едноставно ќе се дочекуваме едни со други на нож во секоја можна ситуација. Ќе им го набљудуваме секој можен потег на луѓево за да измериме колку нè навредиле и испровоцирале со тоа. Тензично време било... Доволно е да си сведок од страна на настаниве од изминатите неколку дена и одма е јасно кој дига тензии, а кој спушта. Културен натпревар меѓу народите, што беше тоа? Диференцирање меѓу влада на една држава и нејзините културни претставници, исто непознат поим. Оценување ситуација според околниот контекст, квантна физика. Камо сите што се сликаа со орли и други национални симболи да беа како Јонида и Васил. Да ми е да знам која би била логиката во тоа да ставиш белегзија на рака за истата работа за која се извинуваш...