ajde de vrv ke bide .. sesto mu fali e na scena da se pojavi so fustance na elsa po moznost vo omilnite mu boi i sekako pridruzeno so ligavoto prepoznatlivo ponasanje,grimasi i gestikulacii 'sovrsenstvo" bez granici ;P
Немој, таман ја решивме мистеријата со алките. Сега до сликата со орелот сме. ... Јас па мислам нашите секоја година сакаат на мала врата да се пикнат. Мислат ако се напрај некој скадал или ако се копира претходен победник дека ќе сме интересни и готово сите за нас ќе гласаат. Ако тргниме политика и патриотизам настрана, мое мислење, колку и да не е случајно ова на Васил или тоа на Тамара, двајцата имаа најдобра песна што некогаш сме имале. Гледано само од аспект на уметност.
Тие што никогаш не гледаат Евровизија и сметаат дека Евровизија е пРоМоЦиЈа нА ПеДеРи и НеМоРаЛ се најгласни против учество, забележуваш?
Што имаат тие врска со васил ? Нема што да им кажувам јас ,си има политичари што ве вртат вас и провоцирате на секоја тема Јас сум исто ко васил космополит и не ме занимаваат вашите националистички политички провокации !!
Дечки ај вака.. Тој може лично како човек пред се,не е лош,не ми стои за дволичен и лицемерен само мислам дека нема добар Пр водич да го учи што да кажува во јавност. Тој не беше воопшто толку популарен и ова можеби му дојде ко одличен улов. На пример Тамара,Елена,Тоше имаа професионален пр водич за тоа што се кажува во јавност,а што не. Друго што сакам да кажам дека воопшто не требаше да произнесува многу за себе,што и како постигнал,ниту за бугарскиот пасош. Од друга страна кога ќе размислам да не кажеше немаше ни да знаеме,но сеуште стојам на ставот дека треба да се повлече од овој настап затоа што е СКАНДАЛ. Секој претставник ќе ја претстави својата земја во најдобро светло,а ние со Васил веќе имаме Скандал кој сигурна сум дека не пренеле сите медуими и ќе добиеме пет годишен бан од тој настан. И не знам зошто воопшто одиме да се претставуваме кога секогаш ни ја зимаат победата и се е наместено. А Васил нареден пат да се истренира за култура на однесување во јавност,затоа што многу искреност не е на арно.
Емпатија слабо, а? Еве замисли некој твој близок да е масакриран 2001 како тие од Вејце и да видиш дека Василчо ти покажува орли. Сеедно ќе ти е?
Еве уште се чудам како во 21 век некои луѓе не научија да разграничат политика од национална свест и достоинство, што значи љубов и почит кон своето а што бедно вовлекување во туѓи подопашници за грст слава и долари итн. И многу жалам што допуштивме одредени ликови и држави да ни се покакаат во уста, па уште некои се убедени дека се работи за сладолед од чоколадо. Па и те убедуваат дека вкусот бил светски, ама дека ние со пиперки пораснати, несмо знајали - несмо школовали! Офффф!
Па нема логика хаххахаха. Освен сарказам и иронија, јас тука не гледам нешто друго. Ајде да речеме можеби случајност
Ти многу касно палиш, ја пропушти забавата со белегзијата. Сега орелот е на репертоар. Јас го бранев и уште сум на ставот дека петиции да се тргне од евровизија се претерани, да се корегираат некои работи е доволно. Ама па и вие некои тука што се правите наудрени, како да сте паднале од друга планета и наеднаш вие не приметувате национални симболи, сите меѓуетнички тензии и меѓународни спорови ви се надвор од доменот на вашиот космополитски дух, паѓање во несвест, глумење висока класа од Париз што не се замара со политика, пресмешно ми е сѐ.
Космополит бил, носел обележја на друга држава, покажувал знаци од друга држава.... Ако има ПР, ќе речев да си даде отказ\да му дадат отказ, ама бидејќи станува збор за МРТ, тешко. Дајте дечки не го правете насила космополит, бидејќи не е. Космополитите вака не прават. Космолитот не покажува знаци/носи обележја на една држава, за да и се приближи, а притоа правејќи нешто навредливо за соседната држава. Напротив пред секој состанок и пред заминување во било која држава космолитот е должен да ги научи знаците, гестовите и останатите делови од вербалната и невербалната комуникација за да не го навреде домашното население, но и да не предизвика револт кај соседните држави. Ова е тренинг што се прави пред секое поаѓање за надвор за сите оние кои работат меѓународно. Секој гест, фраза, знак различно се толкува. Барем мене така ме обучуваа. Можеби јас грешам, еве незнам. Факт е дека и избраникот и тој што го избрал го догурале со врски, а и таму каде што ќе се натпреварува ќе има потреба од врски и тоа дебели.
So what, нели Евровизија никој веќе не гледа и е небитно такмичење? Сеа од еднаш стана најважната работа на светов Чим после Ај Кју и Бурчевска уште не' канат да одиме Васе лагано ќе си помине
Леле, зошто ме подсети, фустанчето розево, запросувањето.... Блам до блам сме, особено МРТ од кога почна да си избира сама. А за значење, нема некое големо за мене. Ама кога претставуваш земја тоа само по себе си носи одредени ообврски и товар. Неверувам дека друга држава би толерирала вакви испади и ваков нерационален однос. Верувам дека секој еден жител небитно од земјата на живеење сака да е представен во најдобро светло, од натпревар за биологија па се до натпревар за најдобри песни. Таму каде што сум била секој еден се трудел да си ја представи земјата во најдобро можно светло. Ако самостојно се натпреварува што сака нека прави, ама кога е името на државата и е испратен од данокот на граѓаните мора да се однесува соодветно.
Само ти. Дечково има долга кариера и премногу хитови, познат е надалеку, гледаш Европа е на колена и се молат да не му го откажат учеството на Василе. На петицијата за негово неоткажување досега се потпишале дури 1,300 луѓе.
Баш така. Во право си за се. Ништо не било со орелот. Како не. Кај живее тој? Што не биде Албанката или некој друг космополит и да покаже три прста „Вардар, Егеј, Пирин“ на пример. Нема да покаже, има свест. Примерот на Васил ти покажува дека не е доволно само да имаш глас, треба многу повеќе. Какви закани има по фб, ништо чудно да добие и ќотек од некој фанатик. Му плукна на Македонецот во лице, на Македонецот кој веруваше во него.
На Васил и на Инстраграмџикаа иста маркетинг агенција да не им ги води кампањите? За сликата одма коментирав дека нема шанси да е случајно, ама развојот на настаните е таман тој. "Македонска" моб мафија го напаѓа кутриот Васил (кутрата интаграмџика), па излегуваат со цели изјави за булинг, па добиваат поддршка од секаде оти кутрите се заглавени со диви неписмени македонци. Затоа, не се палете на провокациите. Некако премногу случајности за да се случајни. И сега Васил си седи и си шири пораки за поддршка и сил евровизиски фандом ќе зборува колку е кутар Васил што го малтретира неговата држава. Искрено се надевам дека ќе го пратат, не заслужил да го исфрлат заради ова. Чиста игра на моб мафија и култура на исклучување е ова. А не смееме да дозволиме моб мафии да ни го водат општеството. Нека иде, баш ќе видиме колку ќе му помогне жртвувањето. И да, искрено ме интересира дали од исто место иде креативната идеја за кампањите.
Од глупоста што ја направи со химната нашата "врвна" пејачка ТАМАРА Тодевска се знае дека народот ќе мисли дека се се води кон политича кампања.