Апсолутно е за критика, не за закани секако, можеше да си поќути круната не ќе му паднеше, без разлика од кога е видеото, треба две чисти у глава да имаш за да знаеш дека се што кажуваш може да биде искористено против тебе, а со тоа и државата шо ја претставуваш. Посебно кога доаѓа од бугари. Единствено што ми паѓа на памет за да го "оправдам" човеков е толку знае, наивен е, добродушен. А и кој ти е тој новинар шо го прашува за пасоши, а не за идни планови? Едноставно, Васил можеше да избегне одговор, не ради некаква цензура туку осет за момент и да даде некој генерички одговор да даде музиката обединува ова-она. Како баш се нашите се погодува и орли да покажуваат и бугар да се кажува, како не се испослика со нашето знаме. Фино си го искористија ова бугариве и го вметнаа повторно во некој извештај за да не блокираат, баш пред 5-6 дена читав. Не верувам дека знаел овој дека ќе биде искористен за провокација. Ај замислете ситуација, како не му текна него да му рече на новинарот на македонски, па и на лош бугарски нека беше, сакам химната да ја испеам на Македонија, така ми дојде од душа. Фората е шо намерно такви ги бираат од власта со наведната глава пред светот секогаш и секаде. А јасно е дека партиски се праќаа и пред 10 години и сега. Мене ако ме прашате, не ми смета ниту шо е бугар, ниту геј, туку тоа шо е другар со Коста Костадинов и Коста Петров, единствените двајца поодбивни од Васил. Ај може ќе го истетовира нашето знаме овој, ко Тамара со химната.
„Најмалку интересна работа за мене е дека сум геј“: Васил Гарванлиев е спремен да биде гласот на ЛГБТИ заедницата од Македонија
Види: Spoiler Не само што се има испосликано, туку и не го симна знамето од себе, а ова беше пред скандалите. И лани на виртуелниот концерт од Евровизија што го имаа, од сите само тој го имаше ставено знамето во една саксија да се гледа во позадина, да не барам сега. Ако ме прашуваш мене тоа е дури и ту мач патриотизам, ама можам да го сварам јер се работи за Евровизија и тоа е kinda the whole point. Инаку потполно во право си за тоа што викаш дека е наивен, токму затоа и не ја заслужи ситуацијава. Не очекуваше дека ќе се дигне галама од неговите изјави, и тоа е дури и симпатично бидејќи не ни треба да се дигне. Не е тој политичар па да му се фаќаат за збор. На крај краева ова е обичен фестивал и има политичко значење точно толку колку што сами ќе дозволиме да има. А дека Васил ја сака државава очигледно е за секој што барем малку го знае и следи, и тоа ја сака многу повеќе отколку таа него apparently.
Оти има дежа ву со прашањево Ај и трета тема за Васил и евровизија да отвориме Мора Василе да биде, после може и крај на светот да се деси
Кога во една земја најважно е дали некој е геј или не (а НАЈЛОШО е да е), многу е јасно дека станува збор за гнасно и труло општество. Трагично е да се оценува нечиј талент и вредност по неговата сексуалност. Прочитајте ги коментарите на социјалните мрежи на сторијата дека Васил е геј и сака да ги претставува сите ЛГБТ луѓе од Македонија, и ќе ви стане јасно за што зборувам. Имаше коментари дека било гнасно што медиумите објавувале такви работи на големи празници, а коментарите нормално се од големите верници и промотери на љубовта на религијата. Инаку, песната уште не ми се допаѓа воопшто, ниту пак очекувам финале, но нападите што ги доживеа и се' уште ги доживува Васил се дно-дна.