Исланд и Полска се во среда и четврток, а Малта и Романија колку што знам се само изолираа иако тестовите им биле негативни, па ќе правеле пак.
Пред 5 минути заврши настапот на Васил во Jury Show (настапите според кои жирито ги дава своите гласови), Васил беше одличен вокално, а сценски не знам, но според реакциите на пресот, изгледа беше добар. Да се надеваме на поддршка од жирито
Нема шанси Азербеџан, Малта, Украина и Русија да не влезат. Ај ние, него Австралија ако влезе ќе се рокнам. Во претешка вечер сме паднати, другата е каде каде полабава. Тоа ни бил ксмет, јеби га. А уствари не е ни битно, нека се спремаат за у Сан Марино за в година
Како иде гласањето вечер? Можеме ли да гласаме за сопствената држава? Иначе Васил може да се извади и да заврши на некое значително место само ако почнат да го гласаат Бугарите, бидејќи Бугарин е нели.
Не знам како ја проверуваат веродостојноста на гласовите на Евровизија, ама лесно може да се лажира тоа со странска IP адреса да гласаш за својата држава, така да ова да не можеш да гласаш за сопствената држава нема смисла.
Така беше кажано на почетокот но ете имало измени. Медиумскиот притисок има големо влијание. Прво имаше розев костим ѝ направија притисок дека смешно изгледала, ја навредуваа на база на градбата на телото. Мене искрено убава ми беше во розево отколку во овој костим,како астронаут изгледа сега. Може ќе влезе во финале ама како победник тешко.
Мене песната ми се допадна, но воопшто не го следеле трендот кога се решиле за неа. Како од Дизни класик од 90-те беше и отстапуваше од останатите таму. Демек сите глупи, Мк најпаметни. За Васил стојам на мислењето од пред некој месец. Немам ништо против човекот. Не гледам проблем и секоја година да биде претставник оти и така речиси не остана пејач од тука за кој знам, а не отишол на Евровизија.