Ужас. или шо би напишале у ‘мјл’, прекрасна песна, допира до уво, скроз певлива, на рипит ми е цело време.
донекаде во ред за одолговлекувањето, меѓутоа начинот на одбирање е некоректен. дали имало јавен конкурс, јавна дискусија и јавен интерес за сето тоа. како бил одбран, од кој и зошто? на крајот на краиштата, ако е заради македонската радиотелевизија, тогаш и јас како дел од општата јавност треба да имам удел во решавањето. тие се финансираат и со мои пари. иако, мое мислење е подобро парите за евровизија треба да одат за болнички возила, како што и претходно имаше дискусија во јавноста пред пар години. подобро за општото добро отколку за некои квази пејачки кои не го паметат текстот, случајно ама веројатно намерно, да си го креваат егото до небото.
околу евровизијата и Македонија, се произнесов на оваа објава погоре. понатаму, за како ми изгледа личноста, реков, ми изгледа како кончита вурст од австрија. машко што делува како женско, или обратно.
јас сум за правото на слободно изразување на мислења. а ако сакаат да тужат, нека тужат, за јавни личности и сл. нема одговорност. на крајот на краиштата ако нема критики, нема како да има подобрувања.
Ете Кајмакоски беше на СкопјеФест избран и што? Џабе. Најлош пласман беше дотогаш. Калиопи со Црно и Бело интерно беше избрана, Тамара со Прауд исто, па тоа но биле најдобри пласмани. Според мене најдобар е начинот на кој Бугарија избира песна годинава, изведувачот е избран, а јавноста бира песна. Ама и тоа се пари
прво, мислам не треба Македонија да оди на евровизија. и други учесници се откажувале па никому ништо. и бугарија не учесатвуваше 2019. а за избор на победник на евровизијата, секогаш има удел политика. да се сменеше името место северна македонија во скопје тогаш тамара ќе беше на второ или трето место. или ќе доделеја победа, прво место. ако веќе има избор, треба да има конкурс, па јавно гласање па финале и на крај избор. а не избор на подобници.
Јас ќе кажам веројатно непопуларно мислење, ама Евровизија одамна е само кич на којшто се фрлаат огромни пари од нас, даночните обврзници. Колку музички уметници има од Македонија кои навистина продуцираат уметност, а никој не ги знае, ехеее. Одамна не следам Евровизија и да бидам искрен не знам која е поентата и да се фрлаат пари на Евровизија.
Песнава таман за неговиот глас, да бидеме на чисто, Васил има гласиште и лани не беше воопшто искористен. Песната? Хм, ни лоша ни предобра, ќе ја преслушам пак.
Не е лоша песната, ама искрено зошто веќе никој не пее на својот јазик?Нема поента сите држави да се претставуваат на англиски.
Песната ми се допаѓа. Потполно искористен вокалниот потенцијал на Васил, баш како што треба. На фановите не им се допаѓа, но дефинитивно можам да ја видам високо во жири рангирањата. Кај песнава сè зависи од staging- от, а во него па и не се сомневам дека ќе биде моќен, како што треба, затоа што го прават две Швеѓанки. Секако, многу подобро и помоќно од You.
И you лани беше убава, мислам онака певлива и catchy.Иако мислам дека сега повеќе доаѓаат до израз неговите гласовни способности, се гледа дека е одличен вокал.