Песната ми се допаѓа, емотивна ми е, како излезена од некој долгометражен цртан филм Во секој случај поубава од ланската
Според мене и видеото има одличен квалитет, но секако очекувам да биде многу подобро во живо. Пример, Proud na Тамара. Споредете ја студио- верзијата и во живо, дааалеку подобро е во живо
Немам некои големи очекувања Да, до израз доаѓаат вокалните способности, но ништо повеќе од тоа. Обична балада. Сепак, ќе оставам простор за малку надеж од сценскиот настап. Се надевам и тој ќе е моќен колку и неговиот глас
Не верувам. Сценскиот настап е најбитен, покрај песната. Чист пример- Fuego, Кипар 2018. Пред настапот во живо се движеше некаде околу 20. место како фаворит за победа, после генералната проба веднаш се искачи на прво/ второ
Од кога сме Северна растур правиме ... Тамара 1. место (жири), фудбалерите се пласираа, одбојкарите се пласираа.....
Субјективно, балади не ми се за Евровизија, како да и фали нешто на песната. Ќе видиме каков ќе е целокупниот настап.
Дизни жалопојка. Ко спот за Lion King, кога Рафики го покажува Симба од карпата. Позитивно мислење немам, ниту пак мислам нешто негативно. Едноставно yawn ефект.
Оваа песна ми се допаѓа повеќе од ланската. Убаво што одбрале песна во која Васил ќе има можност да си ги покаже гласовните способности. Е сега, дека недостасува excitement во истата, недостасува. Не се чувствува натпреварувачки дух. Како и да е, држам среќа.
Нормално дека не може без скандали. Не дека знамето на сликата е исто како знамето на Бугарија, ама живееме од скандали ние во Северџанија. Мора се да се исполитизира. https://vesti.mk/read/article/https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=401428 Инаку мене многу ми се допаѓа песната. Ако го погодат и сценскиот настап (нешто минималистичко со силни ефекти), мислам дека би било врв.