Годинава некако ми е подобра од ланската, можеби затоа што сум голем фан на дизни филмови па со тоа и песни и како што кажа членката погоре, баш на таква и потсеќа Туку прочитав во коментари на Јутјуб дека бугарската песна била дисквалификувана. Вистина ли е тоа, има ли некој инфо зошто?
Оххххххххх, не знам... Све е отидено више... Кој сака нека пее, кај сака нека пее, шо сака нека се дешава и нека не се дешава
Па на фејс какви коментари шибаат... Ја не знам, СТВАРНО не ми е јасно како народот може бе толку да се замара со се' и сешто, со туѓи животи? Па досадни се! Па ваков бил, па онаков бил, па песната била или не била добра, па кај се снимила, па зошто ја снимиле, па како ја снимиле, па какви пари земале, па колку пари земале, па не знам лани шо рекла Тамара, па не знам шо молчел уште овој, па како не ни било срам, па попови, па религии, па хомосексуалци, па стрејтови, па... Не знам!
Може па на Мадагаскар знамето е Шала на страна, секој со малку мозок знае дека политичката ситуација помеѓу Македонија и Бугарија е моментално поприлично осетлива. Тој спот поминал низ повеќе раце, секако виделе дека стои таму и не е проблем да препознаеш дека е ист распоредот на боите како во бугарското знаме. Ако не е намерно оставено, глупи се и тотално непажливи. Ако е намерно оставено, зарем им требало тоа? Симболиката на евровизија е многу битна, нон стоп се изразуваат политички ставови и преку песни и преку гласања. Песни и спотови се анализираат до детал. Не им требало, само тоа можам да кажам...
Песната во комбинација со неговата појава и изведба -жива патетика. Не ја мешајте со Let it go од Дизни, песната е закон.
Тие се најкич евр. Песната им е благоречено катастрофа. Спотот да не зборувам ко бугарскине певаљки на времето. Претходната им беше каде каде подобра.
Инаку песната на Василчо ми е ОК, баш онаква како што е потребна за неговиот глас. Башка и самиот си ја напишал. Не е нешто wow, ама сто пати подобра од претходната. А и мислам дека многу подобро ќе изгледа и звучи тоа на сцената.
Е ај па Василчо ке го слушаме да ни пева приспивни песни,а ние ко деца од 5 годинки па чекаме да заврши песната од филмот и да си легнеме.
Знамето на Мадагаскар: Не знам што се буниш, иста комбинација на бои и исти редослед е како бугарското знаме. Или се намерно глупи или се глупи. Очигледно е.