Затоа што ми е преку глава од политизирање на се и сешто. Знамето не е исто. Ете гледаш, некој може како знамето на Мадагаскар да го перцепира. Сами себе се потценуваме и им даваме материјал на другите да не млатат како сакаат. Доста веќе труете со политика.
Јас не знам некој што помалку го занимаат државни политики од мене, ама мислам дека на сите ни е познато знамето на соседна држава. Двоглав орел да имаше ќе беа истите коментари дека се работи за симболика на Албанија. Симболиката сериозно се сфаќа за евровизија, политиката исто така. Куп песни имале дури и симболична политичка конотација, од политички причини се исклучуваат песни, така да џабе зборуваш за неполитизирање.
И јас прво истото го помислив(видов некој наслов на фејсбук и си реков драматизираат), ама кога погледнав пак, па и не е баш така.Размисли, во овие политички услови моментално не може баш да е некоја случајност.А зошто го ставиле така ми е непознато.
https://m.facebook.com/Nacionalna.g...ехника-на-иверка-210х275-см/1703425876400840/ Повелете, едуцирајте се. Станува збор за уметничко дело изложено во национална галерија на Македонија.
Евровизијава секоја година ми е само плус показател кое дно од држава сме. Дај нека не земе подобро стварно Мадагаскар да сме му протекторат, сигурна сум дека бар лемури да праќаме на евросонг подобар перформанс ќе имаат. И помалце политички воедно.
Тогаш дефинитивно повторно би ми било интересно да гледам Евровизија. I would pay good money to see that.
Може ќе победи ко таа украинката што исто имаше случајна песна за геноцидот на татарите од русите таа година И таа беше онака "певлива" песна, не беше ич политичка.
Дури и да тргнеме од претпоставката дека не било од политичка причина, ете сега луѓе приметиле и посочиле. Има негативни реакции, што е разбирливо со оглед на се што се случува/ше кај нас. Што ги спречува тогаш да се извинат за (не)намерно предизвикување такви реакции и да го едитираат тој дел некако?
Неверојатно Ај нека ги прередат уште еднаш, барем вака Поише гласови од Италија мож ќе добие. Сам-себе-се-убивал геноцид. Кажав веќе дека се идиоти? Ко Тамарчето што ја згреши химната. Мислете случајно е, децата само сакаат да пеат
Многу хистерична нација сме станале, 3 хоризонтални бои кои по некоја "случајност" наликуваат на нечиво знаме ги кренаа сите на нозе, божемесачувај. Еве и да им било тоа целта шо, бугари ќе стануеме? За песнава неам некој посебен коментар, ништо посебно ни па нешто што би те бутнало од стол.