https://www.crnobelo.com/novosti/mu...-n-pretstavuva-na-evrovizija-2020-vo-roterdam Наш претставник оваа година е Васил Гавранлиев
Иста реакција имав кога прочитав прееска во МЈФ. Ете бил лани пратечки вокал на Тамара. А, кој ги бира да одат? Или кој плати најмногу тој? Не пратам ич Евровизија само за нашиве знам кој оди да си се прошета.
Леле стварнооо ? Па, во заблуда сум била дека женско пеело Така ми личел тогаш ваљда. Памтам бело со црно нешто горе носеше. На таа песна како мала сум идела под маса и сум се утепувала од плачење. Сеа ќе си ја пуштам на јутјуб ако ја има, да видам дали после 20+ години уште ќе плачам
Ич не ми се свиѓа изборов, ама очигледно ќе одиме на картата за поддршка од LGBT заедницата, па да освоиме некое местенце
Овој е тој со круна шо корачаше по црвениот тепих лани? Лелее ќе има препич Како се избира кој ќе пее или на кој највеќе му се шета низ Холандија на него му укажуваат чест..
Мене ми е многу мило за Васил. Добро е што праќаме претставници на новата генерација македонски музичари, она што изминативе години го праќавме не е во духот на Евровизија (со исклучок на Тамара лани). Сметам дека Васил е сосема погоден избор, како личност го почитувам многу, еден од ретките е што вистински си тера по свое. Плус пресреќна сум што Македонија го праќа својот прв отворено геј претставник на Евровизија, а и од Струмица е.
Леле страшно. Ко да напиша девојчето дека добрата вила ќе не претставува, па ајде да го потврдиме нејзиното постоење. Нек му е со среќа, за други коментари ќе ја почекам песната!
Уште една потврда колку ни е тажна македонската музичка скоро непостоечка сцена, па ќе играме на картата на lgbt. А само колку тоа е очигледно, е смешно. А шо убав пар беа со еден познаник мој. Ги гледав често едно време гушнати на фб низ Америките. Не ни знаев дека се вратил МК. Како и да е, со среќа нека му е.
Се зборува дека е геј, но дали навистина е? Оти какво време дојде, на секој втор му се лепи етикета геј. Инаку, мило ми е за дечкото, му посакувам среќа.