За ова пишував лани кога ја линчуваа Тамара дека ќе пеела за ќерка и, па како тоа, па дома да и пеела, парите да се премаменеле. Луѓе ве молам да го разберете ова, тие пари што се, тој буџет кој се одвојува за Евровизија, не може да се пренамени за таква цел. Тоа не може да го прави МРТВ. МРТВ си добива одреден годишен буџет, кој се определува во Собранието на РМ. МРТВ тој буџет може да го пренамени на пример за продукција на едукативни емисии, документарни филмови, серии, истражувачко новинарство итн. Тоа не се средства од фондот за здравство или на министерство за социјала, ниту некој лично располага со тие пари. Дури и да се откажеме од Евровизија, тие пари ќе се вратат во буџетот на МРТВ и ќе се пренаменат за друг проект а ништо чудно да се пренаменат и за нечиј личен интерес, тоа едноставно е така затоа што тоа се пари на МРТВ и затоа што знаеме како се функционира во државата, посебно ако некој види вишоче паричка. Пратениците се тие кои можат и треба да скратат од буџетите на некои министерства на пример и да ги пренаменат за здравство, а тоа не може да го направи телевизијата. Може дури и 500.000 евра помал буџет да и дадат на МРТ за одредена година на пример и пак да вложи 150.000 за Евровизија од оној буџет што го поседува, а да скрати од финансирање на други проекти. Како поинаку да објаснам дека не може кој каде сака да вложува и да пренаменува буџети дадени за една намена, за друго нешто, не знам. Но знам дека гневот треба да се пренасочи на оние кои ги креираат буџетите и министерството за здравство или за социјална работа, па да видиме колку, како и каде се трошат парите наменети за помош на болните и сиромашните и дали и колку средства годишно недостасуваат и/или каде завршуваат одредени суми непотребно а со кои би можеле да се пратат на лекување сите кои имаат потреба од тоа или да се помогнат семејства кои имаат потреба. Секоја година истата приказна, како да е тоа толку едноставно и како никој да не може да сфати дека постојат закони, процедури и протокли. Со 150-200.000 евра не решаваме ама баш ништо на државно ниво, тоа е капка во морето. Размислете колку пари се лапаат годишно од тендерчиња, за лично задоволство на одредени алчни газиња во држжавава. Не ја чепкајте Евровизија. Некаде треба и да учествуваме мајку му.
Леле секоја година истите муабети. Мене ми смачи шо ги читам, не ви смачи шо ги пишувате ко расипана касета истите зборови? Типични коментари од македонци за Евровизија буквално секоја година: Политиковизија Педеровизија Само ездеес/вмро си ги бираат за евровизија Само педери победуваат на евровизија „нормалните“ немаат шанси Grow the fuck up и научете се да критикувате музичко дело наместо артисти шо не заслужиле да ги ругате. Калиопи ми е одвратна и како личност и е политички избрана неколку пати, па не квичам за тоа оти црно и бело е ремек дело шо требало да се пласира многу повисоко. Дона не, лоша песна.
Се штo е меѓунaрoднo меѓудржaвнo имa зaгaрaнтирaнa гледaнoст, брoјките се згoлемувaaт пoрaди дoстaпнoстa и вклучувaњетo нa другите држaви, oд пред некoлку гoдини мнoгу се реклaмирa вo aмерикa, не е дaлеку и aмерикa дa се вклучи. Сите се чудaт зoштo и други рaбoти се гледaaт a oдгoвoрoт е сеир.
Кaлиoпи имaше нaјдoбри нaстaпи oд Мaкедoнијa зaеднo сo Кaрoлинa пa и Влaдo Јaневски, плaсмaните немaaт врскa.
Иначе видов дека Белгија ги пуштаат Hooverphonic. Се прерадував затоа што многу сум емотивно врзана за песнава Само добра песна да направат и ќе ја имаат мојата поддршка. Интересно ми е како никад не сум пратела Евровизија, онака само низ годините се до лани кога стварно настапивме со квалитет. Сеа и вести читам за тоа, не се препознавам @staycalm имаш ли некој фаворит, знам ти следиш ова све. @RainBow да се направи темава општо за Евровизија да не е подобро? Да можеме и други земји да коментираме.
На Владо му фалеше финансиска поддршка. Самиот кажа дека бил одбиен од државата. Немала владата пари да му помогне. Костумите сами ги купувале. Каролина ми се допадна вториот пат. Калиопи првиот пат.
На добар пат сме. Геј е детето, правец Евровизија. Веќе ни е загарантирано трето или второ место, ама ако до Евровизија смени пол и пушти брадичка, гарант сме на врвот. Па видете само колку славна стана "французинката" и да не набројувам пред неа. Не знам што му се случило толку трагично, не следам неважни вести ама каква врска има тоа со неговиот евровизиски настап, негово враќање во Македонија. Јас само марионка ја паметам и сеуште ми е дел од репертоарот со домашните журки. Секогаш ми беше комично гласчето и дури сега кога дознавам дека е геј ми има некоја логика. Го форсирале од млади години. Уаууу имал гласче чоекот, пеел опери и што ти не. Друг никој не пее опери од Македонија, алелуја го пронајдовме, ако не беше така ќе требаше да го измислиме. Не дека очекувам некој фер избор за претставник на Евровизија, туку од година во година се поголема циркузијада се прави од ова. Никого не цитирав, не си земајте при срце.
Кaкo минaт гoдиниве се мислaм декa Влaдo е килoметри нaд другите, и тoa нaјдoбрите пo мене беa нa мaкедoнски испеaни. Кaкo тргнa се нa стрaнски гoдиниве сегa пa нaјмaлку oчекувaм дa биде нa мaкедoнски.
Некоја песна да искочила или рано е уште? Јас само видов претставници не видов дали и песни искочиле.
Само Албанската песна е излезена моментално, од неколку држави има претставници без песни. Албанската ми е океј, ама само океј. Имаше многу подобра. Дарко Димитров и Лазар Цветковски се композитори. Ги следам националните натпревари , моментално сакам во Латвија Саманта Тина да победи или Katrina Dimanta - Heart Beats Белгија ми е океј избор се согласувам со тебе за hooverphonic. Србија ми се слаби кандидати за беовизија ама уште не се излезени песните. За месец треба да почнат многу држави со објавување песни.
И да си се надоврзам уште мааалкуцка само на претходниот коментар, зошто предлозите за пренамена на парите што се даваат за Евровизија од секогаш ми биле трн во око и не ги поднесувам. А зошто никој не рече да се пренаменат парите што ги вложуваме во спорт, односно парите за праќање спортисти на натпревари од европски и светски карактер? Епа на пример ако некој сака спорт, па на друг па не му е важен, ама сака музика на пример. И тоа и тоа е за забава.
Албанката лепојка, кукла, добар вокал, ама не ми се допаѓа песната баш многу многу, просек, но може да ми легне по повеќе слушања. Оваа Латвијкава исто, глас и стас, стилов ми е како со помнат рок да е песнава (иако има песни со поминат рок кои сум ги бендисувала многу), овој стил не ми се допаѓа. Фала за споделувањето
При секоја културна манифестација во земјава, на површина испливува некултурата на народов смешен. Исто и неписменоста. Не може ништо да помине од забавен карактер,а да не се споменуваат болни деца, сиромашни семејства, болници,улици и сл. Буџетска распределба, сте чуле? Едното не го исклучува другото. Можам да гарантирам дека вие што сте најгласни по овие бесмислици, 100 денари немате донирано никаде, никогаш. Ај жалете у тишина.
Не се препирајте за глупости, поентата е дека глупави се повиците за пренамена на средствата. Јас не сакам спорт и не гледам, ама не викам пренаменете ги парите за друго. Исто важи и за тие што не сакаат Евровизија, нека не гледаат и нека ги остават тие што сакаат да гледаат. Замисли, на 1ви јануари читам коментар, кој гласеше некако вака, ‘‘зошто се даваат пари за пренос на новогодишниот концерт на Виенска Филхармонија, си имаме ние наша Македонска Филхармонија да слушаме, пренаменете ги парите‘‘ крајот еј! Па да ја затвориме државава и да не излегуваме од неа, да се затупиме, да не видиме ништо од светов и никој да не не гледа. Нели преминува ова во идиотизам веќе луѓе? Јас лично а и моето семејство, нам утрото на 1ви јануари ни е празник во куќа со тој концерт, тоа ми е најубавиот фамилиријарен ден во годината, епа и тоа некому му засмета. Абе оваа демократија отиде предалеку ми се чини.
Треба да се вложува во македонската музика. Не останаа пејачи кај нас. Со исклучок на горенаведените.
Hooverphonic се светски познат бенд со турнеи насекаде, зарем е дозволено да учествуваат на Евровизија? Чудно ми дојде. Да знам од сега да спремам 50 гласа за нив. ПС Видов дека Украина ќе земе учество оваа година, дали има шанси да ја пратат Марув годинава? Покрај скандалот што се деси лани.