Можам да се сложам за ова, патем познавам дечко кој е геј, потекнува од просечно македонско семејство и има просечна работа. Меѓутоа последниве 5 6 години оди на секој евровизиски настап, значи не само таа вечер него од почеток до крај и пробно кога е и полуфинале, финале. Тоа се огромни пари. Настрана тоа што во текот на годината што го врти светот неколку пати. Па богаташи не можат толку да си дозволат. И сетоа тоа е мистериозно. Така да се сложувам со тебе и со мислењето на @Tanjamm И да додадам немам ништо против Васил, пошто од претходно му преслушував песни и читав нешто за историјата. Ако голем дел од народот не е упатен за него не значи дека не го бива. Типот поголем дел од животот го минал надвор од Мк..
Евровизија ја следи голем дел од геј популацијата, но не е геј фестивал. Штом победија држави како Азербејџан, Украина, Русија, Летонија, Естонија, Србија каде што хомофобијата е на високо ниво, автоматски се побива фактот дека е геј фестивал. Никој не би дозволил да победат вакви држави и догодина да се организира таму геј фестивал. И самите споменавте погоре дека многу пеачи на таа карта играле и не им успеало. Потребно е добра песна, впечатлива изведба во живо, добар сценски настап и пари за сѐ тоа да се покрие. Нашите претставници се пуштени, скоро секогаш, на милост и немилост. За овогодинешниот наш претставник пишав и погоре, добар вокал, но се зависи од песната и колку МРТ ќе го одврзе ќесето.
Да, дај да не праќаме педери, шо знаат да пеат и немаат дамка, него трудни жени шо ќе ги просат и сељандури шо мењаат текст на химна и шо ќе серат за амбулантни возила. Ај сиктер.
Уствари, ај да праќаме вокал и песна, а приватниот живот и карактерот да ги оставиме на страна. Може?
Лоба како појава ми е ептен убава и пријатна и стварно е впечатлива, ама не сум сигурна дека е баш толку добар вокал. Некако не ме убедила, ја имам чуено во живо, за во кафич да пее, одлична е, ама толку. Eдит: А би и дала шанса, дека е убава.
Супер е продукцијата на Евровизија, не секогаш имало wow пејачи, со некоја полесна брза песна мислам дека супер би поминала и сценски настап секако што ние секоја година го немаме..
Да, токму така, а и треба секому според способностите да му се дава песна, прво песна нека одбираат па после соодветен вокал.
Ја сакам Renatta да ја пратиме. Некако светски ми се неколкуте песни што ги има.. Шознам Штета шо се повлече од музичката сцена брзо.
Васил пее одлично. Срамота е и греота да збориме дека е пратен поради било која друга причина,а да не е феноменалниот глас. Мислам дека ќе не претстави достоинствено.
https://fokus.mk/intervju-so-vasil-garvanliev-zaev-mi-reche-pej-za-svojata-zemja-a-ne-za-politika/ Еве го првото интервју околу Евровизија. Песната сеуште не е избрана.
Taa e девојката на англиски што пееше исклучиво, нешто познто ми е. Ма супер си е дечкото, вредно си работи на себе и своето претставување. Ми забоде очи тоа што Заев е ставен во фокус, а како огорчена од сите претходни, така и од овие, не ми се допаѓа ни само спомнувањето на имињата на политичарите кога се работи за уметност. Како и да е, верувам во дечково, ако им понудат добри песни и ако ја изберат правта, може многу да направи. Сепак може и најдобрата понудена да е само просечно добра, така што останува да видиме. Се надевам дека авторите не праќаат композиции само колку за заработка на некоја пара, дека навистина се потрудиле и сакаат да одат на победа. Дури и ‘‘победнички‘‘ композиции неретко остануваат во полуфиналињата, ама доброто останува да се слуша, затоа и се сложувам со Васил, не секогаш пласманот е најважен, доброто си е добро. А сепак Евровизија има еден, според мене, чуден критериум, иако никогаш не победила лоша песна, имало и подбри кои лошо поминале, тоа според мој вкус. На пример песнава ми беше омилена а не влезе ни во финале таа 2013 година Има полно песни кои вака ми се допаднале а не влегле во финале. Победничка на сите времиња ми е Лорин 2012, мислам дека е победничка меѓу победничките. Таа година никој немаше шанса покрај неа реално, затоа и си дозволија Швеѓаните да потрошат 900.000 евра за Евровизија, знаеа дека ќе победат.
Мене стварно не ми е јасно како го одделувате приватниот живот, од кариерата?! Едно е некој да е разведен, геј, алкохоличар, али некој кој со своето однесување нанесува лошо на други као на пример силувач, и него ли да го пратиме?! И не не викам дека Тамара е силувач, али жената треба затвор да лежи за тоа шо мења химна на една држава за пари. Али ок, затоа и сме вукојебина.
Химната не ја смена туку само ја скрати,allowed е тоа,од кај знаеш ти дека земала плус пари за така да ја испее? По оваа твоја теорија знаеш колку луѓе во САД требало да лежат во затвор?
Гош сериозна си? Колку амерички пејачи го имаат напраено ова, ја забораваат химната на сред интерпретирање или го менуваат редоследот на текстот, па никој не дигнал толкава фама ко што се доживеа трагично кај нас. Ја ставија на стубот на срамот ко најголем предавник за ненамерна или намерна грешка не навлегувам у тоа