ахахахахахахххаахххаха мислев му рекол пеј и не биди геј човек од некои изјави на заев ќе поверува дека има нешто против педерите а оно другарчиња и немало везе мења ставови од јутра до сутра а овај гарванот партиско полтронче
Јас се сложувам дека е грешка, башка што и' се одрази на кариерата. Колку концерти испооткажа низ Мк. Ама сеа да праиме филмови дека е нешто којзнае колку страшно па да ја бесиме на плоштад, у секој случај не е. @Abeja Не знам што да ти реплицирам на ова, ама ај да не речеш дека сум те игнорирал Ти се осеќаш ко помалку Македонка сеа?
Ок бе, ок. Јас еве се помирив дека не ми го пуштаат Влатче на Евровизија . Ќе му дадам шанса на Василчо. Тоа што го прочитав и слушнав за него е стварно за пофалба. Уште песната да му ја погодат и ќе навиваме за него .
Читам и се чудам кој е тој тип. Отварам во темава, читам дека и другите не го знаат. Епа супер.Нека не претстави кој сака и онака нема да победиме.
Кој сака нека пее, посекако не гледам. Нема ни потреба од вакво нешто и џабе се форсираме негде кај што не ни е местото.
Зошто сте такви бе луѓе,па значи ли тоа што не го знаете, дека не чини дечкото? 42-45 земји секоја година земаат учество на Евровизија, не е важно само да се победи, важно е да се изведе песна што ќе се слуша и доволен е успех приближен до тој лани што го постигнавме, па еднаш и ќе победиме, ќе дојде и таа година, ако има 45 земји, од прилика сите по еднаш да победат, тоа е еднаш во 45 години секој, а со оглед да Шведска стварно се труди да победува, може да речам слободно еднаш во 50 години сите останати, така да одличноо е и меѓу првите 10 да сме од време на време. Не ви ја сфаќам потребата да се вклучите во тема која не ве интерсира воопшто, само за да си истресете од ракав некое мислење кое не е ни поврзано со темата. Темата е за Евровизија и нашиот претставник, а не ‘‘Зошто ја мразите Евровизија‘‘. Тоа е исто како јас сега да одам на темата за ракометното првенство и да си истресам дека ич не сакам спорт, не гледам и мислам дека не треба да учествуваме затоа што не сме доволно добри, па да не фрламе пари. Истото е.
@RedRevolution ај не скокај и читај убаво. Се напали ептен, синкир те цитирав негде и те здавив за твое мислење. Одете соберете се на една маса сите што сте за пејачов (без разлика кој и да е) и на друга што не сте за пејачов и плукајте се меѓусебно. Реков џабе се форсираме. Ај те молам цитирај и друго мислење шо не е во контекст, оти малце ти е само мојов.
На форум сме, не треба да ме повикаш за да те цитирам, ќе цитирам кого сакам и кога сакам. Не скокам јас, ти се раскока. Точно е дека се нервирам од вакви мислења, твоето мислење е нерелевантно во темва. Нема што да одиме некаде на друго место за да разговараме за Евровизија и за Васил, си имаме тема овде, само некои ја оптоваруваат со мислења кои не се поврзани со неа и се неважни за настанот, како и за тие кои го сакаат истиот.
Прв пат прочитав тука за дечкото и сеуште не ми е јасно по кој принцип оди избирањето на претставник. Од една страна ме иритира фактот што избираат некој кој на 90% од јавноста не им е воопшто познат, ама од друга страна можеби е добро да слушнеме некој нов со оглед на тоа дека постојано истите личности ги испраќаат на Евровизија. Гледам многумина напишаа дека е доста добар и квалитетен вокал, па во тој случај се надевам дека добро ќе не претстави.
Ќе биде добро ако одберат добра песна, да не излезе како со Тоше работата само. Добар вокал а лоша песна. Даниел Кајмакоски кој имаше добра песна, може не за победа, но сосема солидна, сепак имаше ужасен сценски настап и исфалшира, па си остана во полуфиналето, а мислевме дека стекна искуство колку толку, но сме се излажёле. Јана Бурческа која е просечен вокал, имаше добра песна, стекна многу симпатии, но исто така лош сценски настап и фалшираше и она ако не се лажам. Не може на фестивал од таков ранг да очекуваме некој да гледа низ прсти, кога има толку подобри кои навистина се трудат да бидат пефектни.
Така е, секоја година истото, да се надеваме дека досега научиле нешто и дека ќе се подобрат. За сценски настап не се ни надевам, немаме ни финансиски средства за тоа, најмалку што можат е да му направат добра песна. Останува да видиме
И јас не се надевам дека ќе имаме добар настап, немаме ние пари за тоа. Ама многу добра песна, чуда прави. Ќе видиме, па ќе критиуваме.
https://www.zenskimagazin.mk/vasil-garvanliev-na-evrovizija-2020-so-pesnata-you Ми се допаѓа комбинацијава. Убаво е кога ќе бидат искористени успешни луѓе кои ги имаме низ светот, за кои не сме свесни и се заборавени. Се надевам на светски модерна мелодија, нешто поинакво каде што ќе дојдат до израз способностите на Васил. Имам позитивно чувство во врска со песната.
Не бил познат... па и Кристијан Костов од Бугарија во 2017 прв оат се појави па освои второ место со над 600 поени. Данкан Лоренс кој победе годинава исто така не беше познат, па си победе. И многу други. Како и да е, битен е тимот, битен е вокалот, ептен битен е и сценскиот настап. Затоа мислам дека обично одиме на балади или mid-tempo за да можеме да направиме некој настап во склоп со средствата, чист пример Proud. А и најчесто тој тип песни победува, 2010-2017 и 2019 победуваа балади или mid-tempо, само 2018 победи брза dance песна.