А кога пишав во другата тема дека на Евровизија се промовира геј, одма негативни критики. Очигледно нашиве пак сакаат влез во финале. Со среќа нека му е. А како да претпоставував дека ќе биде он или Антониа Гиговска.
Ме изненади дека дечково има врвно музичко образование,и во колку опери има пеено,50 главни оперски улогиниз светов. Дечково не е за потценување воопшто.
Нит видела, нит чула за човеков. Секоја година копаат некои луѓе кои скоро никој не ги знае. А, како уствари избираат? Кој како им текне излеа.
Гарантирам дека и оваа година влегуваме во финале. Само нека му направат добра песна. Да не се брукаме како години уназад. А што се однесува до непознати? На Евровизија често другите држави избираат пејачи излезени од некои музичко шоу.
Не е битно дали е познат или непознат кај нас, само песната и настапот да бидат интересни ко за на евровизија , а не нешто досадно да заспиеш гледајќи го. Ни јас не го знаев, ама сега прочепкав по интернетов и ми личи ко да го бива.
Марионка ми беше еден од хитовите на раното детство, ја обожавав песната Евровизија одамна веќе не е тоа што е, барем за мене, од година во година полоши и полоши песни Како и да е, му посакувам среќа. П.С. Сега слушнав нешто од него. Има потенцијал, се надевам дека песната и настапот ќе бидат добро склопени
Јас го знам, ама немам ништо чуено од него. Мојот став и порано го имам искажано. Ако има добар тим, ќе има и добар настап. Не е само до пејачот кој нѐ претставува.
Прв пат го гледам и слушам после Марионка. Ама има потенцијал во човеков одкако слушнав негова песна. Никогаш не ме лажел слухот за музика. Слушај една негова.... Тука ќе запишам,со добар настап,добро место ќе освои.
Незнам кој е тој... освен дека беше пратечи на Тамарче...е Прашањето е сега Тамарче ке му биде пратечи вокал ?
Искрено песнава му ја слушнав и стварно ми е некако евровизиска, мислам нешто во ваков стил да биде и со добар сценки настап.
Можеби праќање на геј претставник на евровизија е критериум кој треба државата да го исполни за влез во ЕУ и НАТО. Се смеам. Неам ништо против типот пошо не го ни знам.