Немам ништо против ЛГВТ заедницата, ама да праќаме некој ни чуен ни виден само поради тоа што е дел од таа заедница, нема поголема глупост. Зашо не идат Лозано, Калиопи, Каролина и др. кои веќе ни се познати на јавноста?
Не е важно колку е познат кај нас. Ако не па Адријана кеш кеш да ја пратиме. Не го знам ни јас, прочепкав, очигледно е дека е поткован, да оставиме да ни покаже и на нас дека стварно го бива.
Супер вокал е Васил, можам да речам подобар и од Тамара или тука некаде бар. Зависи од песната додуша, и што вика Кечо, и од тимот. Коста го пикнаа сеа у влада, спрема избори, којзнае дал ќе има време да прави ПР за на Евровизија. Нашетан, образован, опери пее и тоа пее, растура. Живее во Канада, затоа не го знаете. Греота е да се критикува ако го немате слушано како пее. Читав еднаш едно интервју, не е така препотентен и разгален како што делува, се има намачено и он низ животот. Не викам дека гејувањето нема да помогне за пласман , но да не го потценуваме, знае да пее и знае да направи hype.
И е едуциран и има одлични вокални способности, а неговата сексуална или политичка ориентација се воопшто небитни, нема тие да му ја испеат песната
Издаде неколку песни изминатите година-две, имаше летоска настапи и гостувања по емисии за промоција на новата песна, не е дека е тотален анонимус па да има до толку потреба од "кој е па овој" муабети. Мене ми е скроз океј, ако му ја погодат песната и тимот кој ќе го промовира - супер. Ако не, това је това и така.
Умее да пее, тоа е повеќе од јасно ама уште по јасно е дека таму хомосексуалноста се промовира на највисоко можно ниво. Имаме и други вокали во оваа наша Македонија и тоа какви. Кога еден Тоше Проески не направи добар пласман, овие другиве не постојат за мене!
Ај те молам наведи три факти кои посочуваст дека Васил е невоспитано, лошо дете, а воедно и ,,лингур” . (одвратен епитет, btw)
Изгледајте го видеото и ќе видите колку е едуциран и колку има поминато. Нема потреба од гуглање и "кој е па сега овој" не е дотолку непознат, туку проблемот кај нас е колективната меморија која кратко трае. Нека оди нека си ја проба среќата. Мислам дека е добар потег, доста беше впечатлив лани и луѓето го запомнија. Сепак мислам повеќе е заради играњето на картата на геј популацијата. Бидејќи тоа се покажа како доста успешно лани со Тамара. Очекувам и песната да му биде во тој стил. И да, сфатете дека Евровизија е шоу, претстава каде не победува оној со најдобри вокални способности.
Тоа е дел од агендата на илуминатите, Евреите и рептилоидите да се сузбие македонското национално ткиво!
Мислам дека вистински избор е за на евровизија. Премногу талентиран е, и пред се музички образован. Може да очекуваме да сме во првите 5. Ги има сите квалитети за да настапува на евровизија.
За ваква професија треба многу повеќе од образование и "да си нашетан". Постојат многу музичари кои книга не отвориле, а учат од слух. Пејачи кои немаат соодветно музичко образование, а се истакнале со талент. Нека му е со среќа на дечкото.
НЕ велам дека нема во Македонија некој кој што знае да пее, но Васил е навистина поткован да има квалитетен сценски настап и не гледам зошто се фативте точно за тој момент дека е хомосексуалец во стил на драг кралица. Види нешто од него и после зборувај.
И јас не знаев кој е овој , слабо ја следам музичкава сцена, ама побарав на нет да го чујам како пее. Дечково е супер вокал. А тоа дали е геј или марсовец, мене ми е тотално небитно. Кој ќе го финансира одењево на Евровизија ?
А од каде сега геј човеков? Сам кажал? Инаку глас има, пее опери, направи две песни мислам. И баш го форсираа изминатава година по тв, интервјуа, по утринските програми (јас пензионер бидејќи сум знам . Па некако претпоставив дека ќе го пратат. Играат на такви карти во последно време приказната за животот во Канада, трагедијата што му се случила, па се враќа дома. Може па и си плаќаат да оди којзнае. Од Калиопи.ништо ново не сум чула, а и стара е веќе за таму, Влатко знам дека не сака да оди. Па немаме многу избор.
А што има врска дали е геј или не? Значи Не го знам човеков, ќе ја почекам песната, па ќе искоментирам. Со среќа нека му е.