Па на таков циркуз како што е Евровизија може и треба да ја пратиме Андријана-Кеш Кеш или оние Милионерче што ја пеат Васил е одличен оперски пеач, го прошетал светов, верувам дека добро ќе настапи на сцена Сепак овој циркуз повеќе е за лична отколку за државна промоција, тоа на времетто го кажаа и Каролина и Тоше. Јас искрено се надевав дека ќе не претставува Александра Јанева, која има одличен глас, и е скромна и мила, ама ај можеби догодина ќе ја пратат( во случај да не ја пратат Антонија Гиговска) Како и да, за мене најголем неуспех од македоснка организација ми е неиспраќањето на Пеце со Суперхикс, посебно во време кога турците Атена прекрасно ја претставија својата земја, ии по мене се најдобриот изведувач на Евросонг од кога јас гледам..25години,, ваљда
Одамна зборам дека на Евровизија треба да си интересен. Геј, да се лигавиш, да плачеш, да кукаш, и др. Тоа пали. @Роберт 7 Суперхикс имаат изјавено дека не сакаат да учествуваат на таков циркус.
Не се со сдс Суперхикс. Знаеме сите дека партиски ги бираат пеачите на Евросонг. Следниве доколку дојдат на власт ќе си пратат нивни човек, во случајов Калиопи.
Сфати како сакаш. Ама ако не си интересен немаш успех. Да не беа Лорди чудовишта мислиш дека ќе победеа? Таа година најдобар беше Дима Билан. Џабе одиме на Евровизија.
Па познавајќи го лично Пеце, знам дека е ничив партиски припадник, од дете сам си ја тера музичката кариера па и кариерата на Суперхикс А, на Каљопа ( шо би рекол татко ми) доста и е, 600000 евричи лапна за два настапа, далеку од тоа дека не е добра пеачка веќе со децении
Не е ни тотален анонимус,ама не е ни многу познат. Џабе е да се игра со картите лгбт и ново/непознато. Цела Евровизија се одвива со политики. И да влеземе во финале,нема да победиме.И не ни треба,кога немаме услови за организирање.
Да, знам дека Пеце и Суперхикс си се непартиски луѓе. Исто и Џамбазов е. За други не знам, ама знам дека Каљопи е изгорена вМОРОНка. А Тамара е изгорена Северџанка (СДС). Ама јбг, тоа е. Кај нас сите живеат за партијата. Барем поголемиот дел од народот. А за пеачите да не збориме.
Јас гласав за Лорди таа година. Најдобри беа. Па после кога победи Дима Билан и за него гласав. Што знам. Може го знам победникот однапред. Ама баш за тој шѕо ќе гласам, тој победува. Претходната година не гласав, ама знаев дека Холанѓанецот ќе биде победник.
па што знам, мислам дека за 300000е по настап( толку доделува МРТВ), они што сакаш ќе станат Колку што Калиопи е вмро и Тамара сдс толку сум јас Јапонец...ама за 300000е?
и уште нешто (ми тежи на душата) Сергеј Лазарев Русија 2016 Одличен пејач, феноменален глас супер изглед-лепотан од глава до пети Прекрасна песна Најдобар сценски настап во историјата на Еуросонг ама... Победи Украинската Џамала, или незнам како се викаше, зошто? Затоа што во ек на војна помеѓу Русија и Украина ( поддржана од Еу и САД) во песната се пее за злосторствата на посебен руски одред кој 1944 правел зло дела во Украина.. Па ако ние почнеме да праќаме песни во кои се опејува геноцидот направен врз македонскиот народ со векови наназад, треба 20 години унапред да ни дадат прва награда... Затоа ме разочарува Еуросонг
И Хари Мата Хари беше добар. А Лорди не ни беа фаворити. Да ги пратевме Боки 13, Биг Мама и Ферус, ќе беше спектакл.
Навистина? Иако испеа обои ме жолто...и плаво...? А тие пари што ги зборите, 300кила, тоа за пејач во џеб се пари? Да знам пејачка да бидам ако не. Не е тоа случајно буџет за настапот, буџет со кој не можат ни ефектен визуелен сценски настап да платат? Инаку целата фама Евровозија, во други земји од Европа е толку битна колку што е Макфест во МК. Дури и повеќе ги знаат и си ги ценат локалните фестивали одколку Евровизија. Музички фестивал е, да му се сневиди, не е трговски договор што битно ќе влијае на животот на нацијата. За Васил не знаев, пред да ја видам темава, одкако прочитав, не разбирам зошто не би бил баш тој. Дечкото си ја знае работата, не е од партиски штаб излезен, по некои поголеми сцени од евровизиската прошетал, одличен глас. Сигурно нема да се збуни, и ако ништо друго, англискиот ќе му биде одличен. Каква сексуална определба има е исто толку битно, колку што на вашето работното место се битни вашите сексуални преференци. Во мојот случај тоа е небитно.
Различен вкус имаме очигледно. Мене и Хари Мата Хари ми е лигавешки А за фаворити... ние со ХХЛ бевме фаворити, така што...
Лелелее....Икс Икс Л беа хаос. Како на детска евровизија. @Роберт 7 и на мене ми е криво за Русинот. Се гледаше таа година дека е апла политика. А во 2009 не им дозволија на Грузијците да пеат слична песна. А за онаа плачката беше дозволено. Оттогаш ми се одмили Евровизија.