Ајде де Евровизија не е нешто од вчера, 20 години се шетаат со буџетски пари. Само ме нервира таа нетранспарентност, зад затворени врати некој да решава. Србите си ја задржаа традицијата на Беовизија, тој концепт требаше и кај нас да си остане. Се прави фестивал со 20 изведувачи и ние да гласаме која е најдобра песна.
Па после да кукате како и за тоа се трошат плус пари Туку не ви се смачи да хејтате хомосексуалци,сите сме исти под ова небо уште не сфативте? П.С песната од Лордите беше врв,уште си ја слушам,не победија зашто биле чудовишта
Кој хејта хомосексуалци? Немам ништо против дечкото нека си биде што сака, ова го зборам 5,6 години уназад од кога го сменија начинот на избирање . Сакам јас (ние) да решам кој ќе ме претставува а не таму некоја сомнителна комисија зад затворени врати. Поарно пари на фестивали да се трошат него на патни трошкови ако веќе ме влечеш за јазик.
Нека се местат, подобро да се поттикнат композиториве да пишуваат песни и да се промовираат него овој начин на избирање.
А дојде моментот Евровизија како фатени се во рацете. Не знаат саглам песна да направат. Дали 5 пати сме пратиле добри песни.
Мислам дека се прекина со избор на народот од кога Лоба местеше гласови за да победи и да ја пратат на Евровизија. Инаку и јас не знаев за Васил се' до минатата година. Читнав и јас нешто такво дека имал преку 50 настапи низ светот, што значи дечкото си има квалитет. Сега баш ќе прочепкам уште малку, ама верувам дека штом има глас да пее опера може да пее и што сака друго. Со добра песна и сценски настап може многу да направи.
Само првата реченица беше за тебе затоа и ти се надоврзав на коментарот,не се пали,а ако се дадат за фестивали демек нема да се дадат плус за патни трошоци? Секако.Крајот не ви се фаќа.
Србите паметно постапија. Видоа дека претставниците избрани зад затворени врати немаат некој голем успех, па го вратија изборот на Беовизија. Или да се повлечеме или пауза некоја година. Кога ќе ја објават песната на Васил?
Коментарот не беше гласовен,како го изсенса тонот? Немав таква намера,ама пошо не си пишал дека е геј валда требаше да сфатиш дека тој дел од коментарот не е за тебе,за ова другото дека ќе мрчите за пари трошење за изборот уште стојам,секогаш од нешто не сме задоволни.
Нема везе, парите ќе се потрошат на овој или оној начин. Ама кога веќе се организира барем да го направиме ко што личи а не вака шверцерски. Не мрчам веќе, пак ќе си навивам за Василчо како и да е. Нека му направат убава песна и топ 10 ќе бидеме у секој случај
Сега го изгледав интервјуто што сте го постирале погоре,се намачило детето,греота,ме насолзи,не сум Евровизија фан ама ова ќе го следам баш,се заинтересирав за Василчо.
Ај може и ќе пуштиме некад некој на Евровизија и ќе коментираме дали ја бива или не песната без притоа да мешаме ВМРО, СДСМ, сексуална ориентација, името, илуминати, масони и триста други глупости.
Затоа и пишав за Тоше. Феноменален вокал, ама песната беше утка. Васил убаво пее. Квалитетна песна и ќе биде добар пакет. На Евровизија да ја гледаат песната, а не дали некој е геј, дали некој плаче, дали изведува циркузи, и сл. И нека ја баталат политиката. Често погледнувам снимки од постарите Евровизии. Ова сега е нула во споредба со тие.
Taња да, геј е. Ама што има врска тоа? Евровизија е пандан на lgbt популацијата веќе децении наназад. Ништо ново и неочекувано. Единствено што е важно е да ги исполнува критериумите за настап, а ги исполнува. Од дете се занимава со музика, има солиден глас, бројни настапи и искуства. Башка секси е, (не дека е тоа must aма ете да се спомне).
Џокац, и во Србија го тераат истиот принцип како овде со избор зад затворени врати. Јавните гласови од публиката и гледачите се фалш пандани. Освен тоа, кај нив е бетер, зошто и од Беовизија перат пари..Кај нас барем поштено не се замара народ. Кај кого се падне паричето тој иде.