Искрено немам ништо против човеков, ја слушнав "Ѓердан" и искрено очекував некоја тралалајка, но се изненадив, мене песничето ми е супер. Се гледа дека има музичко знаење и видов колку добро пее опери. Не знам и не коментирам на кој начин е избран, сепак нека му е со среќа. Барем да имаше фестивал како на пример "Санремо" преку кој ќе можевме да избираме кој ќе не претставува, но и таму има местенки и не е се розово. Доста беше муабет ќе речам уште еднаш ако има добра песна и добар настап кој ќе е запаметен може да се надеваме на добар пласман. Со среќа нека му е.
Последните неколку години ЛГБТ имаат многу привилегии. Лобито работи. Пример на Балканот, има неколку писатели, кои се членови на ЛГБТ заедница, повикуваат да се излезе на геј парада, излегуваат, парадираат, а секаде се привилегирани, добиваат стипендии, патувања во странство, примовираат книги, иако имаат можеби само по едвај 2-3 книги. Доминираат и се привилегирани. Се држат и лобираат едни за други. Има и некои наши автори во тој кош. Лобираат едни за други, добиваат пари од фондови, странски организации. Се е профит.
Не ме сфати. Си лобираат едни за други, односно заземаат нечие место, само затоа што ЛГБТ од Балканот се поврзале во клан, и се спријателиле, па и по таа линија се знаат. Пример се даваат пари од странски фондови за превод, босанска од ЛГБТ лобира за Македонец, кој е ЛГБТ, и обратно, тој и враќа со противуслуга на исти начин. Така оние кои не се ЛГБТ се настрана и се дискриминирани. Тие нема да добијат пари само затоа што не се пријатели на некој од ЛГБТ, кој патем одлучува каде ќе одат парите.
Имав лани едно мислење, пак е appropriate за годинава. Гот разочара, panta rhei, се тече - се се менува, само мајндсетот на македончето не У последнава декада победници се само 2ца лгбт луѓе, ама лобитоооооооо.
5 страни се испишани на темава, има и песни негови постирано, и интервјуто кајшто објаснува зошто биле протерани од Америка. Не е тешко да се преслуша, и поучно е. Очигледно животот не му бил мед и млеко ама па тоа го направило силен. За тоа ЛГБТ што лобирање за друг ЛГБТ припадник, ќе беше поинаку ако беа стрејт? Секогаш имало пријателства кои така функционираат на тие простори, и во сите сфери на животот. Тоа нема врска со конкретниов пејач, така што не мешајте баби и жаби. Од тоа што видов и чув, дечкото е сосем во ред, ниту се огрешил пред државата, ниту скандал направил за да го хејтате. Сега уште еден хејт да удрите зошто се вратил во мк од странство, да го краде лебот на некои заслужни патриоти и таман ќе биде
Пошто јас сум слаб и животот ми течел мед и млеко васе ми треба да ме поучи пак не научив за што бил протеран, нејсе подобро нека не знам. Интервју во мак магазинчиња ќе гледам едино ако имаат ексклузива со мајкл џексон од другиот свет северџански “ѕвезди' не фала
Сексуалната ориентација играше улога пред неколку години кога само еден јавно си кажуваше дека е геј. Лани повеќе queer учесници имаше, отколку стрејт, па не биднаа сите победници. Славко од Црна Гора пред некоја година не ни влезе во финале. И дали некој пиша дека настапот на Сергеј бил подобар на Лорди?
Она кога бацето твој конечно ќе се качи на власт, па ти се враќаш од Америка, јер сеа имаш врски за да те пратат на најголемото музичко достигнуче за нас... "избран" си за претставник на Шитвизија.
Лозано има пеено со Есма. Империја му наиде на остри критики, па ја сменија во 5 до 12. Еден од полошите наши настапи, заедно со тој на ХХЛ во 2000 и легендарното за да го потсетаааам. Јас иако немав чуено досега за Васил, според неколкуве песни на Јутуб мислам добро ќе се претстави.
Аман па и вие, направивте демек Тамара се појави на Евровизија и одма зема петто место. Ами кога пееше со Врчак и Адријан? Ами кога беше бек вокал на Тоше и Тијана? Не се рачуна? На Лозано за Есма му се фативте... Ќе се смени власта, па ќе ги пуштиме пак и Next Time , полека... така функционираат нештата тука. А Лозано кој знае дали ќе дочека уште една Евровизија .
Деке ќе пее пак тешко. Истрауматизиран е изгледа од тогаш. Не дека имам нешто против него, добро пее, ама утка направија таа година со песната. А некст тајм ако ги пратат пак, има да бидат првите на евровизија со коњ на сцена што ќе настапат.
Не бе 5то, таа година не ни влеговме во финале, уствари исто како и повеќето години кога сме настапувале.