Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2020

Дискусија во 'Музика' започната од didisi, 15 јануари 2020.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    И ја не сум фан на Лозано, никогаш не сум ни била.

    Топ пее ама целиов пакет ми е некако.. ноуп.

    Па кога видов дека и по свадби пее последно... :tmi:

    Као, шо знам, треба некое ниво да држиш ако веќе сакаш да правиш меѓународна кариера. Замисли ја Калиопи како свадбарска певачица, не иде.

    I don't judge за свадбиве, ако јадам бурек сега, мора да се јаде и да се платат сметки. Тешко нив ако чекаат да продадат албуми :)

    Ист како Даниел Кајмаковски ми е. Баш таква бранша пејач ми е. Сасвим ок, ама ништо фамозно за да го пуштам да го слушам у слободно време. Спотовите исти - трчаат женски, слоу моушн, базени, палми, бели чаршафи летаат, некој е разорачан и така, проџе дан. :D

    Мој совет, да се преориентираат кон дијаспората. Мили фаци се, фино пеат, баш тамаМ за Македончето да се весели, ќе им лепат бакшиши. Најсериозна сум со последниов дел.
     
    На Lolipop23, duffi, Mr. Right и 14 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Па баш тоа е поентата. Да не правиш напори а да се издвојуваш. И не мора да си геј или јавна личност за да ова се однесува на тебе. Едноставно некои луѓе ја имаат таа искра во себе, без разлика на потекло, занимање, ориентација.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    60.028
    Пол:
    Женски
    Абе lepotitsi, вие хомофобичниве на темава оти гледате Евровизија кога е плејада на педери? Значи имате off копче на далечинскиот управувач, слободно не ја гледајте.

    Државава издвојува доволно пари да финансира секаков тип на музика, имате Ѕвезде Гранда, гледајте си тоа, таму нема гејови. Евровизија е платформа која промовира acceptance, сакале вие или не.

    И мене не ми се свиѓа кога по 100.000 евра се даваат за ѕвезди кои не ги слушам, па толку е едноставно - не идам на концерт. Не гледам пренос.

    Отроф, ама најсериозно.
     
    На irrelevant, Stressed Out, ane.bella и 10 други им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Стоунд другари више нисмо, Влатче ми го хејташ тука на велико:yawn: Нема везе имањето или немањето, нашиов пазар е толку шит што освен есктра таленти (ко Тоше) други не можат да успеат колку и да се талентирани.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Каде прочита дека некој е против тоа да има геј на Евровизија?

    @John Snow а кои пејачи останаа кај нас? Кој и да пратиме на нас ни е џабе.
     
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.401
    Допаѓања:
    60.028
    Пол:
    Женски
    Повеќе од половина коментари во темава се коментари дека единствено зошто е пратен и дека клучот за неговиот успех е дека е геј. Навистина ми е чудно како не толерирате нешто што е различно од вас и од вашата комфор зона. Лани пееше Тамара, изведувач за кој лично немав некое превисоко мислење. Пееше за тема која мене ми е толку далечна - мајчинство и колку е горда на својата ќерка. Сосема спротивно од моја комфор зона.

    Пееше за семејни вредности, па пак прва навивав лани за неа, на темата бевме повеќе членови кои се радувавме на успехот. Тамара уште една уно карта извлече и зеде прво место од жири, а замисли не е геј, пее за фамилија и за детето нејзино.

    Јас не знам дали ќе ми се допадне песната што ќе ја спреми или не. Ама во никој случај нема да му го вадам тука приватниот живот и тоа да го користам како арсенал против него. Или ќе ми се свиѓа песната - или нема.

    И така е со сите што ќе ги пратиме на шоуто, без разлика дали стрејт, геј, вмро, сдсм, христијанин, телемит или мормон. Пошто тоа нема врска со тоа како ќе испее и колку ќе допре песната до публиката.
     
    На Stressed Out, staycalm, Annath и 9 други им се допаѓа ова.
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Јасно е како ден зошто Тамара беше прва од жири. Да не се правиме будали. Не дека песната не беше ок. И си стојам на фактот дека на Евровизија треба да си интересен.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Прашање на вкус. За мене кока колата е најдобра. И Влатче ми е најдобар во МКД.
    Ти може на прилепска газоза се палиш од друга страна...сите сме различни.

    Па тоа беше де поентата. Дека Гарванлиев ништо посебно не направил за да се издвои од толпата. Јас воопшто не сум хомофобична, мнозинството коментари тука беа дека имаме загарантирано финале и годинава затоа што е геј човеков.
    Никад нема да си влезиме во ЕУ со вакви неандерталски размислувања.
     
    На Billy Idol и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Одамна е опаднат квалитетот на Евровизија. Демек немало политика. Жими мајка. Паметни се Турците што се повлекоа.
     
  10. Bengal tiger

    Bengal tiger Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl:(highfive)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Јас вчера разбрав и бев затекната со иборот, прво не знаев за кого станува збор, некој Васил, кој е тој па сега, си реков.

    Провртев неколку интервјуа на јутуб со него и разбрав дека е пејач со исклучителен потенцијал, пее и опера, поп и етно музика. Многу ми се допадна. Плус дечкото не е статичен, знае и да танцува на сцена, едноставно одличен е.

    Двете достапни песни (од вкупно три) ги слушнав, двете ми се допаднаа, посебно ‘‘Ѓердан‘‘ и мислам дека тоа е стилот кој би успеал на Евровизија, сакаат тие европјаните да слушаат песни со етно елементи од балканот.

    Лоши коментари само од нашинци се изначитав, се нешто има што му прави незадоволство на нашиот народ, аман веќе од негативци на кои ништо не им се погодува. Дечкото е одличен.

    За коментарите за тоа дека бил геј и затоа не треба да оди, или дека затоа не го сакаат (а и не ни знаеме и не треба ни да не интересира дали е геј или не), само ќе кажам дека тој што обрнува внимание на тоа и што критериум за ‘‘добро‘‘ и ‘‘прифатливо‘‘ му е стрејт, за мене е тотално неважен и на едно ниско ниво, човек затупен и некој чие мислење е нерелевантно поради глупавоста и заостанатоста.

    Се на се, многу сум задоволна од изборот, токму такви малку знајни имиња се праќаат на Евровизија, ретко која од големите европски држави пратила веќе добро познато име на тој фестивал, поентата е и да се откриваат нови таленти.

    Му посакувам успешна кариера на Васил Гарванлиев и да не радува со одличен настап во мај на Евровизија. (fingers)
     
    На duffi, Stressed Out, Billy Idol и 13 други им се допаѓа ова.
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    @RedRevolution и да пратат докажан пејач не е гаранција за успех. Некои ни во финале не влегоа.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Машки
    Прошлите години бевме поделени дали се избрани правите кандидати или не,
    оваа година мислам сите имаме исто мислење... кој е овој?
     
    На fana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Па да, токму така, дури и Мадона да реши да се појави за Македонија на Евровиија не е гаранција за успех, лани добро и се изнасмеа цела Европа и коментарите беа во стилот ‘‘треба да се засрами од тие што интерпретираа пред неа таа вечер‘‘.

    Баш и некој непознат или помалку познат пејач може да не изненади позиивно и да направи неочекуван успех на Евровизија. Важно е дека Васил има извонредни гласовни можности, позитивен лик е, уште да му направат убава песна, да вложат во сценскиот настап и имаме топ10. А топ10 е голем успех, сепак се натпреваруваат 40тина земји.
     
    Последна измена: 17 јануари 2020
    На Purplelilac и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    И јас не знаев ама за пола саат разбрав дека се работи за Васил Гарванлиев, слаткото дете што ја пееше познатата ‘‘Марионка‘‘ од нашето детство, пораснат и изграден во една позитивна и пријатна личност за слушање и гледање, човек со одлични гласовни способности и огромен потенцијал за градење на успешна кариера. Што сакате повеќе?
     
    На duffi, staycalm, Purplelilac и 4 други им се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    36.103
    Пол:
    Женски
    Хахаха. Во право си за Мадона. Дури и презентерката на гласовите ма Холандија искоментира за нејизното пеење. Мислам дека и детето што пееше за Бугарија во 2017 е излезено од некое шоу.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Тoлку не ме зaнимa штo ме мрзи и иметo дa гo нaпишaм нa јутуб дa видaм кoј е и штo е. Штo и дaл нa Мк oд уметнички aспект дa зaслужи дa се трoшaт пaри нa негo? Пеел, твoрел, нaстaпувaл? Или еднoстaвнo се врзaл сo прaвите луѓе?
     
    На fana и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  18. RedRevolution

    RedRevolution Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    1.333
    Допаѓања:
    3.454
    Пол:
    Женски
    Не се трошат пари за него, се трошат пари за претставување на нашата република на европски фестивал. Да не се повторувам, скоро сите праќаат безимени на Евровизија, па никој не негодува за тоа.

    И ако не те занима баш до толку, тогаш како коментираш, што пеел, творел и каде настапувал, не те разбирам?

    Јас на пример деновиве дознав кои се Антонија Гиговска и Александра Јанева и тоа затоа што беа едни од потенцијалните за праќање на Евровизија, па побарв на јутуб да ги видам и чујам кои се. Тоа што јас не ги знам, не ги прави лоши.
     
    Последна измена: 17 јануари 2020
    На Ambitious и Stressed Out им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    На сите прашања да, низ Европа. Сосем солиден вокал, некој низ страниците стави видео со неговите live настапи каде звучи навистина одлично.

    Другите што сте се фатиле со геј лобито?
    Добро утро 1963!

    Вие не знаете дека со конвенциите по индустријализацијата во западно европските земји нај гигантските корпорации и шоу бизниси се контролирани од хомосексуалци?

    Сериозно ова ви е новост, која мислите дека се случува само последнава деценија?
    Али убаво викаат, колку помалку знаеш толку си по богат со апсурд.

    Или у шеес друга кога педерите беа in cover, поише ви чинеа? :D
     
    Последна измена: 17 јануари 2020
    На M.B., Stressed Out, staycalm и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.160
    Допаѓања:
    49.321
    Пол:
    Женски
    Кој е Васил :wasntme:
    Never heard about him
     
    На shz и SummerGirl им се допаѓа ова.