Тоа е нефер, треба да се лобира за квалитет, а не за некој што припаѓа на ЛГБТ заедница. Тотално нефер. Затоа Балканот е таму каде што е, а и Македонија, дупка.
Ај престанете да кењате многу Васил е Ок дечко ,фин,културен , добар вокал , долго време беше надвор од државава и итн И ДА ! По сексуална орентација е хомосексуалец , но во душа е добар човек ,што за некои е обратно !! Среќно Васе на Евровизија
Нема тема во која типичното Македонче нема да ја вмеша хомосексуалноста, иако можеби нема никаква врска со темата in the first place. Ај пораснете еднаш, досадни станавте со хомофобијава. Човеков не го знам, од тука прв пат дознав за него, ама му давам шанса да се покажи. Само затоа што е "поразличен" не значи дека не вреди. Се надевам ќе направи настап со кој ќе се гордееме.
Mмогу е битно каква песна ке му направат и каков сценски настап ке има, иначе да не е само балада. Веќе кога даваат пари нека направат добра брза песна ,да не бидат само така пратени да ги видат. Инаку вокално е добар и треба до израз гласот да биде.
Го изгледав интервјуто со Васил и навистина дечково многу лоши нешта минал во животот, а позитивноста и насмевката си ги задржал што е за секоја пофалба. Воедно каде се' не бил и каде се' го препознале како квалитет. Има многу што да каже дечково и верувам дека на сцена ќе растури затоа што се гледа дека е енергичен и со страст и љубов си ја работи професијата. Ги ислушав и песните „Ѓердан“ и „Патувам“, етно елементи и оперско пеење во едната, забавен ритам на другата. Сосема солидни за мој слух.
Што толку се возбудувате? Некој го навреди дечкото? Или немате друга намера па ќе провоцирате овде? И Тоше кога требаше да оди на Евровизија го исповреѓаа на различни начини. Мене не ме интересира дали е геј. Битна ми е песната. А дека главните од ЕБУ сакаат да стават нешто до знаење, тоа е факт. Чекам ждрепка да видам со кои држави ќе бидеме во полуфинале.
Нема врска што е геј, и Елтон Џон е геј па прави добра музика. Овој дечко Гарванлиев е антипатичен, има во него нешто што иритира и заради тоа му бараат мани. Песните се под просекот како и цела македонска музичка продукција. Мене ми смета шо лошо се претставува во спотовите, се форсира како танчар а има смешни покрети и дебели нозе што не е добар атрибут за таа улога. Тоа какво мислење има некој за хомосексуалноста е лично право и нема што да се мешате ниту е темата за таква намена. Поздрав.
Го слушнав и го изгледав тоа интервјуто. Песните му се сосема добри. Има направено одличен микс со опера и етно мелос. И во лајвот се гледаат елементи од опера. Одличен глас има и одлични вокални способности. Дали е за на Евровизија? Да, според мене. Без разлика на тоа дали е геј или не, човекот е полн пакет за едно овакво натпреварување почнувајќи од глас, до сценски настап, до интернационална кариера. Е сега знаеме дека кај нас се е политика и дека се форсираат одредени ликови. Годинава тоа е Васил, кој ете, ќе му се даде шанса да биде на широко виден и да му се потпомогне со градењето на кариерата. Дали ова ќе го искористи и колку, зависи од самиот него и од песната. Пласманот и онака е одамна небитен, битното е колку ќе биде забележан и какви реакции ќе добие од публиката. На тоа колку ние немаме пејачи овде и колку нашиве пејачи не творат, а и оние кои што твореле кога биле на Евровизија не направиле никаков позначаен успех, зошто и да не се проба со некој кој не е толку популарен? Превише внимание оддавате за еден оваков небитен настан како Евровизија. Фестивалов не е ништо повеќе од лична афирмација и треба да го гледате како забавен, а не од компетициски карактер.
Не гледам ништо спорно во тоа што една маргинализирана (а и бајаги шиканирана кај нас) група лобира и се залага за своите членови. Ако стварно мислиш дека имаат привилегии, зачлени се, сигурно не тестираат кој е што, верувам ќе те примат на драга воља. И после користи ги сите бенефиции што им следуваат.
Очекувам ваков настап на Македонија на евровизија 2020, буквално ист: Тешко на дечкото кога ќе се врати пак ќе ја напушти земјата. Глас ангел, образование колку цела држава пеачи али сценски ќе се утепа. Да видиме дали Ванѓа уште е на моја страна за Евровизија
Тешко него ако има песна како на Славко Калезиќ. Е тек тогаш ќе има линчување. Поарно некоја балада да пее. Секогаш правиме утки околу сценскиот настап.
Zoshto ogromna suma na pari da ja izgubime??? Nadezh za nas nema ni Vasil ni Tamara smenija neshto.... Parite da se namenat na bolnici renoviranje gladnitebda se nahranat da se najdi pari za bolnite,a ne da sobirame so poraki so humanitarni koncerti...Evrovizijava e edno golemo nishto (spored mene i ne ja ni gledam )
Еврoвизијa е сaмo еднa скaпa непoтребнa реклaмa, мaлку не вaлкaa кaкo фирoмјaни уште требa, вaжнo дa немa пaри зa вистински реклaми кoи ги укинaa кao непoтребни...
за дебелите нозе не можам да не прокоментирам. Сесро си видела ти Лизо со прекумерна тежина какви сценски настапи праи? Свесна си дека игра 10 пати боље од тебе, гарант? Мислам, у реду е знам дека у 1980 на сцена играле само тие шо имаат тенки ножиња ама среќа 2020 сме, секој може да научи да игра ако сака и вложи труд у тоа.
Повеќе би рекла Политиковизија. А интересно е што секоја година гледаноста е се поголема. Ај што ќе пее Васил...се знае дали ќе има придружба на сцена?