Е на форум полн со жени, уште да нема отворено тема за ватерполо и ватерполисти( ) мене ми е многу чудно. Да не го ''тупам'', ватерполо - спорт кој вклучува пливање и ракомет, учествуваат 2 екипи со по 6 играчи и еден голман. Се појавил некаде околу 1900 година, и така натаму.. Девојки колку сте запознаени со македонската ватерполо репрезентација? Можеби имаме некој згоден дечко од репрезентацијата на форумов? Најтвокер? Мистери? Којзнае. (Тука ги фалам нашите дечки, да знаете xD ) Омилен ватерполист? Јас им имам фрлено око на србите. http://www.facebook.com/pages/Vaterpoli ... 201?ref=ts Εnjoy!
Не сум многу по ватерполото, имам гледано само еднаш и тоа кога од школо ни организираа да навиваме на Олимписки сега кога играа македонија - франција. Интересно е, ама не ме влече којзнае колку.
Јас сакам само да кажам дека многу им е напорен животот нив со сите тие тренинзи: сабаје и навечер (мислам дека се секој ден). Плус, не е лесен спорт, нон стоп во вода, па риба да се ќе ти се смачит. Никогаш не сум пратела на телевизија. Ама имам еден познаник што е во репрезентацијата и едно тело шо имааааааат... мх мх!
Kако денешната утакмица, а? Ммммммммммммммммммммммммммммммилинааа!!! Ај така да продолжат нашите и утре, на јужните соседи да им ги начукаат толку голови како на Турција.
Ги гледав преска. Не мрднаа кутрите Турци. Алал да им е на момците. Утре со циганите играат. Нека им е со среќа, па уште една победа да нанижаат.
Браво момци, честитки, само да редите победи, успеси и да го фаворизирате спортов. Медала да чекаме од Холандија? Така? А утре охохохохо ломови, ќе ги мачкаме, како и што ги мачкавме во светската лига!
Грците се исплашија од Македонија Грција го откажа утрешниот пренос од мечот меѓу Македонија и Грција во рамките на Европското Првенство во ватерполо поради страв од пораз, дознава Курир. Откако денес македонските ватерполисти буквално ја „удавија“ Турција совладувајќи ја со 16:4, Грците очигледно се исплашија и го откажаа преносот од мечот кој ќе започне утре во 13 часот. Доколку Грците толку се плашат да играат против Македонија, тогаш не мора да откажуваат преноси од натпревари, можеби ќе биде најдобро за нив воопшто и да не играат Во македонскиот тим во победата над Турција денеска најефикасни беа Мирослав Ранџиќ и Борис Летицфа со по 4 гола. По настапите во Малага, Шпанија (200 и Загреб, Хрватска (2010), ватерполо репрезентацијата на Македонија трет пат настапува на 30-тиот континентален Европски шампионат, кој ќе се одржува до 29 јануари. Со пласман меѓу шесте најдобри репрезентации, Македонија може да се надева на пласман на Олимписките игри во Лондон или настап во квалификациите за Олимпијадата.
Браво бе, нека ни тргне спортов, редно е да блесне спортскиот дух. Ајдееее наши, можете вие Па да даде господ, во многу спортови да настапиме на ОИ Лондон 2012, а не како секоја година 10-15 луѓе
И мене ме фаќа страв, еве гледам сега минути се во прашање... :/ Во секој случај имам верба барем за изедначување.. P.s. Колку колку е? Ми се расипа телевиорот -.-
Победија не’ циганите со 10:6 . Слаба игра покажаа денеска нашиве. Беа под притисок. Наредни се Италија и Унгарија, плашат ме они, јаки се.