1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ватерполо

Дискусија во 'Спорт' започната од Angelche, 19 ноември 2011.

  1. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Кај најдовте бе од грците да изгубите пффффф ништо вака не прајме :tmi:
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Абе со сите да изгубеа, ама грците да ги победеа.
     
  3. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    И од Брег на Слонова Коска да беше, пораз е пораз...
    Само на крајот заиграа онака како што навистина знаат и умеат, претходно изгледа психолошкиот притисок и грч си го правеа своето... Последната минута и пол дадовме три од вкупно шест гола.
    Само нека ги понесе тоа во следниот натпревар, и верувам во позитивен исход.
    МАКЕДОНИЈА!!!
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Повлекувам го претходното мислење дека биле под притисок. Политика стое позади ова. Во оваа репрезентација играат повеќе срби, а знаеме колку се сакаат со грците, затоа дозволија да не’ победат. А за вчерашниот натпревар иста беше ситуацијата, Србија и Турција не се баш поднесуваат, затоа им дадоа 16, а преска на циганите само 6. Пфф, не разбираме ние.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Покрај ракометарите и кошаркарите уште еден екипен спорт од Македонија добива квалификациски турнир за ОИ.Пливачката Федерација на Македонија денеска официјално го потврди учеството на Македонската ватерполо репрезентација на квалификациониот турнир за Олимпијадата 2012 во Лондон. Квалификацискиот турнир ќе се одржи во Едмонтон, Канада, од 1-ви до 8-ми Април.
    Извлекувањето на групите ќе се одржи на 19-ти Февруари во Лондон, Велика Британија.

    Причината е што Нов Зеланд се откажал од натпреварувањево, па Македонија ја доби можноста.
    Со среќа нека им е на момциве.
    Абе срце ми се полни што имаме годинава ваква можност :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Smilly, esperanca, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.700
    Се надевам дека ќе се покажат повеќе од сега во Ајндховен :D
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    Ватерполистите сепак кинисаа по олимписка виза

    По неколкудневна неизвесност поради немање пари и со еден ден задоцнување македонските ватерполисти заминаа за Канада, кадешто ќе се борат за пласман на Олимпијада!

    Македонската ватерполо репрезентација, сепак, ќе настапи на олимпискиот квалификациски турнир што од 1 до 8 април ќе се одржи во Едмонтон, Канада.
    По неколкудневна неизвесност поради необезбедените финансиски средства и со еден ден задоцнување, изутрината националниот тим од Белград замина за Канада, каде што од недела ќе ја почне битката за пласман на Олимпијадата која во јули и август ќе се одржи во Лондон.

    „По вчерашниот пеколен ден кога не знаевме до 21 часот дали ќе отпатува репрезентацијата, после големи напори на Агенцијата за спорт и млади, на Пливачката федерација и нормално најмногу на државниот врв, успеавме да обезбедиме услови за репрезентацијата денеска во 6:40 часот да замине за Едмонтон. Господ нека ги прати после овие проблеми и играчите. Имавме една телефонска средба сите заедно, велат после овие проблеми веројатно ќе не прати среќа во Едмонтон“, изјави Влатко Димовски, директор на нашата ватерполо репрезентација.

    Со ваквиот развој на настаните во последен момент е спречен голем скандал, по кој Светската пливачка Федерација(ФИНА) сигурно, на извесен период, ќе не суспендираше од меѓународната сцена, на која што изминативе 5 години настапивме на три европски и едно светско првенство, а двапати бевме дел од натпреварите во Светската лига.

    До тоа, за среќа, нема да дојде, па сега останува на ватерполистите да дадат максимум во базенот во Едмонтон и да се изборат за настап на Олимписките игри. За таков подвиг потребно е прво да го освоиме најмалку четвртото место во групата во која се и националните тимови на Црна Гора, Германија, Грција, Романија и Холандија, за потоа против една од селекциите од другата група да се бориме за влез во полуфиналето, што носи олимписка виза. Иако се свесни дека ќе биде многу тешко, во репрезентацијата веруваат дека имаат сили за исполнување на целта.

    „Штом одиме, сигурно дека очекувањата се да пројдеме на тие квалификации и да се квалификуваме на Олимпијадата. Знаеме дека сме во многу тешка група, сите европски земји, со многу од нив, репрезентации сме играле, но се надеваме дека ќе бидеме меѓу првите четири во групата, што ќе не одведе во четвртфиналето. И со една победа сме обезбедиле пласман на Олимписките игри. Сонот на секој спортист, тренер е да се најде на едно такво големо натпреварување, се надевам дека имаме шанси да ни се исполни“, рече селекторот Сашко Поповски.

    Инаку во втората група во Едмонтон ќе играат Шпанија, Канада, Бразил, Венецуела, Аргентина и Турција, а на Олимпијадата во Лондон ќе се пласираат првите 4 селекции. Од друга страна, до сега учеството на олимпискиот ватерполо турнир го обезбедија домаќинот Велика Британија, потоа најдобрите од Светското првенство, Италија, Хрватска и Унгарија, па Србија која е победник на Светската лига и САД кои беа први на Панамериканските игри, како и прваците на Азија и на Океанија, Казахстан и Австралија.

    ЕПА НЕКА ИМ Е СО СРЕЌА НА НАШИТЕ ВАТЕРПОЛИСТИ... :inlove: :party:
     
  8. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Македонија против Грција на стартот од Олимписките квалификации!


    Македонската ватерполо репрезентација доцна вечерва ќе ги почне олимписките квалификации што се одржуваат во Едмонтон, Канада.
    [​IMG]
    Прв противник на Македонија и е селекцијата на Грција. Во групата А покрај овие две репрезентации се уште и Црна Гора, Германија, Романија и Холандија.
    Во групата Б ќе играат Турција, Шпанија, Бразил, Аргентина и домаќинот Канада, додека Венецуела го откажа своето учество. Поради откажувањто на Венецуела организаторот мораше да направи и нов распоред на натпреварите, па така натпреварот Македонија – Грција вечерва се игра во 23:10 часот по македонско време или во 15:10 по локално (во Едмонтон).

    Време е за одмазда ]:) !!
    НАПРЕД МОМЦИ, ЗГАЗЕТЕ ГИ !!!
    [​IMG]
    :l:
     
    На sanjalica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
  10. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Кататрофа. Не отепаа.
    А нашиве изгубени во времето и просторот.
    Сите можни топки ги загубија.
     
  11. sa4y

    sa4y Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    23
    со колку изгубивме од грчиштата? :@
    кога се наредните натпревари ?ако знае некој нека пишеее ???? :^)
     
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Aх бе мајката си имаме среќа и тачка! :wasntme:
    Четвртфинале :rock:
    Вечер во 1 часот со Шпанија, којшто е фаворит воопшто на турниров, ама сепак нада последна умира :wasntme:

    http://kajgana.com/vaterpolistite-stign ... rtfinaleto
     
    На Smilly, Bozica1980 и miljkovic им се допаѓа ова.
  13. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Ама сепак умира. :(
     
  14. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    повеќе ми е страмота шо грците со 10 разлика шо не победија него шо не се пласиравме на ЛОИ.
    ама тоа е коа неаме среќа и ни се падна Шпанија.. :envy:
     
  15. Inception22

    Inception22 Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Не е дека наемавме среќа, туку немаме услови...
    Еве да се пофалам, јас сум еден од репрезентативците... ;) Ме има на една од сликите ;)
    Иначе, убаво форум, знам дека е женски, ама многу работи можат да се научат...
     
  16. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    ne sum po vaterpoloto, imam gleedano povekje pati, no dosaden mi e i ne me vleche :)
     
  17. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    ne sum po vaterpoloto, imam gleedano povekje pati, no dosaden mi e i ne me vleche :)
     
  18. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    @DS10 најдов за ватерполо, бе.
     
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    2.410
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Машки
    Кој бара ќе најде, трудот се исплати.
     
  20. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.595
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Кој е вреден ќе бара.
    Ова се групите:


    upload_2024-7-11_19-42-29.png