Форумџика на годината

Ваучер за туризам

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Polsko, 4 август 2020.

  1. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има искористено досега и каде?
     
  2. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    И мене ме интересира истото. Пишав во други теми претходно, сега гледам отворено конкретно за ова. Јас планирам во Охрид да одам, пишав на неколку места од тие што се објавени на страната ама никаде нема место. Ме интересира дали само во тие места што се објавени примаат ваучери или може и на други?
     
  3. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.041
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Само тие што се објавени. Јас уште не сум го искористила. Нема место.
     
  4. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.132
    Од сигурни извори ли е ова? Ме чуди како тогаш ги продаваат ваучерите, листата не е нешто обемна и цените на тие места се доста повисоки од останатите слични во Охрид. Зборам конкретно за вили и апартмани.
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.041
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Има објавено на страната домасиедома кај може да се искористат.
     
  6. WORRIED.BT

    WORRIED.BT Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 декември 2012
    Пораки:
    5.245
    Допаѓања:
    146.569
    Пол:
    Женски
    Ваучерот може да се користи само во објектите кои се пријавиле на страната..

    Сега е скоро се пополнето ама па валиден е до крајот на годинава па може и подоцна да,се искористи.
     
    На SummerGirl и lady.N им се допаѓа ова.
  7. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.263
    Пол:
    Женски
    Министерството за економија овозможи сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, да може дополнително да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“ заклучно со 10 август.

    На тој начин граѓаните што добиле ваучери за туризам, освен во сместувачките капацитети, да може да ги искористат ваучерите и преку туристичките агенции што ќе се регистрираат на платформата.

    „Во согласност со уредбата со законска сила за издавање ваучери за туризам на вработени лица со низок доход заради поттикнување на домашниот туризам за време на вонредна состојба, Министерството за економија ги повикува сите лиценцирани туристички агенции, кои сакаат да работат со ваучери за туризам, во рамките на своите понуди за Република Северна Македонија да вклучат и можност за резервација со ваучери за туризам издадени од страна на Министерството за економија преку платформата domasiedoma.gov.mk“, соопшти Министерството.

    За да исполнуваат услови за добивање пристап во платформата, туристичките агенции треба да имаат валидна лиценца за работа издадена од страна на Министерството за економија и да ја прикачат на самата платформа.

    Агенциите што претходно се имаат пријавено на платформата „Дома си е дома“, а ги исполнуваат условите (имаат валидна лиценца), автоматски ќе бидат одобрени од страна на Министерството за економија.

    Туристичките агенции во рамките на понудите може да понудат сместување, а да вклучат и дополнителни услуги, како што се: превоз до туристичките центри, екскурзии, водичи, прошетки и сл.

    За 20 дена, по почнувањето на мерката ваучери за домашен туризам, до денеска искористени се над 8.400 ваучери.

    Ваучерите граѓаните ќе може да ги искористат до 15 декември 2020 година.


    ©Makfax.com.mk


     
    На SummerGirl, lady.N и WORRIED.BT им се допаѓа ова.
  8. Ambrosia

    Ambrosia Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    1.799
    Пол:
    Женски
    А дали еден ваучер можат да го искористат двајца?
    Дечко ми доби ваучер,јас не.
    Ќе можеме двајцата да одиме на одмор со неговиот?
     
  9. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Може, он ќе плати со ваучерот.
     
    На SummerGirl и Ambrosia им се допаѓа ова.
  10. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    1.229
    Пол:
    Женски
    Да, ние така отидовме.
     
    На SummerGirl и Ambrosia им се допаѓа ова.
  11. Ladybug2436

    Ladybug2436 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    647
    Пол:
    Женски
    Јас го искористив во "Фук-Так" апартмани во Дојран
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Polsko

    Polsko Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    937
    Допаѓања:
    573
    Пол:
    Женски
    Колку дена и дали можеше со истиот ваучер да платиш и за друг?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.155
    Допаѓања:
    168.845
    Пол:
    Женски
    Имателот на ваучерот си зема апартман за двајца или тројца и си плаќа со ваучерот фактички за сите нив.
    Колку дена ќе седите зависи од цената на апартманот/ хотелот.
    Ако го користите еве фук так на пример во Дојран- Имате 4 ноќевања за двајца ( 25 евра е од ден).
    Ако одите Романтик таму мислам за една ноќ ќе имате ( 4000 и нешто чинам беше ноќевање за двајца со појадок)
     
    На Ladybug2436, Dust, SummerGirl и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Ninna1

    Ninna1 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Zdravo, dali ima nekoj sto uste ne dobil vaucer, a spagja vo kategorija so nizok prihod? Kartickata kupuvam domasno stigna (3000denari), a vaucerot uste ne.
     
  15. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    2.822
    Пол:
    Женски
    Треба да провериш овде со матичен број https://domasiedoma.gov.mk/#who ,доколку те има на листата на меил треба да ти е стигнат и ваучерот.
     
  16. Ninna1

    Ninna1 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2020
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Tuka i proveruvam ama nema uste nisto.
     
  17. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Провери во спам на email.
    И не сфатив, на страната со матичен пишува дека си добитник или не?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.041
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    Да. Го пишуваш матичниот број и ќе видиш дали си добитник.
     
    На poi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Не не, мислев дали таа е добитник :lol:
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.041
    Допаѓања:
    36.067
    Пол:
    Женски
    За неа мислев. Пред некој ден зборев со сестра ми. Барала место за одмор. Се било зафатено.