Овде може да споделиме интересни рецепти за вафли. Еве еден рецепт споделен од Mantub кој планирам утре да го направам, само напомена на тостер дека ќе биде, немам вафлер. Пишете ако сте правеле на тостер и како испаднале.
Имам испробано повеќе рецепти за вафли и овој најмногу ми се свиѓа. https://moirecepti.mk/post/белгиски-вафли Летно време рендам кора од лимон, зимно време ставам цимет во тестото, а некогаш и какао, преубави се.
6 супени лажици овесни снегулки 1 јајце малку пециво 1 кафена лажица екстракт од ванила 1 банана кокосово млеко од око (колку да не ви е многу густо) Се ова заедно иде у нутрибулет па во тостер за вафли. Ова ми е баш поздрава опција и стално ги правам. Ги мачкам со мед или протеински крем.
Смеса за вафли: 250 гр. брашно 2 пецива 3 јајца 1 ванила 2 лажици шеќер 60 гр. путер 450 мл млеко Се одвојуваат жолчките од белките и се мати цврст снег. Во друг сад се матат жолчките со шеќерот и ванилата додека не се добие бледо жолтеникава боја. Се додаваат млекото и растопениот путер и се мешаат. Во истата смеса се додава и брашното и се мати со најмала брзина. На крај се додаваат белките и се меша со жица за матење. * За секоја вафла во апаратчето треба околу 10-12 минути за да е убаво испечена. ** Од смесава мене ми излегуваат 8 вафли. ∆ Ископирав од друга тема што сум постирала.
Супер појадок ми се вафли, па реков морам да пробам. Ги правев на тостер, по првиот рецепт во темава и испаднаа како меки тостерки. Ама ептен беа вкусни. Меки, воздушести, превкусно беше тестото. Ама сепак уште еднаш не би се замарала до толку со тостеров. Мал тостер имам и де ќе залепи, де нема да стисне убаво, ми се смачи. Ќе купам некој со поинакви плочки или со такви што се менуваат. Бар 2 во 1 да можам да го користам и за тост и за вафли.
Правам често вафли.Обично ги јадеме со шеќер во прав или сос од ванила.Ново ни е и со мус од јаболка. По овој рецепт. 125g путер 50гр шеќер (ставам помалку) 1 ванилен шеќер 250гр млеко 1 пециво 250гр брашно 2(евентиално 3) јајца Го топам прво путерот ги мешам јајцата и додавам полека се.Не го намрсувам металот ама нареден пат ке пробам со намрсен пекач.Меки остануваат и др ден.
Состојки: - 250 гр брашно - 130 гр шеќер - Прстофат сол - 200 мл млеко - Малку вода или пиво - 2 јајца - 50 гр путер или маргарин Сѐ заедно се измешува убаво и потоа се става смесата во апаратот за правење вафли. * Не напишав со лажици бидејќи секоја лажица е различна и може да се расипа рецептот. Со мензура е попрецизно, таму има мерка и за грами и за милилитри.
Сакам вафли. Готовите од надвор ми се премногу благи, да неможеш да ги изедиш од многу крем и шлаг. Домашни правени се супер. Само еднаш вафли дома имам направено диетални без јајца. Ете ако има купечки ќе пробам од дм следен пат.
Како да ми излезат вафлите високи, дебелки? Дали е до апаратот, треба да е подлабок или до рецептот што ми излегуваат потенки?
Има во Стокомак мус од јаболко. Во тегличка е, 50-тина денари отприлика. Баш убава идеја за топинг е ова, ќе пробам некој следен пат.