1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата Непријателка

Дискусија во 'Сингл' започната од lovely-pretty-girl, 13 септември 2011.

  1. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Не знаев каде да го поставам прашањето, ако има слична тема, слободно заклучете.

    -Сакав да ве прашам дали сте се нашле во ситуација да имате непријателка, која станала ваша непријателка од причина што е во врска со некој со кој би сакале вие да бидете или веќе сте биле?
    -Дали имате срце и образ да сторите некому лошо за вам да ви е добро?
    -Дали сте се осмелиле да и се одмаздите и да направите нешто „ѓаволско“ за да го добиете посакуваниот на ваша страна, и воедно што било тоа што сте го сториле?
     
  2. ancetupance

    ancetupance Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    239
    Допаѓања:
    164
    За жал , јас се осмелив да направам нешто ѓаволско и да се одмаздам..општо познато и зборувано во друга тема. но не со цел да го добијам тоа што она го има..всушност , сега кога се се стивна.. не знам која ми беше целта.. бев лута и повредена, изманипулирана и излажана ( а да не си се лажев ја сама себе?????) само сакав него да го боли..сакав одмазда а се убив сама себе! Препорачувам- воздржување од ѓаволштини..хахаха
     
  3. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сум се нашла во таква ситуација каде моја познаничка од петни жили се труди да му се упика на мој додворувач.
    Никако не се однесував ако мислите злобно или изладено ,јас ионака бев ладна кон неа бидејќи ги имаше сите карактерни црти кои ме одбиваат кај една индивидуа.
    Го прифатив фактот дека таа прца сака да го наруши флуидот меѓу мене и него ,додуша се направив на Тошо дека не ми е грижа а ми беше ,и оставив на типацот да одлучи која му одговара повеќе.
    И сега ,пошто среќата беше на моја страна и братот не пројави ни најмал интерес за неа ,таа си остана усрамена ,исвиркана , понижена и етикетирана да не речам колку билборд :lol: ,а јас си го добив тоа што го сакав :lol:
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    3.114
    Не сум се нашла во ситуација да имам ваков вид на непријателка :D, а и кога би имала, сепак за некој кој не е мој, а се бориме двете, не би играла нечесно и не би сплеткарела, тоа не е мој начин на игра.

    А бидејќи имам веќе еден мој, ако се закачи некоја и ако проба нешто "ѓаволесто", е тогаш мислам оти ќе станам ваква - :devil:. Или опишано со зборови - има забите со скршени прсти да си ги собира (не знам од кој филм го слушнав ова :rofl:).
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Еми кога го запознав имаше женска.... долго одеа.
    Со сета должна почит да не мене некогаш ми се случи истото и да се чувствувам како крпа, иако девојката воопшто не ја познавав, отстапив. Отстапив уште при првиот момент кога видов дека има девојка. Не сакав да бидам виновна за ништо, ниту да ја сносам одговорноста за распадот на нечива врска.

    Никому не би го направила тоа од проста причина што не би сакала ни мене да ми го направи некојА истото.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Баш во таква ситуација сум да имам непријателка ,поради тоа што одев со нејзиниот бивши..би имала срце да сторам некому лошо,но која е целта ,моментално ќе се чувствувам подобро,и немам гаранција дека пак ќе биде со мене ..Нема потреба од ѓаволски работи само ја погледнувам а нејзе крвта и вриее..На крај на крај секој гледа нему да му е убаво,никој не мисли за другите.. :)
     
  7. Ivu4

    Ivu4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    41
    Обично си немам работа со непријателки не би сторила никому лошо,но ако мене ми стори неможам да гледам а ништо да не сторам...
    Јас сум против непријателствата,но за жал ги има многу! :^)
     
  8. Jannaq

    Jannaq Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    -Да, јас баш имам една таква непријателка.. Ден-денеска ми се љути бидејки имаше едно момче на кое му се допаѓав, и одкога ина го свати тоа.. одма ми се налути..
    - не би можела на никого да направам нешто такво
    - Не, но размислував за тоа :devil: но како и секогаш не би можела такво нешто да направам :angel:
     
  9. Emma.A

    Emma.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    9
    Дечково што јас го сакам извесно време има девојка. Али до сеа ми имаат кажано дека он мене ме свиѓал. Господ зане како и она доза за тоа . Од тогаш па натаму само става по некои глупи статуси да ти е страм да читаш што глупости пишувала гревота . И имам направено до сеа за инат работи хахаха така да се каже. И убаво ми е што неможе навечер да спие од мене што има страв да не и го земам дечкото али сепак не практикувам да се плеткам во нешто "ѓаволско" :P кога можам само со поглед да ја утепам хахаха xD
    и јас се изнатрескав глупости од што не ми е тука памето не ми замерувајте :$
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Неприајтелкава моја,абе срцка е,многу ја сакам |(

    Едно лигаво створење кое си нема работа па се меша таму кај што не и е местото ама кај ја видам со нејзе улизата има да изметам или јас _____ да не се викам.Мисли дека е нешто на повисоко ниво од мене па ајде ке си правам што сакам.Ми ја уништи претходната врска а сега и оваа се обиде ама ајде мачето мое пак ми прости,демек.Ама ако видам дека уште еднаш дека се меша кај што не треба...упс кажав веке.Ма има на гробот да и играм :@
     
    На MarchelineAmaru, mime87 и Emma.A им се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Не сме дозволиле ниту јас а ниту тој да имаме непријатели. Таа една, која пробува да биде непријателка...нешто ми е околу мене лизни мазни...А ние...уште посреќни пред неа, зошто нема да успее во намерите. Кога имала шанси, пропуштила да има прекрасен дечко, е сега е мој...Сега тој мене е сака....и нема да дозволи после се таа да расипе.
     
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се имам најдено во ваква ситуција го сакав дечкото повеќе од се и непријателката знаеше за тоа. Колку пати само пред неа плачев што сме разделени да знев дека и е мило немаше да биде така... во еден периот тој замина во друг град и ми се јави ми рече дека неможе да се вклучи на фб па ме замоли јас да го вклучам неговиот и да видам дали има нешто ај ја видов шо видов му кажав дека го одјавив а јас го исклучив четот и влегов во пораките и останав вака :o :o кога видов што се му пишувала за мене, за него, за нив двајца :@ :@ кога си дојде он го викнав ко демек на кафе у град а претходно и се јавив неа за да одиме на кафе седевме ја и он и она дојде кога се видоа и двајцата ко попарени јас "ладна" по 5 мин седење земав им кажав се дека знам за се.... двајцата глави наведнаа јас станав и си заминав после пробуваа и двајцата да ме добијат на тел ама не кревав... сега со него пак имам едно здраво како е а со неа не се правам дека не ја познавам кога ќе ја видам....
     
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Тука несмеам да си дозволам да зборувам во еднина 8) Многу грешни души ми застанале на патот и сите со ред ги изгазив а од една посебно сеуште си ги бришам чевлите.И не ја кријам намерата тоа да го правам уште многу време.
    Тоа е затоа што сум по природа страшно ранлива и злопамтило.Се помачив и го натерав селанинот :D (како што нели љубам да го наречам) на нејзиниот живот да ме засака.И го измував единствениот згоден маж во нејзината кариера на "мадам појебем свако".
     
  14. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Се трудам да ги немам.

    Има една... ако можам да ја наречам непријателка.. :lol:

    Изгледа неможам.. абре комедија ми е девојчево.. не знае зашто ме мрази, ништо не сум и направила, не можела да ја смисли мојата постојано насмеана фаца и ироничен муабет..и постојано ме гледа чудно некако али јас фурам според Don't worry Be happy

    Сепак во никој случај не сум злопамтило..Дали е тоа лоша особина ? :?:
     
    На TheDremer му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Абе обично јас сум таа другата,не заради тоа што се меша у врски ( не дека и тоа го немам правено ),али заради пуштање,бла бла шит лајк дет. :D

    Не,не сум се нашла во ваква ситуација. Не ми се мешала никоја во врска. И така.

    Е,што се однесува до другиот дел од прашањето.. Кажете ми една скорпија која не е злопамтило. ]:)

    Мислам,сериозно. Се памтам,до детал. И СЕ ВРАЌАМ. Со добар процент на камата. ;) :D
    Сум и злопамтило,и секогаш враќам. Досега на жена не сум вратила,ама затоа имам неколку расплакано таканаречени мажи.


    :)
     
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.651
    Никогаш не сум дозволила да имам непријателка.
    Никогаш нема да си дозволам јас да се борам за некој си мочко, додека на него му се дига егото.

    Ако е он прав маж и ако он е мојот маж, уште од корен ќе ја пресече целата работа. Ќе си остане со мене, ќе разговара со неа ако се обидува нешто и нема да дозволи јас да се нервирам. По после таа нека оди како помочана, што сака нека праве, ако знам дека тој мене ме сака!

    Ако ме изнери со некоја, секако дека таа нема да ми стане непријателка. Ќе му кажам само чао и што сака нека си праве со неа. Јас овде завршив.

    Ќе ми стане непријателка единствено ако го издрогирала и го одвлечкала во креветот :lol: Ама далеку е Америка...
     
    На maca99 и BeLLaDona23 им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    На темава можам да го тупам до бескрај, затоа решив стриктно само до прашањата да се придржувам. :D

    - Јас на таквите не гледам како на непријателки туку како на Х личности без самопочит, почит спрема другите, свој живот и свое јас. Може е лошо што до некој степен можеби ги деградирам, ама навистина не би можела таква личност што се улизува и го пика носот кај што не треба да ја ставам на исто интелектуално ниво со некои се почитуваат себеси и никогаш не би спаднале така ниско.

    - Хм...нелогично би било да ги деградирам таквите а истовремено јас да го правам истото што и тие.
    Да, секој сака да е среќен, ама уништување туѓа среќа и живот само за на мојот задник да му биде убаво?
    Не, неможам да си дозволам такво нешто. А и демек пак малку биле сингл машки/женски па ајде ние највечи шизици у маало ке се мешаме кај зафатени пошто нели, кул сме кога уништуваме нешто за лична сатисфакција. |(

    - Не сум се осмелила, бидејќи суште не сум се нашла во таква ситуација. А не велам дека не би направила нешто, но само во случај ако некој проба мене да ми наштети. Всушност, ова би дошло како некоја борба/пејбек за обидот да ми се наруши среќата и среќата на тие што ги сакам, е тука не бирам средства со кои ке го заштитам она што ми значи и ме исполнува и воопшто не жалам какви последици ке претрпи оној кој се дрзнал да ми се вмеша во животот.
     
    На TheDremer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Поради некој што го сакам не,но поради нешто друго,многу ме повреди и продолжуваше да ме повредува,но откако се налутив,кога се налутам тешко на жртвата :D ,кога се налутив животот и го згорчив :D ... со мене нема зафрканција ;)
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Па изгледа сум си стекнала една која го гони дечко ми :envy: ...Дури и слики му праќала мочлата! Ми се гади од такви личности значи :puke: Се надевам само да има Господ,да се тргни навреме да не ја тргнам јас...Ама значи немате појма како се почувствував кога дознав.Може и на форумов да е,ама баш ми е гајле,нека не ми го закача дечко ми! Таа знаела што е сакање,а трча по зафатени.Ма ајде ти се молам!Нека си најди друг!
     
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    имам душманки мои како не абе да се здрави и живо господ да ги поживее само моите успеси да ги гледат и да умират од мака да испукат
    а задничка со дечкоми можам да речам бившата негова која помина брди долини кутричката да не раздели свашта беше незнам дали уште ние е непријателка :lol: ако можам така да ја наречам за мене помала и од вошка е :D така да нека не ми седи на патот никој и нема да има потреба од непријатели накратко речено ситни души не регистрирам со мала самодоверба искрено за жалење ми се...
     
    На 1234girl му/ѝ се допаѓа ова.