Вашата економска ситуација

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ma4o4female, 6 септември 2010.

  1. ma4o4female

    ma4o4female Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    477
    Допаѓања:
    347
    Не знам дали постои ваква тема, не успеав да најдам.... Ме интересира каква е вашата економска ситуација? Дали се' што посакате и го имате или пак од многу работи си кратите? Колку трошите и дали тоа што го имате е доволно за да ги задоволите вашите "shopping" нагони? :D
     
  2. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Бев студентка сега веќе не сум сепак сум на постдипломски,а подработувам хонорарно,секогаш сум имала се што сум посакувала дали лесно дали тешко сум добивала :) Моите секогаш безрезервно ме подржувале финансиски а сега откако работам,гепарлакот сама и си го трошам на шопинг плус некое парталче од моите и топ :) Имало моменти кога сум излегувала во грат со мн плиток геб,но не се жалам ....битно грев е да се пожалам,можам и да кажам дека сум разгалено дерлиште ама тоа е....Битно е што заработувам сега не којзнае колку ама стекнувам работни навики,а за шопинг мора да има секогаш ;)
     
  3. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    248
    си слушнала некогаш една жена да рече, доволно имам (за облека зборувам)... нема да купувам веќе :!: НИКОГАШ :lol:
    паа, татко ми не е некојси функсионер, ниту пак мајка ми, но досега добро ни е, скоро се што посакувам го добијам, тато некој денар, мама, брат ми и оп бона има нова блуза, фармерки, чевли.. :P 3 плати месечно, сите работат, а јас само барам :tmi: но ок, не се жалам :!:
     
  4. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    131
    оф леле... не можам да се пожалам дека моите не ми даваат, ама што да правам коа сум женско и се повеке и повеке ми треба??? знам да излезам со мн малку пари но можам и тотално да се опуштам и без размислување да потросам повеке од дозволеното... тоа е, никогаш не можам да свртам некој денар |(
     
  5. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    603
    Никогаш не сум помислила дека имам се што ми треба! Секогаш ми фали нешто или во плакарот или во шкафчето со козметички производи! Но успевам да си ставам некој ред, ете ако овој месец купив блуза, панталони и нешто од козметика, наредниот месец ќе се подновам со чевли и ташна! Си ги распределувам работите така да од секоја плата купувам по нешто што ми треба! :!:
    Од мојата плата не давам дома ни денар, а крајот од месецот редовно се потпирам на џебот од моите родители пошто моите пари се потрошени! :wasntme:
    Не знам точно колку трошам бидејќи ја торшам мојата плата (10 000 денари) и плус земам пари од дома! :P
    Ако имам вака да трошам цел живот ќе бидам задоволна, мислам мене ми е доволно што ми стигаат парите и за излегување, и за облека па и за да ставам некој денар на страна што најчесто ми се наоѓа како бонус пред летен одмор! ;)
    Можеби би било супер ако имав повеќе пари па да си купам се што ќе ми се допадне по бутиците, ама немам :?: и затоа си го купувам она што најмногу ми се допаднало и што најмногу ми треба! :!:
     
  6. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.206
    Па вака некако стојат работите кај мене: работиме ние тука таква ни е професијата и можноста! засега! Работиме уште од рана пролет па до доцна есен... парите од работата ги земаме некаде почнувајќи од овој период и дневно можеме да достигнеме сума од 30-40 000 денари! :$ И така ние месец и пол го собираме плодот од нашата макотрпна работа и после имаме за цела година! пред 2 години почнавме да се занимаваме со уште една работа, секојдневна па така татко ми од тоа зема некој денар, а и месечно следува платен производ од околу 30 000 денари! Но,како што напоменав, тоа што го работиме бара многу вложување пари и труд, па пола од заработувачката ја трошиме за ново производство! :tmi:
    Но остануваат пари и затоа имам се што ќе посакам, се разбира јас не претерувам со желбите! Не барам коли(барем засега :lol: ) не барам авиони и ќесе полно со евра!
    Барам онолку колку што знам дека можам да добијам!
    А кога ќе видам нешто што многу ми се допаѓа, не жалам пари! Уствари- не жали татко ми! :lol:
    проблемот е што целата заработувачка оди во рацете на моите, па јас само барам! :worried:
    и ми е непријатно понекогаш! Затоа сакам да почнам да работам и сама да располагам со заработката, но така нема да имам колку што имам сега...
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    Мојата економска ситуација (ако си чекам само на себеси) е катастрофална!
    Сум собрала некој денар од матура кој ќе го испотрошам за два-три месеци, и после ќе живеам од месец на месец чекајќи ја пензијата од баба :D
    Туку да се здрави и живи мајка ми и татко ми кои ме финансираат (се разбира колку што можат) бидејќи се убиваат од работа!
    Amen to that!
     
    На dzvezdicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.061
    Пол:
    Женски
    Не потекнувам ни од богата ни од сиромашна фамилија. Онака средна. Така да се подразбира дека во животот не сум имала се што ќе посакам. Сепак се труделе моите да ми овозможат барем да не се делам од другите деца, бидејќи дете како дете, ќе види нешто кај другарката и тоа ќе посака да го има :)
    Па и не сум осетила некоја беспарица како помала бидејќи тогаш баш и не ми требале многу пари.
    Од 16 години почнав да работам и можам да се пофалам дека од тогаш за мене немало зима. За се сум имала пари, и за облека, и за шетање и за излегување, дури и од дома не барав пари. Е сега дури ќе почне вистинска економска криза. Две студентки сме од оваа година па ќе мораме малку да се стискаме :worried:
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.356
    Мојата економска ситуација моментално е катастрофална, но се надевам на подобри времиња.
    Додека работев, платата ми беше солидна , иако признавам и тогаш не ми стигнуваше.
    Немам некои огромни побарувања и желби, не се палам нешто посебно на брендирана облека, немам фетиш од типот чанта или пар чевли, ама едноставно лично за мене платата ми беше мала, но барем не барав од дома.
    Морам да напоменам дека кога земам редовно плата, имам некоја чудна потреба сите да ги китам со подароци, макар и нешто ситно и кога и да сме излезени да честам. Никој не ме тера, едноставно така ми се сака. Не е ни чудо што не можат никогаш да ми стигнат пари. Во тој дел сум несопирлива, не знам да штедам, жива расипи-куќа сум.
    А сега кога треба да им побарам на моите, цревата ми се превртуваат, зашто реално срамота е на 24 години да им бараш уште пари од дома. :( Резил е, ама гледам дека ситуацијата не е помалку различна кај сите другари и другарки, колку и да се трудиме. Едноставно реалноста е таа. Сива.
     
  10. devojceto15

    devojceto15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    4
    pa zadovolna sum jas od ekonomskata sostojba na moite ,se sto sakam dobivam iako ne sum nekoja razmazena,i imam granica na se(znam sama da ocenam sto e skapo a sto eftino)ako nesto e poskapo spored mene ne im baram bidejki mi e sram iskreno ,iako znam deka bi mi go kupile.porano koga bev 6 ili 7mo odd bev mn razmazena sekoj mesec barav nov mobilen,novi patiki,samo kupuvav brendirana garderoba ama dobro e barem sega ja ispraviv greskata i go cenam trudot na moite roditeli
     
  11. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    615
    “Мама месе, тато носе!!!“
    Девојки сега за сега ми доволно добро да не речам одлично....како што некој спомна татко ми не е некој висок функционер,или мајка ми некоја незнам што....но и двајцата зимаат солидни плати,и ми стигнуваат и за издржавка на фак,и за облека и за се.....ама доколку некогаш ми водат инат и не ми купат нешто ми купува дечко ми...или јас си заштедувам од мојот џепарлак и си купувам(се разбира дека тоа се сепак пари на моите)...... :$ знам дека е срамота да кажам дека се уште моите ми дават ама татко ми не ми дава да работам уште сега некаде, ми вика дека имло време кога да работам кога јас ќе сум имала семејство тогаш требало да работам и да стварам за моето семејство...а сега додека учам тие ќе ми издржавале.....како и да е .....
    и иако сега се изгледа совршено добро мене многу ми страв за во иднина како ќе застанам финасиски цврсто на нозе(што можеби и е мана што сега не работам-немам навика)и имам страв од тоа како ќе се снајдам кога ќе си оформам семејство...дечко ми не е мрза тој уште од мал работи и зима ептен по солидна плата ама не сакам се да биде на негов грб и кога ќе дојде ред да барам пари од него...но затоа сега студирам за да се осмостојам,но како гледам дека доаѓаат лоши времиња со овие вработувања да ви кажам многу ми страв и од мажачка и од се...сакам да си седам дома со моите :lol:пусти страв од пусто немање :sweat: човекот се навикнува од лошо на добро,но од добро на лошо е тогаш...... :tmi: не сакам ни да знам!!!!!!
     
    На doktorka-an му/ѝ се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    9.660
    Пол:
    Женски
    Мене секогаш нешто ми треба, ама баш секогаш! Еднаш не сум кажала: таман, сега купив се што ми треба. Секој месец излегува по некој плус трошок и нормално не ме радува тоа многу. Моите се разведени па примам алиментација од татко ми, и кога неа ќе ја потрошам, мајка ми ме финансира. Гледам јас што е можно помалку да трошам,ама баш во моиве години се троши најмногу.
     
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.952
    Па финансиската состојба дома ни е таман... моите финансираат се, две судентки, пари за излегување, сметки, јадење пиење... за основните потреби имаме, не се жалам таман е, за екстра потребите горе доле исто е, може не веднаш ама за некоја недела имам тоа што сакам, добро во границите на нормалата, знам колку имаат, и колку може да ми дадат па се раководам според тоа, а со две девојки дома не е баш лесно, само нешто немаме, само нешто ни фали... ама ќе се снајде тато со екстра работа и тоа е тоа, едвај чекам да завршам факс и да се вработам, да имам свои пари :)
     
  14. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    115
    кај мене и баш не е сијајна ситуацијата но сепак мајка ми се труди колку што може да ми овожможи што подобар живот,не се жалам никогаш не сум останала без јадење пиење и облека иако е тоа далеку од моите желби и потреби но сепак се трудам и јас да ја сватам мајка ми и не претерувам со барањата колку ми е долга чергата толку и нозете си ги изпружувам
     
  15. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    104
    Било многу подобро од што е во моментов. Колку и да земаат моите плата, мене ми е малку :$ . Двајцата се утепуваат од работа за да ни пружат се во животов, да бидеме секогаш најадени, облечени..

    Аздисано дете :tmi: .
     
  16. doktorka-an

    doktorka-an Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    1.078
    Допаѓања:
    328
    на оваа тема би сакала да дадам еден пример а после да коментирам за мене-
    со еден мој колега од странство разговараме еднаш баш на оваа тема, тој е милионер можам да кажам има многу пари а јас онака среден живот,скромен,ама во споредба со него нула.и ми кажува што се има тој, дома незнам колку коли и слично,има фабрика за коли и така нешто,луксузни апартмани издава и слично (да не навлегувам за тоа)и после кога тој заврши ме прашува мене за мојата ситуација.и јас му викам епа ништо посебно двајца вработени во приватни фирми,дома имам се ама не се луксузирам хахахах ,двајца студентиѓ,за јадење, за облека имам но не како тебе.тогаш тој ме прекина и ми вели,не ти си многу побогата од мене и јас така зачудена го прашувам зошто и тој ми вика-затоа што имаш дома семејство кое те поддржува,здрави,живи и сите сте среќни а јас моите не ни ги гледам,не јадеме заедно,имам се ама љубов и семејство немам......и тогаш се замислив-навистина е така,ич не сум материјалистка,моите ме издржуваат мене и сестра ми и живеам скромен задоволен живот дури и повеќе отколку што треба.......задоволна сум со тоа а плус и земам доволно голема приватна стипендија па успевам месечно и сама да се финансирам и мене и мојата сестра...........среќна сум што не сум богата и никогаш не ни сакам да бидам,сакам да имам се и да бидам јас и моето семејсво здраво и живо,тогаш ќе бидам најреќна и најбогата хахахах :lol: :lol: :!:
     
    На Twins2007, angelce1, annii и 2 други им се допаѓа ова.
  17. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    269
    Сосема се согласувам докторче,така е .Ние сме сиромашни но полни со љубов :inlove:
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    23.952
    Да се согласувам но дали го знаете ова :D
    Money can`t byu you happines, but I`d rather cry in ferrari! хахахха
     
    На veri, BeYourself, Unfaithful18 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    165
    Се што сум посакала сум добивала.
    За облека да не правам муабет сум добивала џепарац за тоа...но не толку колку што јас сакам.
    А и штедлива сум.Сметам дека мама и тато можат да ми овозможат повеќе,но не сакаат уште од сега да ме заучуваат со пари.И тоа им е паметен потег. :!:
    Економски стоиме одлично ,тато има сопствен бизнис заедно со мама и повеќе ги трошиме парите за некои убави одмори,нешто да се купи за домот,да се реновира,да се купи стан,дујчан.Заработените пари ги вложуваме во нешто друго.Тоа повеќе ме исполнува(нешто што е за семејството)одколку залудно трошење пари за облека.
    И не е важно колку си богат со пари..важно е колку си богат во душата..И во тоа е големината на еден човек! :)
     
  20. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.888
    Допаѓања:
    2.200
    Можам да кажам дека не сме некои богаташи, но не сме ни сиромашни. Нашата економска ситуација е средна. Но, не е важно тоа. Важно е дека имаме здравје, среќа, слога, љубов и разбирање. Има семејства кои имаат пари, веќе и незнаат каде да ги потрошат, а ги немаат најосновните работи.
    Татко ми секогаш вика: Подобро помалку и ќе знаеш каде да ги потрошош, а ако имаш па многу и глава ќе те боли до нив. Имам за јадење, пиење, имам за облека и доволно ми е. Можеби не сум како некои кои се' што ќе посакаат добиваат, но не ми ни треба. Колку пати сум посакала многу работи, но сепак останале во моите мисли, како јас еден ден ќе ги имам и мило ми е што е така. Моите ми принесуваат колку можат. Сепак не сум само јас. Тука е и брат ми, нашето школување, па курсеви, излегувања, облека, сметки, храна. Себично е кога мислиш само на себе. Имам прекрасни родители кои секогаш викаат: За нас немора, само вие да имате. Благодарна сум им многу, за сe' што направија. Платите можеби не им се по 30 000 илјади. Солидни се, но сепак од тие плати јас си имам се'.
    Кога они се покрај мене, ми ја покажуваат нивната љубов, ниту пари ми се важни, ниту ништо.
     
    На CurlyD, Buttterfly, MiiLla и 2 други им се допаѓа ова.