Во принцип не сакам да се жалам така што и покрај тоа што економската ситуација ми е прилично лоша секогаш велам дека со оглед на примањата дома - имам се што ми треба.Задоволна сум што со една плата дома успеав да завршам факултет а и сестра ми сега ќе биде апсолвент.За јадење и пиење никогаш ништо не ни фалело,а и со облека стоиме добро,значи не нешто претерано скапо ама убаво и имам комбинации за секаква пригода.Е сега околу пари за излегување и слични работи малку потешко оди,ама сепак мајка ми се труди колку што може повеќе да ни приушти.Само ме иритира фактот што на свои 25 години сеуште немам своја работа,ем за да помогнам дома и ем за себе,иако по природа сум од поскромните
Прилично лоша ...во последен период за нијанса подобра , сосема мал но забележителен напредок.Не работам моите ме издржуваат и тоа ми иде на нерви , значи ќе морам да си ја проголтам гордоста уште некоја година додека не почнам да работам. Пари не трошам на луксузи , би рекла единствен помал фетиш ми е долната облека , исполнето се чувствувам кога и последниот денар ќе го потрошам на ситници само за да видам насмевка на нечие лице Паметно однапред го планирам мизерниот буџет си имам листа од приоритети , не се расфрлам со пари
Па економската состојба не е нешто за фалење. Кога бев мала до пред некои 5 години се што ке посакав добивав бидејки родителите работеа во силна фирма. Кога фирмата ја затворија останаа во исто време и двајцата без работа а не очекуваше свадба на сестра ми со сите тие трошоци. Отворивме приватен ресторант но не ни успеа. Моите се задолжија со многу кредити и позајмици со цел да ми направат матурска забава во најелитниот ресторант во градот, да ме пратат на екскурзија, одмор со дечкото, факултет... Сето тоа го ценам, но сега е многу лоша состојбата, бидејки татко ми не работи поради тоа што е стар а и тетка ми е парализирана и тој ја гледа. Пред некој ден едвај се измолив за патики од 1300 денари кои порано не претставуваа никаков проблем. Дечко ми ја знае состојбата и знае дека кога и да излеземе во град јас сум на негов трошок, па затоа не трошиме многу пари на седење по кафеани или кафичи. Што е најтрагично од се, и јас со мои 19 ипол години барам работа но немам воопшто срека да ја најдам Еџ, кога би можела да најдам работа се би било многу полесно но секогаш си велам дека ако Господ не ми го овозможува она што го сакам да го имам тогаш чува нешто подобро за мене.
Немам скршен денар. Штедам за карта за Рибља Чорба и за капче во реге фазон. И никако да заштедам. Не се расфлам со пари, никогаш и не сум го правела тоа, што да ви кажан -типичен јарец во хороскоп.
Па сега барем не можам да се пожалам. Мојата хедонистичка природа бара да си биде задоволена А кога можам да си дозволам по некој луксуз, па зошто да не?!
Таткоми не земаше плата 6 години... За тоа време бевме само на мајками платата од 6000, а брат ми учеше во друг град ... Пред 4 години таткоми се откажа и проба да најде работа во Фени... За срека го примиа и сега е се океј не се жалам Знам како и е да има и да нема, парата е пролазна сега а има утре а нема...
Ме испровоцира темава од друга гледна точка, сите кукаат и велат дека немаат пари и оооооооп нов автомобил, стан...што и да е. Јас лично неможам да се пожалам мада имало и полоши денови, работиме со сопругот и земаме доста солидна плата и дваицата. Не оскудеваме за нешто ехтра да ни фали освен што нашиот малишан често кинка за нова играчка - многу му фалат играчки
Порано беше подобро, сега малку заглавуваме некои месеци, но не се жалам. Моите ме издржуваа учев на приватен факултет, постдипломските ми се на самиот крај уште магистерскиот труд, одев и на повеќе одмори, екскурзии апсолвентски итн. Си купував и поскапа гардароба и имав и за уште еден плакар. Но веќе година дена работам со половично работно време и со плата најминимална, основни трошоци пат и храна (како и секој правник кој учи). Има една голема промена сега на друг начин ги ценам парите. Не ми е исто, порано од манго кога ќе купев блуза за 2000 денари. А сега кога со мои пари купувам па си велам за тие пари 2-3 блузи ќе купам. Плус моите веќе не заработуваат како порано и не барам пари од нив, се трудам сама да ги штедам и тие малку пари кои ќе ги земам и месечно барем нешто да си се почастам и секогаш купувам што поефтино. Веќе ги знам продавниците на памет кај има попуст, кај има поефтини работи итн. Тоа ми е мана облеката, акцесорисот, чевлите... па се трудам и тоа да си го дозволам и без помош на мама и тато и со најскромни примања.
ужас, си барам работа вака не оди. Учи Учи и пак работа нема Многу сакам да си земам своја плата, и да си ја трошам на се што може да ми истекне, не да се расправам дома ова ми треба, она ми треба, е сеа неможе многу имаме потрошено
Имаме добри финансиски прмања и имот, само што татко ми има приватна фирма (во која мајка ми е директор затоа што татко ми е вработен во државна фирма) и искрено не е добро, многу лошо оди. Во период од 3 години финансиски опаднавме сите пари се вложуваат во фирмата,а за нас тоа што ќе остани секој ден го молам татко ми да се откажи и да почнеме да живееме покомфорно доволни ни се парите кои ги прима тој + дедо ми зема инвалиднина 1000 евра и + дуќаните под кирија да ги дадеме би живееле не само комфорно туку и луксузно, а вака само се вложува во нешто од кое нема никаква заработка и страм ми е кога одам со искинати патики затоа што татко ми сите пари ги вложува во глупавата фирма, а фамилијата е оставена на задња рупа свирало
Па економска криза е во цел свет.. сите ја чувствуваме, многу работи ми недостигаат иако моите се трудат да ми овозможат да имам се.. но тоа не е можно со оглед на тоа дека тука се и брат ми и сестра ми но сепак не се жалам не е дека немам ич имам онака ми рекла доволно но се трудам да заштедам некој денар и јас па моите женски ситници сама да си ги купам
Извини што вака ќе кажам и немој да сфатиш ништо лично и погрешно,ама само дедо ти има инвалиднина од 1000 евра,татко ти работи во државна фирма и ти викаш дека состојбата не е добра??? No comment....
мислам дека девојката сакаше да кажи дека и платата и пензијата ги вложуваат во фирмата, ама таа пак си пропаѓа он топик па што знам, добра ни е состојбата, моите земаат малку над просечната плата, а имаат и заштеди од порано, па ако ми е потребно нешто си го добивам, иако секогаш се повеќе е за брат ми, дека поголем, ама и мене ми е добро
Па може да се кажит дека живеам нормален живот, не дека не не имат погодено економската криза, али сите пари што ке влезат дома се пари за понатамошни инвестиции... И со оглед на то дека и јас и брат ми сме студенти во различни градови, надвор од дома, колку што може ми се задоволени барањата..... Ако нешто ми фалит, тука се неделните пари што ми се за од понеделник до петок (пошто во петок си одам дома) и успевам некако да тргнам некој денар настрана за некој мои желби и барања..(многу ми е срам нон стоп да и барам пари на мама за се и сешто што ќе ми текнит мене) ...
Оф.. што да кажам. Кога бев помала, беше одлично, двајцата родители со солидни плати, одмор секое лето и каков таков нормален живот. Моите имаа заштеда за стан, ама мајка ми се разболе, па сите пари ги исподадевме за доктори (не жалам ни денар од тие пари). Потоа останав само со татко ми, кој пак колку толку ми помагаше финансиски, па и тој се разболе, се задолживме со кредити за да може да се лекува, и џабе. (ни од овие пари денар не жалам) Сега сама се издржувам. Имам семејна пензија од 100 евра месечно и плус подработувам колку за неделни трошоци. Не стигнуваат пари, ама тоа е, мора да се бориме. А и после се поминато, не ми значат ништо парите, зошто знам и да имам милиони пак ке ми фалат моите, и знам дека ништо битно во животот со пари не можат да купам. Затоа не се жалам. Се што ке заработам трошам на патувања зошто тоа ме исполнува (макар било и до соседен град). Додека имам кревет и кебе, добро ми е... Не ми треба ни брендирана облека, ни скап мобилен. ништо. Само здравје.
Кукличка жал ми е што сето тоа си го поминала во животот.Но секоја чест за силата да продолжиш понатаму сама и што цениш други работи кои се многу поважни од парите
Кога сум била помала економската ситуација ни била многу лоша и едвај од 1 до 1 се преживувало. Стварно незнам како али секоја чест на моите! Сега морам да признаам дека е супер и со оглед на криза и се тоа е екстра (фала богу). Мајка ми има околу 700евра а татко ми незнам точно колкава плата има околу 2000евра мислам, плус минус толку...
Не се жалам.Двајцата родители секогаш ми биле вработени,ми овозможиле се што сум посакала во животот-образование,одмор,екскурзии од прва до последна и ред други работи.Ама,сега стварно јас имам ужасна потреба сама да заработувам,да им олеснам на луѓето кои цел живот се утепуваат од работа за да ме изведат на прав пат и да поуживаат малку и тие самите во сопствените пари дури се сеуште помлади.Само,ова се мои желби,а реалноста е друга.
Не можам да се пожалам, моите работат во странство, има колку толку, ама сепак би сакала и јас да се вработам, да имам свои пари...