Средна, иако во последно време се полоша. Кога мајка ми работеше земаше одлична плата, плус пензијата од татко ми и можевме да си приуштиме се. Но, сега мајка ми е во пензија, со сестра ми пораснавме, двајца студенти е тешко за издржување, па си кратиме од се. За среќа не патиме од тоа да бидеме облечени во брендирана гардероба или пак да се луксузираме со огромни излегувања. Се преживува.
страмота ќе биди ако се пожалам со 2јца вработени родители од кои таткоми зема доста солиднаплата но не е све до парите на пример периодот кој што го поминвам најмалку што ми требаат се пари се восхитувам на лугето што поминале доста тешки времиња успеале да застанат на нозе и парите ништо не им значат...
работам од кога памтам за себе имавме приватна фирма па цело време дремев таму работев помагав. кога пораснав средно одев по невладини хонорарно нешто имав колку толку. моите солидно заработуваа но воопшто не трошев бев мала ништо не ми требаше а и таква сум скромна потоа ситуацијата се влоши живи мизерии да не ви кажувам не сакам да се потсетувам.потоа татко ми почна да работи во соседната ни држава и го издржуваше семејството а јас работев и по две работи кога бев на факултет и уште пред да завршам стажирав платено и одма се вработив не чекав ич. сега ми е добро ама цел живот работам, не трошам на облека чевли и чанти не ми претставува задоволство.но нова книга, театар балет ресторан таму ги давдаме парите со вереникот. не сум трошач уште неможам да се навикнам дека имам солидна плата и се штедам (не намерно ама ни остануваат). секогаш има полошо и подобро така да задоволна сум сега посебно заради тоа што сама си печелам
Добро е не се жалам Моите се вработени и двајцата, брат ми знае да ме искешира често и таман ми е. Се обидувам да штедам малце во последно време, за да можам да имам повеќе пари за на одмор
во минатото мојата економска ситуација беше потешка бидејќи останавме со мајка ми сами со една пензија.Секој ден му се заблагодарувам на Бога што бев задоволна и со многу малку и на мајка ми секако што двоеше од себе за да ми приушти се што сакав иако тоа беа скромни барања.Денес сум мажена,сопруга и мајка на две деца,имам примање и сопругот работи(тој повеќе заработува) можеме да егзистираме од тие примања,ги задоволуваме потребите на нашите деца и своите потреби секако.Неможеме да си тераме некој луксуз но нормален живот имаме.Можеби сега малку сме кнап бидејќи сме само 4 год во брак,па двоиме за реновирање,автомобил и сл но се надевам на подобри времиња
колку и да трошам, пак ке ми текне нешто друго што сакам да купам, ама се боздржувам, дури да соберам пари, и со едно излегување, се враќам дома без скршен денар xD
Беше многу лошо, со 2 кредити и студент и еден само вработен беше мнооооооооогу тешко. Сега се двајца вработени со еден кредит и подобро е
имало и многу подобри и посветли денови, а сега е малку потешко оти четворица луге со една плата (двајца невработени и еден студент) тешко, многу тешко... се надевам на подобро
Каква е??/Очајна ете каква..далеку од тоа дека нема што да се јаде,ама настанува криза кога ке се платат сметките,не останува буквално ништо,од многу работи се откажав ,имам две деца и секогаш за нив да има,работи само сопругот,и немојте да кажете зошто не работам,верувајте се трудам ама..нема..и така чекам да заврти месецот,да не е мајка ми со нејзината пензија за некое ситно задоволство ..добро ке се прерачунам и кога одам во театар или..купувам козметика..
Не е совршена, но споредено со многу мои другари/ки, срамота би било да земам и да се пожалам. Имам пари скоро секогаш во мене. Моите не ми дозволуваат да излезам од дома без скршен денар, си имаат развиено некоја теорија во главата дека никогаш не се знае што може да ми притреба, па никогаш не ме оставиле со празен џеб да шетам. И 50 да се, последни да им се, ќе ми ги дадат. Не ми купуваат се` што ќе посакам, а и не сум тој тип на човек да сака едно нешто да купи со 1000 денари да речеме, секогаш гледам да е поефтино за да ем олеснам ситуација, ем да ќарам повеќе. Не сум зависник од брендирана облека, нити пак патам од комплекс на пониска вредност ако не носам штикли од над 3000 денари. Единствено, патиките сакам да ми се марка, затоа што реално гледано, оние Маниа, Мат-Стар и не знам уште кои да ги ставам под ист кош, се крш. Затоа, еднаш ќе дадеш поголема сума на пари за патики и после цела година, ако не и повеќе, си фураш. Од друга страна пак, благодарение на дедо ми (има приватна фирма која што одлично функционира), се снабдувам понекогаш со пари за излегување, пари за некоја скромна неопходна козметика, и за одредени други ситни работи. Олеснување е големо тоа, посебно за моите, иако и двајцата работат. Парите како што ги земаат така и ги трошат, сметки, исплаќање на кредити, храна, облека, ретко кога останува нешто за да се тргне на страна и да се заштеди за црни денови или пак за некој одмор на некоја подалечна дестинација. Сепак, знам дека еден ден ќе биде далеку подобро. Не само за мене, туку за сите нас. Има подобри денови, знам дека доаѓаат, а до тогаш, да се задоволиме и со она малку што го имаме, некој нема ни една третина од тоа.
За среќа засега добра, маж ми има приватна фирма, јас вработена во државна администрација-подобро здравје. Старите помагаат колку толку, не можам да се пожалам. Но не сум некој луксуз човек. Подобро ќе си купам 4 пара балетанки од Кина Шоп за по 300 денари, отколку да купам 1 за 1200-скромна сум. Мојата плата никој не ја бара, значи секој месец си се подновувам со нешто и плус само што си ги плаќам трошоците за факултет, а најголем дел оди на книшка, мора да се остава на страна здравје боже работиме на случајот за бебе, па ќе требаат многу пари.
Едно дете, кај тато у фамилија едино женско внуче, кај мама у фамилија едино внуче, па се наоѓа доста Среќа уште немам потреба да работам, али ако тато реши дека детето пораснало и треба да работи и ми дае клоца у гз е тогаш ќе бидам не у економска криза, у економска пропаст Некад ми е жал кога трошам пари на глупости....али пошо тато е среќен кога ќеркичката му е среќна па ради негова среќа идам да купам некој пар штиклички
Далеку од совршена. Во споредба со некои изминати времиња е доста полошо. Во последно време се трудам да заштедам некој денар, па ќе видиме како ќе биде понатаму.
па не е како некогаш што било со оглед дека времинњава се се потешки и потешки меѓутоа ок е има за излегување има за алишта има за образование епа сеа што друго да барам
Па да кажам задоволна сум од економската ситуација во мојот дом. Можам да си дозволам многу работи за разлика од порано кога економската ситуација ни беше многу лоша. Затоа денес знам да ги ценам работите. Знам како е кога имаш, знам како е кога немаш.
Уфф тешка работа штеди штеди па нешто ќе искрсни и отишле парите. Моментално невработена, денес бев на интервју чекам да ми се јават. А пак од предходната фирма ми борчат 3 плати па се надевам ќе ми ги дадат да издржам додека најдам нешто ново ако не ќе треба да барам од мама и тато ама тоа тешко сега кога ќе се навикниш на свои пари потоа срам ти е да бараш од домашните.
Добра, нормална, далеку од совршена... но така е зошто сепак и јас и сестра ми сме на приватни факултети па ете кај одат парите... али не се жалам, далеку од тоа дека имам се што ми треба, но сепак сме биле и во полоша економска ситуација. Среќа и мајка ми и татко ми земаат нормални плати.
Прво морам да кажам дека ова прашање е до некаде лично, и мене ми смета како тема до одреден степен. Мојата економска ситуација и дали имам се што ќе посакам? -Не. А постои некој што има се што ќе посака? Во секој случај, мојата економска ситуација зависи од таа на мама и тато. И не се жалам од тоа што го имам, напротив. Доста ми е. Никогаш не е на одмет повеќе, но во овој момент си ги знам можностите и по нив се ориентирам.