Па средна. Не се жалам. Фала му на Господ, и мајка ми и татко ми работат. Летово ми текна и мене, колку да си имам за мене Не е лошо.
Знаете, најлошо е кога ќе имаш, па ќе немаш. Не дека сега немаме, фала Богу, стоиме подобро отколку поголемиот дел во државичкава... Но, знам како е и кога имаше многу повеќе. Сега се чека први, се штеди за да се купи нешто. Порано кога и да посакав нешто добивав. Не бев разгалена, но беше подобро. Сепак, секогаш имам добри алишта, пари за излегување, образование платено. Да не спомнувам дека дома има што да се јаде, сметки платени.... Не е мала работа да школуваш студент кој ќе седи во Скопје, знам дека од септември многу ќе ми се зголемат трошоците. Плус моите се обидуваат да заштедат некој денар настрана за нова куќа, но како изминува времето сфаќам дека шансите за тоа да се оствари се мали. Знам дека шансата ќе се пружи кога јас ќе се вработам и ќе ги помагам колку толку. Да не се жалам, има многу полошо од моето.
Во моментов во криза али се до плата Општо гледано е просечна, така и било цел живот, ни премалку ниту пак премногу. Е сега кога сама си заработувам е да речеме нешто подобра затоа што имам и за некој луксуз повеќе, али е далеку од она што реално ми е потребно и што го посакувам.
Двајца вработени+сестра ми постарата работи, но за мене лично-тешка катастрофа. Единствено не можам да и замерам на мајка ми која и мене и на двете сестри ни овозможи факултет и магистерски. Но, освен тоа месечно не добивам денар за ништо друго. За облека дава, само кога СТВАРНО, нема што да носиш на нозе или ако ти се скинат фармерките ми вика иди подзакрпи ги. А како да одам кај шивачката кога знае дека сите дома ми работат. Но, за среќа подработувам нешто хонорарно, па си ги крпам тие дупки за облека и козметика. И уште ми викаат давај и на сестра ти, што секако и давам. А на оваа што зема плата од државна институција не и викаат ништо. А, ако одбијам да дадам, веднаш јас сум себичната и скржавата. Е ајде сега да те видам.
татко ми има две фирми и сме прилично богати, мајка ми не работи, но зема плата од нашиот бизнис... си има за неа...и уште да беше на изглед се како што кажав ке падне одма богата има све шо сака кука пари коли други небитни инвестиции ... но кога станува збор за мене мајка ми слабо за татко ми да не зборвам освен од најосновни потреби (лично за мене и некогаш ги немало) друго не доаѓа во обзир за мене п.с ако има некој што разбира за што би ги трошеле освен за инвестициите и уште некој кредит парите а не на мене нека ми каже ...
Многу подобра од пред неколку години. Од кога јас почнав да работам и мајка ми смени работно место убаво се живее. Задоволна сум и убаво е чувството кога имаш свои пари за се што ти е потребно.
Реално порано живеевме многу убаво,можевме да си приуштиме одмор секое лето,стигаа пари за сите потреби,што ќе ми притребаше моите се трудеа да ми го овозможат порано или подоцна.Сега е многу тешко едвај се сврзува крај со крај,не можам да си приуштам да си купам буквално ништо,одењето на одмори почна да се сведува на минимум.А,и годинава сум полуматурантка па имаме прилично многу трошоци.Некогаш посакував да бев постара за неколку години за да би можела да работам и да допринесам со нешто.Но,тоа е се надевам оваа ситација некогаш ќе се смени...