Сите ние идеите за облекување, стилот, шминката, па дури и манирите ги пронаоѓаме во некоја личност. Многу често има личности што ни даваат инспирација за тоа како сакаме да изгледаме и имаат голема улога во градењето на нашиот сопствен стил. Ме интересира која личност е вашиот репер за мода, вашата модна икона или пак која личност едноставно ви се допаѓа со нејзниот изглед? може да постирате и слики Значи еве , мене лично, модна икона ми е Edie Sedgwick, музата на Andy Warhol, од 60-тите години. Ја обожавам затоа што е едноставна, елегантна, гламурозна и зрачи со сексапил. Начинот на облекување и е во стилот keep it simple, keep it sexy. Од неа го присвоив начинот на шминкање кој го практикувам веќе 3 години, очи исцртани со туши малку руменило. Прекрасна е!
Отсекогаш ми се допаѓала Одри Хепберн, Breakfast at Tiffany's, Sabrina и Roman Holiday ги имам гледано 100 пати и што засакав (и практикувам): бисери (посебно ги обожувам), додатоци за во коса, кратки асиметрични шишки и неизбежниот мал, црн фустан, кој секој од нас треба да си го има во плакарот. Прекрасна е , нежна, рафинирана, вистинска модна икона. Од имагинарните филмски ликови, едно од посебно добро суредените ми е Блер, од Gossip Girl. Не знам кој е стилистот, лично јас би сакала да го имам за себе, се' што носи е доведено до беспрекорност, тенот, косата, минимално природна, а сепак присутна шминка, преубаво, совршено. Се восхитувам на нивниот стил, имам земено по нешто, но сепак, се трудам да си изградам мој сопствен. The final touch is always mine
Па во мојот список на модни икони има три девојки на кои стварно им се восхитувам,и претствуваат пример на средена нежна убава и секси девојка....секоја ме импресионира на различен начин! Прва ќе ја споменам cheryl cole: Таа нејзина нежна насмевка ме остава без зборови,толку е заводлива и нежна во целост,косата и секогаш перфектно средена со висок сјај самат си зборува за себе....нежно лице,слатка насмевка,и секогаш средена фризура...ми претставува девојка за пример која ги има трите основни работи кои ги забележува едно машко. Втора eva longoria: Девојката е секогаш средена,и посебно ми претставува т.н модна икона кога станува збор за стајлингот,секогаш носи некои фармерчиња со штикли што ја прави посебно секси,и се пронаоѓам со нејзиниот стил,некое кошулче голема ташна,штиклите и таа е ТОП,се разбира бидејќи и е заштитно лице на макс фатор,и шмикката и е секогаш беспрекорна-како да не е кога за неа се грижи цел тим на луѓе. Трета vanessa hudgens: Девојката ми е посебно мила,и некако пронаоѓам многу заеднички работи,косата ни е иста,и боја и должина и фризура,ошите се тие,телото ми е такво...некако ептен се пронаоѓам...носе големи ташни исто и јас забележувам и гладијаторки кои и јас ги имам....има и многу други слични работи. Сите три ми се прекрасни секоја на свој начин....и секоја ми претсатвува модна икона,па има и за што убави се ,секси,секогаш модерни...и девојки со стил!!!
Ани бравото е за описот на твојот изглед претпоставувам. Имам една забелешка до тебе- Ева Лонгориа е заштитно лице на Лореал, а не на Макс Фактор. Инаку за темата, немам некоја модна икона, сепак и нив некој им е стилист, ама ми се допаѓа стилот на Џенифер Лопез и Сара Џесика Паркер.
упс малку сум се збунила....зошто во меѓувреме барав слики и сум помешала поими...сепак фала што ми укажа на грешката.позз до тебе
Мило ми е што прифаќаш добронамерни критики Таква сум јас, ако нешто ми штрчи веднаш реагирам и корегирам :geek: . Фала за поздравот
Moжам да кажам дека понекогаш ми е Кери од Сексот и градот. Особено кога си ги репризирам серијалите . Во главно, имам свој стил и луѓето некогаш ме карактеризираат и препознаваат по него.
Искрено - доста крадам од тоа што ќе го видам. Уствари тоа јас си го викам земање на инспирација. Ама вака кога ќе размислам - не можам да најдам ниту една која има стил како мојот. Можеби е до мене, денес ништо не ми текнува. Како и да е, секогаш имам мноооогу детали на себе...
Паа на прво место Ева Лонгориа!Па Џенифер Лопез,Кајли Миног,Џесика Алба,Миранда Кер и Хајди Клум!Овие се така повеќе што ги следам и најмногу ми се допаѓаат...инаку има и други
Моите топ 4 Марлене Фавела Значи од глава до пети-топ...Косата,телото,начинот на облекување.Прекрасна е.Со нејзиниот стил едноставно блеска.Она има посебна убавина Луисана Лопиалто-мојот идол уште кога играше во Бунтовниците..Има малку необичен,али лежерен стил кој го обожавам.А,она самата дефинитивно е една од најубавите девојки во Аргентина Leighton Meester Паничарката во Озборувачка..Оттаму ја засакав...Сликата зборува се за неа Ja има онаа природност која ми фали кај многу други.. Каролина Гочева Од нашиве неа би ја издвоила..Поентата не е да се биде различен..Поентата е да се биде оригинален,а она е На неа буквално се и стои.Од обични фармерки до вечерни тоалети.И да е нешто опуштено-немодерно она го прави супер оригинално..
Toп 5 1.Ashley Tisdale Кај неа ми се допаѓа што секогаш ги следи модните трендови и секогаш е супер облечена комбинира парчиња облека кои би изгледале незамисливи а на нејзе и стојат супер. 2.Vanessa Hudgens Го обожавам нејзиниот лежерен и модерен стил секогаш е модерна и тренди и знае да излгеда супер и на прошетка и на премиери. 3.Luisana Lopilato Луисана ми била од МБ идол поради гласот, глумата, изгледот и СТИЛОТ. Често се трудам да се облечам како неа се и стои многу убаво и во најобична облека таа изгледа прекрасно. 4.Miley Cyrus Ми се допаѓа нејзиниот стил зошто експериментира често и тоа излегува супер. 5.Blake Livley Не знам како и успева секогаш да е прекрасно облечена и тип-топ средена.
И,заборавив.Онојпат кога постирав знаев дека има уште една,а тоа е Каролине Селико..Не знам колку ја знаете..Таа е бразилски модел,пејачка а воедно и сопруга на фудбалерот Рикардо Кака'.Едноставно е преубава..
1.Коко Шанел, премногу гламурозна личност, премногу испирација, препаметна креаторка. Оргинална е ја Обожавам 2.Сестрите Олсен-Многу ги сакам, можеби затоа што имаме заеднички црти и сличен стил. Млади девојки со добра цел и одличен стајлинг.
вистинската жена има облини ...а женскава е измислена колку и да ми е антипатична и да не ја сакам , посебнo од две причини дечко ми се пали на неа и начинот на кој стана славна во холивуд ..морам да признаам убава е кога станува збор за модата има вкус на задоволително ниво според мене најголема утка до сега и беше кога стана русокоса
Зар Лејди Гага ја сметаш за своја модна икона??? хахахаха. Искрено девојката ми е најантипатична на цел свет.Има добри песни ама со нејзиниот стил на облекување не и е местото на естрадата туку во некој циркус. Не знае веке што да облече на себе, да може и го**на ке си стави само за да добие внимание , а може и нешто и фали нормален човек нема вака да се носи.