Diane Kruger е една префинета девојка која во последно време се повеќе ја загледувам на модниве страни, многу елегантна, женствена, умерена, модерна и за да не се трупаат теми за стиловите на сите познати холивудски ѕвезди решив тука да го кажам позитивното мислење за нејзиниот стил.
Кога можам да си допуштам да бидам јас, си се облекувам како Џони, само женска верзија. Распарталено, „ефтино“, со дрангулии на мене А кога одам по свадби, веридби дрн дрн, цуркава ја обожавам. И нели иам денови кога мора до гуша да се затворам, оти сум во круг на различни националности и мораТ малце поконзервативна облека. Чисто почит кон нив.
Сиена Милер ми има едноставен и опуштен уличен стил, но разигран и свеж, секоја нејзина комбинација ми фаќа око. Само навистина сметам дека треба да си направи некоја промена со косата. Безлична е со оваа боја и некако washed up, со потемна кафеава би била супер, како во Дон Жуан. Спојлер
Џесика Алба. Во секоја пригода е прикладно средена, секогаш изгледа одлично. Без разлика дали е на ред карпет или папараците ја „фатиле“ како оди во продавница, но сепак, женава си е тип-топ. Заслужено го носи приматот кралица на учичната мода. :up: Спојлер
Мене фаворит ми е Блејк Лајвли, на прво место. Има препрекрасни комбинации и самата си ги прави стајлинзите. Убава е и на црвениот килим и во кежуал комбинации. Аи слатка е многу. И ги сакам сите комбинации.
Јас се фасцинирав од изгледот на Cara Delevingne на Канскиот фестивал. Тоа ми беше совршен фустан и изглед. Затоа ја прогуглав малку и ја ставам во темава како девојка која може во иднина да не воодушевува со нејзиниот стил, има само 21 година
Иако не е „реален“ лик, моја модна инспирација е Blair Waldorf. Се трудам да изгледам секогаш префинето и женствено, ретко кога спортски. Ќе напоменам дека таа ме инспирира, но не ја копирам. Сепак, за разлика од неа, не носам секогаш сукњи и фустани, туку многу често - хеланки. И тоа не обични - еднобојни, туку некои со елегантен принт или крој. Секако, треба да ја споменам и Одри Хепбурн со нејзината препознатлива елеганција и шарм. Во помали мери ме инспирираат и Грејс Кели, Коко Шанел и Кери Бредшоу. Спојлер понекогаш додавам и некој рокерски детал, како алка со нитни или чевли со погруб стил.
Wendy Nguyen (Wendy's lookbook) Ја обожавам, уникатна е во секој поглед. Комбинира навидум неспоиви парчиња и текстури, класично со кежуал, а притоа, сето тоа изгледа одлично вклопено