Не дека ми е репер али стварно ја обожавам. Jessica Alba ми е толку шик кежуал девојка што просто ме воодушевува, колку е едноставна а секогаш прибрана за секаква пригода. Највеќе од се ми се свиѓа што не се труди премногу за да изгледа совршено туку само средено и нормално а истовремено модерно. Да не зборам за црвен тепих и слични манифестации како знае да се скоцка, бомбона.
Miranda Kerr ми е совршена. Покрај тоа што е преубава и немам видено ниту една утната комбинација. Свечените и се добри ама секојдневните особено и ги обожавам.
Blake Lively Најслична е до мене по стилот на облекување, плус целата облека што ја носи си ја бира сама. Убавица.
Сакам чисти линии и структуриран крој, но воедно и лесни, лелеави материјали за пролет и лето. Не би можела да издвојам само една личност како репер за модна икона. Би ги навела Grace Kelly и Audrey Hepburn, како пример за елеганција, умереност и безвременска убавина, нешто кон кое би требало да се стреми секоја жена.
Морам да ја спомнам. ОЛИВИЈА ПАЛЕРМО Совршена е во секој поглед. Го имам гледано шоуто The city и иако таму е во глобала кучка, не ми го промени мислењето за неа. Шоута се пред се филмови само што главните ликови си ги задржуваат вистинските имиња. Девојкава зрачи, колку само се познава колку е заљубена. На сликите со сопругот едноставно свети И колку се слатки кога им се усогласени комбинациите Никогаш не сум прочитала да е вмешана во некој скандал, трачеви за неа скоро и да нема, со еден збор ДАМА Која е тајната за ваква коса???????
Ако морам да бирам би ја избрала Ријана.Толку ми е единствена и многу ми се допаѓа какви комбинации прави.Тие "безсмислени" комбинации се всушност многу добро смислени.Би ја избрала неа дефинитивно.
Чудно ли е што сум жена, а маж ми е моден репер? Brendan Fallis. Ми се допаѓа стилот зошто му е чист, минималистички и дефиниција за класика. Од фенси до спортски изглед. Нормално не носам костими, но "филозофијата" ме привлекува и се трудам да го применам во некоја своја женска верзија.
Викторија Бекам. Ми се свиѓа тој стил на успешна деловна жена, парчиња до негде слични има кај нас во Бела, Манго а се наоѓа и по др продавнички. I like it
Од балканов дефинитивно Јелена Карлеуша и го сакам стилот пошо е оригинална,јес да некад претерува да се разголи ама и некад поштувам не претерано да жена со атрибути може да се покаже.. а од светов ми се свиѓаат Ријана,Клои Кардашиан и Бијонсе..
Мајка ми! Откако се сеќавам на себе таа ми била репер за тоа како треба една жена да изгледа. Од избирање на облека и аксесоари, до нивно комбинирање. Секогаш е оригинална, без да изгледа наметливо.