Секако прво да ми се живи и здрави најмилите а потоа да го запознаам Еминем , да испијам едно кафе со него да ја посетам кривата кула во Пиза и Ајфеловата кула во Париз , да се вработам како професорка по англиски бидејќи тоа е професијата што ја сакам
Најголема желба да се вработам во Италија таму да си идеме со дечко ми и да основаме фамилија со неколку дечиња. ❤
Посакувам и се молам Бог да ги помилува и Благослови сите со Светата Тајна Брак и да ги Благослови со Божји дар бебенца колку сакаат...Бог да дарува дечиња сегде каде што нема,а да ги зачува сегде каде има..
Да остане до мене личноста што ми значи најмногу. Здравје за мене и за сите мои блиски. Безгрижни денови исполнети со насмевки. И last but not least, успех на професионален план, на што активно работам во моментов.
Да станам пак на нозе..да можам да одам како ништо да не било.. За да можам да го фатам под рака и да зачекорам во таа нова етапа..
Секоја вечер да заспивам покрај мојот најсакан даден од бога Да видам две цртки што ги чекам веќе некое време Мојот последен здив да биде покрај мојот сакан....
Да си средиме тука прво, па да одиме во странство, да си имаме наша фамилија и нај важно да бидеме живи, здрави, среќни и насмеани.
НАЈГОЛЕМА желба од сите ми е да станам светски-познат писател/автор или пак актерка. Имам голема љубов кон литературата и глумата. Друга желба ми е да се промени светот, почитувајќи ги разликите меѓу луѓето.