Среќа нормално. А моментална најголема желба.. нека звучам како материјалист, ама финансии Некогаш се навистина потребни.
Да работам на брод и воедно да се шеткаам, мислам дека нема поубаво чувство да се дружиш со луѓе од разни вери и нации, да шеташ а воедно и да заработуваш и да си ги трошиш сопствените пари ^__^
Да се се праам мангуп, ама најголема желба у животот ми е да дојдам еден ден до тој стадиум да немам желби и тоа да се деси на 90 и некоја година,а до тогаш нон стоп желби да имам. А најголема, вечна што дури и е во опсесивен страв што убедена сум дека сите го имаме постојано е - сите да сме живи и здрави и ништо лошо да не им се случи на моите, да доживеат длабока старост со внуци и правнуци. Ете тоа е мојата најголема желба!
Во овој момент најголема желба ми е да оздрави тетка ми, за оваа година најголема желба ми е бебуфчето да ми се роди живо и здраво и јас лесно да поминам на породување, а за во животов најголема желба ми е (после здравје) да немам грижа за пари и да можам да си приуштам се!
-Да сакам и да бидам сакана -сите да бидиме здрави и живи -да завршам факултетот навреме и да го работам тоа што ме исполнува -да ми успее една диета !
Да бидам здрава,кога ќе заработувам сама да имам доволно пари за нормален живот,да бидам успешна во мојата идна струка,да се заљубам вистински,да го најдам дечкото според моите критериуми.
Да имам успешна кариера, да си купам мал стан кој ќе си го уредам по мои стандарди, да го посетам Акапулко... (Здравје, среќа на најблиските...) Долга листа е мојава
Моментално мојата најголема желба е да се чувствувам подобро, да бидам посилна и повеќе да верувам во себе. Кога ова ќе ми се исполни, јас знам како да си ги остварам сите материјални желби.
Да станам успешна жена со високи финансии, да имам огромна куќа со огромна градина и крлешка внатре ЗАДОЛЖИТЕЛНО Потоа да бидам заедно со мојот сакан и да бидеме среќни до крајот на животот и секако да го прошетаме целиот свет заедно. Многу филмови гледам нели?
Најголема желба ми е да сум здрава и жива уште 100 год. како што би се рекло! Што и да се деси само сакам да останам среќна и приземјена