Колку сакате и колку порачувате даски во нашиве ресторани? Која ви е омилена? Ладна даска? Похована даска? Пилешка даска? Сувомесната даска? Гурманска даска? Даска со пинџурчиња? Во кој наш ресторан имате омилена даска? Што содржи? За колку лица е? Може и цена да кажете. Некоја даска од која сте незадоволни и зошто. Дали се исплатливи даските зошто обично чинат доста а се само мезе, не најадуваат како главно јадење кое е и многу поефтино. А дали дома правите даски? Што ставате во вашата омилена домашна даска? Неколку слики за лачење на нашите жлезди
Искрено зборов даска прв патго среќава, ама од сликата гледам на што се мисли ако е тоа народски кажано мезе, или предјадење. Не јадам во ресторан, а кога има дома гледам да го одбегнам. На прослави, слави и родендени го има најмногу. Дома мајка ми го прави од салама, кашкавал, сирење, чајна/кулен, некогаш сланина со домат и краставица, а некогаш декорира и со маслинки.
Даска со Brie, blue cheese, gouda... На коктели може и да се степам да докачам парче blue, Дома ја спремам за посебно драги луѓе... И за мене и маж ми, со бело вино, во сабота навечер...
Јас пошто обожавам се што е поховано најмногу сакам похована даска и сакам да има се што е поховано и тоа : похован кромид, поховани пилешки прсти, поховани печурки, поховани маслинки, похован кашкавал, поховани крилва, жабји батаци и сето тоа во комбинација со сортно бело винце оф, оф леле ама си се застрвив
Дома мајка ми често знае да направи некоја даска. Најчесто со сиренце, кашкавал, маслинки, свински врат, кругови патлиџан и тек таму ливче магдонос. Или пак пилешки прсти, сиренце, маслинки, некој сос и од страните краставичка.
Омилена ми е онаа со прсти,похован кромид,кашкавал,зденка,маслинки Сметам дека е претеризам цената на даските,некоја таму со шунка,врат,кашкавал,маслинки да ти ја наплати 500 ден.За двајца е таманмала даска од мојата омилена за мезе со вино. Дома имам голема даска,и кога ми доаѓаат гости секогаш е добредојдена.И баш фино изгледа Ако има некој повод ја полнам со пилешки прсти,поховани зденки,печурчиња,такви некои комбинации и во средина ставам чинивче со тартар сос а од околу мезето.Понекогаш ставам и поховани полнети палачинки,ги сечам на два три дела,ама само ако имам повеќе време. Инаку онака за мезе дружба,ставам сувомеснато,сиренце,маслинки... било што да се боцне Баш во ваков стил е мојата омилена даска
Многу ги сакам даските и секогаш порачувам, таму многу си ја сакав таа даската со питулица, гомлезец, ајвар и макало си лук, сега ми се јаде баш од таа, само не знам кај ке ја јадам Ги сакам и оние даски со камемберт сурење, она смрдливото мислам бри се викаше, суво овошје, маслинки, крекери, абе мераци Не дај боже некој такво да ми изваде, пред мене ке си ја земам и ке си ја изедам Овие даскиве се супер за родендени, коктел парти, јас најчесто ја правам онаа со сирење, некогаш онаа со сувомеснато зависи што имам фрижидер
Омилена ми е топлата даска , со поховани кашкавалчиња,зденка,пилешки прстиња и поховано кромитче. Мх,мх,мх. Омилено нешто. Поготово ми е вкусна во Дион. Не знам зошто ама можам да се удавам во похованиот кромид.
Похована даска со поховани лигњи, зденки, кашкавал, кромид, тиквички и маслинки. Кога одиме со друштво во кафана, додека сите гледаат да се опијанат, јас гледам да се најадам и секогаш завршувам со сметка направена од храна. Последниот пат направив добар чекор, нарачав некоја евтина даска во Мома, и ем си се најадов со фини ствари (што ретко се случува, обично нарачувам 2-3 работи), ем разумна цена платив.
За веридбата овој пат јас решив да си сервирам сама и да си спремам самам, инаку мајка ми знае да ја претера ептен. Ќе си направам три или четири врсти на даски, една со сувомеснато и млечни производи, се разбира декорирана со малку салата зелена и за промена нема да купам за декорација марула туку кинеска зелка, бидејќи мене таа ми е во моментов хит и ќе купам алуминиумски чашки за печење мафини од џамбо и со марула црвена ќе се обидам да ги замаскирам добро и квалитетно а да изгледа како самата чашка да е од салата, значи тоа ќе биде уште една даска од салати крем и свежи, една даска од похувани зденки, прсти, кашкавалче, пирошки ит.н. и се разбира една со месо, готвено со печурки и плус стекче, некои полнети копанчиња и мевца пилешки и се разбира кралицата на секое мезе, мини сармички . Е сеа ќе имаме две маси па ќе имам потреба од 8 даски во исто време така да ако не успеам да изнајмам многу веројатно ќе биде и да ги направам во тањири обични бидејќи не верувам дека ќе најдам толку даски, ко што сакам јас, се да ми биде спремно, стокмени Течните работи или ќе ги ставам во садови за салати, од оние малките за пудинг што се или нешто слично, но пак ќе бидат во едно споени на едно место. Сакам кога се ми е организирано, да е убаво сместено и да не штрчи ништо. Нема да биде лошо доколку успеам да најдам од големите овали за декорирање па да биде се некако заедно склопено во два овали и така ќе ми требаат само 4. Ќе видам, но секако ќе имате слика која ќе ви ја постнам Инаку во ресторанти си сакам најмногу даска со млечни производи, сиренца, кашкавалчиња, зденчиња, на скара или похувани, се да биде битно млечно, луда сум по млечни производи Најубава даска што сум ја јадела досега е во Ориент Експрес
Ние по дома немаме даски (ама мене ми фале даска!) , што ме тера да помислам дека тоа не е толку лош новогодишен подарок. Ептен сме хард кор, уште си сервираме во овали и си правиме ордевери иако даскиве се практични и привлечни за око. Инаку ја јадам баш секоја, таа со сувомеснатите прва, таа со млечните производи, похуваните работички и нормално - таа со салатите и пинџурите и макалата. Ама цените во Скопје за ваков изум, мислиш којзнае што е - се претеризам. Фрчат некои бесни суми од над 500 ден. па читаш во менито 800, па илјадарче, а ако си поголемо друштво, колкава и да е даската, ја снемува за 3 минути. Па така најмногу сакам да си правам по дома. Домашна омилена - мешана даска бре, мешан овал де, на него ќе најдеш и сувомеснато и сиренца и салати и прсти и зденки и зеленило.