Ангел обавезно слики да ни ставиш од декорирањето и на даските и на масите! Поседуваш премногу креативност, и сигурна сум дека одлично ќе го реализираш замисленото и напишаново, а тоа ќе е топ пример и идеа за нас.
Обожавам похована храна па така и похованата даска ми е омилена, а после неа даската со сувомесно и со повеќе видови на сирење. Во похованата даска сакам да има похован кашкавал, пирошка, тиквички, пилешки прсти, похован кромис, поховани маслинки, печурки, може и помфритче и сосови, тартар сос, пикантен сос и сос со сенф и мед. Сувомеснатите даски ги сакам со пршута, печеница, кашакавалче, сиренце, салата може исто ... Многу ми се допаѓа даската во Торос, Тренд исто така имаат убава даска но е малце поскапичка накај 600-800 денари, зборувам за похована. Минатиот викенд јадев похована даска во едно кафанче кај парк „Старо Скопје„ се вика и многу ми се допадна, ги содржеше сите работи што ги набројав, сепак ги прават и по желба и беше околу 400 ден. Превкусно и доста ефтино. Ми се допаѓа и даската во „Кеј„ , „Кригла„ , „Ганза„ ... Тие би ги издвоила, горе доле исти се секаде и со цените.
Извинете ме за оф, ама ајде некој нека ми каже од каде да си набавам такви дрвени даски за дома, ми требаат сега за свадбата за сервирање ве молам