Не се сеќаавам баш дали ми била прва играчка,меѓутоа знам дека имав една кукла што мирисаше многу убаво,на бебешко. Исто така знам дека баба ми ми имаше купено играчка-радио на батерии и кога ќе го пуштиш ја свиреше макарена,буквално мислам дека се правев со него.
Се сеќавам на едно мече, маста му ја извадив, да имаше душа да прозбори да каже, ма џадето од мене ќе го фатеше. Врв на глупоста, го “оперирав“, му ги исеков рацете, нозете и главата и со селотејп трака го лепев, демек сум го излечила
Имав едно пластично животинче, крокодил ли беше, што ли беше врска немам Се сеќавам му врзав врвца обична и низ маало " го шетав " Лом го направив
Прва играчка ми беа штиклите на мама и со нив надвор се шетавме со братучедами ..Циркузии (мачорот во чизми ) Имав и една кукла поголемка и мека како перница,спиев со нејзе,јадев,ја шетав,па и под нозе ја газев кога ќе се нанервирав,се со нејзе не ја попуштав никако.Еднаш и косата и ја очкрапав(како во ратот да била ) и сеуште ја чувам,арно достоа кутрата
Бело плишано зајче со розово меше и розови увциња. Уште го чувам, иако веќе ептен се познва дека е старо и излитено, но немам срце да го фрлам или складирам на таван. Се сеќавам дека многу плачев кога му испадна окцето и ја прашував баба ми дали ќе гледа ако му го залепиме пак. Инаку, баба ми ми го купила.
Кловнот Бозо Пластична глава и екстремитети, памучно тело. Не сум го испуштала од раце, секаде сум го влечкала со мене, па затоа сега целиот е распартален. Си го најдов пред некое време во викендичката, складиран во кутија со други играчки. Си го земав, го исправ убаво и си реков ќе го наполнам со памук и ќе го зашијам. Ама го заборавив... еве темава ми беше потсетник да земам да го средам
Мече, облечено во костум. Многу беше слатко, уште се сеќавам. Знам беше на сестра ми, после тоа јас го добив како помала. Многу го сакав. После тоа почнаа барбики да ми купуваат и кога си играв мечето им беше мажот.
Гумена бело-жолтеникава мачка Марија со вградени како на куклите сини очи,мали слатки насмеани и малку подотворени устенца,гумената опашка и е дигната нагоре,светлосина шара на градите,убав гумен мирис и свири кога ќе ја стиснам!Сега стои на креденецот како украсна играчка,ме расположува со нејзиното насмеано лиценце и ме мами на бакнеж со малите насмеани устенца! Неа мајка ми ми ја купи!А,баба ми и дедо ми што ме одгледале ми купија од Хрватска едно гумено бебе со гумени рачиња,глава и ножиња,труп полнет со памук,големи сини очи,насмеана малку подотворена уста и многу убав мирис!Се вика Тупузанче бидејќи е така голем и крупен како топуз,па оттука и Тупузан!Има отисоци од моите запчиња на едниот прст на рачето! И тој,исто така,ме мами на бакнеж со малите весели подотворени устенца и на прегратка со мирисот на неговата гума,којшто јас многу го сакам!Тоа се моите први играчки,моите мали и убави срцки и душички коишто на мене многу ми значат!
Една ѕвечкалка во сина боја,како со решетки беше,во форма на цилиндер,и секогаш тие ситните топчиња од внатре пробував да ги извадам,но никогаш не успеав.
Прва играчка ми беше едно малечко розево куферче како ташничка и во него внатре имаше огледалце, карминче и такви работи ...насекаде со мене сум го носела, од раце не сум го испуштала ... И кога ми го купил тоа татко ми многу сум била радосна па со мајка ми ме однесле во едно фото студио за да ме сликаат со него и ме ставиле на излогот каде и ден денес стои таа слика таму
Прва играчка ми беше еден жолт плишан папагал.Насекаде го носев,го гледав по сликите дека сум го имала уште од бебе и ептен си го сакав. Можеше да свири што го правеше уште попривлечен Кога се расипа и распартали,моите сакаа да го фрлат,ама јас стално плачев,па преболија луѓето. Останатиот дел од играчките,стои уште во мојата соба,во една посебна кутија,не бев бурно девојче,си ги чував
Првата играчка колку што се сеќавам ми беше кукла Убава и голема со долга плава коса ,кога ќе ја легнев затвараше очи кога ќе ја исправев ги отвараше и секогаш велев дека е вистинска и жива ама дека незнае да зборува Паметам имаше фустанчиња за преоблекување и чевлички.Имам многу слики со таа кукла.По некое време паметам дека велев дека она е мајка на сите барбики (од што беше голема а навистина беше како барбика) Кога сум потпораснала сум и ја скратила малку косата (нели дека жива де пак ќе и порасне)детски памет Сеуште ја чувам Темава е за едноствавен одговор ама еве добив инспирација за раскажување накратко
Пред да се родам,т.е. пред да ми го дознаат полот,татко ми ми купил џипче.А бе сакал машко дете да сум. Инаку џипот е зелен,вратите му се отвара и брзо вози! Сеуште го чувам,ене го во детската седи,на полица со другите количиња . А одкога сум се родила,т.е. втората играчка беше розев мајмун,голем беше.Од многу играње со него,партали го направив.И мама заборавила дека ми била првата играчка и ајде на ѓубре.
Мојата прва играчка беше гумено кученце во жолта боја.Му дадов име Џеки.Каде и да одев го носев со мене.Толку бев приврзана за него што го чувствував како вистинско пријателче