Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... На 12год. ,дома бев, се спремав да си играм, и воопшто не помислив дека сум добила иако мајка ми претходно ми имаше објаснето многу работи, да бидам спремна. Тоа не беше шок за мене, ниту пак бев нешто посебно возбудена. Исто како ништо да не се случило, многу нормално прфатив.
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... и јас исто како дидија ... дома си играв со братучедоте и наеднаш се осетив како да се мочкам во гаќи ... отидов во вц и средена ствар ... никави филозофии посебни немаше .... нормално ми пројде се инаку бев почеток на седно одд ... 12 - 13 год ...
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Јас добив во 4 то одд.си играв на улицата и си дојдов дома да одам во вц и што да видам ...мајками беше во вецето вадеше алишта од перална и и викам мамо види и ваа коа почна да се смее,леле кере тебе ти дошло вака така и јас почнав да плакам и избегав во собата....пред тоа многу ми зборуваше ама јас мала и не обрнував внимание и се исплашив коа видов... ....Три дена ми траеше и три дена од креветот не станав....хахахаха смешнооо....
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Јас бев седмо одделение,трчав во ходникот зашто каснев на француски.И како што трчав наеднаш осетив како да мочкам И реков на наставничката дали може до веце,и кога отидов што да видам,целите гаќички крвави.Кога почнав да паничам,и се јавив на мајка ми,плачев како луда.Толку плачење во животот немам видено,а не знам ни зошто толку многу И гаќичките што ги носев тогаш ги помнам,розеви со хелоу кити
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Во 5то одделение ја паметам дури и датата 3ти Април Дома бев и иако бев доволно информирана, и знаев што ми се случува сепак плачев
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Летото 6то за 7мо на одмор бев со моите во грција.......само што стигнавме таму отидов до веце и кога видов што ми се случува врескав како ненормална и плачев оти ми се уништи одморот
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Јас бев седмо одделение. 12.декември беше се сеќавам Се вратив од школо и си лежев така и осеќам нешто ладно ми е ме тресе, а обично и до ден денес кога ми иде ми е претерано ладно. Па со мајка ми бевме во комшии. Таму отидов во ВЦ кога гледам крв Ми беше срам да и кажам на мајка ми веднаш, па почекав до вечерта, таква збунета цел ден
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... 11 години .. 21 јануари Дома добив баш памтам .. многу се радував дека мајка ми ми кажа дека кога ќе дојде тој момент ќе ми го даде прстенот што го купила за мене да го носам и од купатило викам : Mамоо прстенот дај ми го
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Верувале или не,мене првпат ми дојде на 16 год.т.е.бев втора година средно.. Нормално бев загрижена зошто толку ми касни,па бев на доктор и ми рече нема потреба од паника ќе ти дојди Памтам ко си дојдов од училиште влегувам во купатило и тогаш баш почувствував блага болка во стомакот и гледам дека ми дошло
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Приказната за педофилот Беше тоа стварно згоден типец со спуштени раперски пантолончиња и црни очиња ...он некојси дваесет и шест а ние едвај во пубертет .Студениот септември ,петто одделение , седми час , ликовно ..го мразев.Креативна сум и јас сакам уметноста ама од пусти инает цртежите не ги цртав Ме прати до дома да си донесам блок , ми дојде преку глава се расплакав ,бев изнервирана како никогаш.Дојде ме гушкаше ме бакна на чело а јас онака му пратив еден поглед Му побегнав И трчав силно накај дома а цело време се нешто влажни ми беа гаќичките .Си се заклучив во купатило направив фаца ете ваква Не испаничив реков сеедно , зедов од влошките на мама ја ставив обратно , без да ја извадам лепенката . Така си се шетав низ дома и го барав блокот , како што чекорев се слушаше звук како да имам најлон меѓу нозе Мајка ми ме гледаше чудно дојде ми го спушти гаќињата и кога виде рече" Ох душо требаше да ми кажиш " и силно се изнасмeа . Ме охрабри и јас почнав да се смеам . Не се вратив на школо ...ама следниот ден ехх колку ли женствено се чувствував
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Тоа беше еден проклет јануар , 3 јануар ! Бев петто одделение и на зимски распуст , обичен ладен ден .. бев до вече да мочам и на компјутер да си ја играм новата игра со топчиња Кога видов почнав да плачам и ја викнав мајка ми и ми ја намести влошката и после уште некое време ми ги ставаше Ќе и речев мамо готова сум дојди ајде и доаѓаше
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... При крајот на 7мо, мај беше, имавме приредба во школо, а јас ја глумев Покондирана Тиква. Предтоа од другарките скоро сите добија и јас бев во исчекување, сакав и јас. Нели тогаш се станува МОМА. И пред приредбата во школо, се спремаме, се пресоблекуваме и се шминкаме кога осетив нешто. Одам во ве-це кога што да видам.... ме отепа кеиф. И така задоволна си се смешкам под мустаќ, си изглумив супер, без улошка на мене... Едвај чекав утредента да им кажам на сите и званично да му се приклучам на таборот наречен “МОМИ’’ .
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Имав 13 години... се подготвувавме да одиме на роденден кај едни роднини! КОга си ги видов гаќите извалкани од крв ја повикав мама... всушност знаев за што станува збор бидејќи бев поголемка а и наголемо имав слушано од другарките кои веќе беа станале жени!
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Една другарка имаше пред мене добиено и кога ме праша дали имам и јас многу ми падна тешко и мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи немав.Но ете по некое време добив и тоа на 12 и пол години, на 27 Јануари знам беше Станав од спиење и некако чудно се чувствував и кога да видам-лом цела.Иако знаев што е многу се исплашив и само се пресоблеков,а на мајка ми дури подоцна и кажав кога собрав храброст бидејќи многу ми беше срам.Ама потоа многу убаво се чувствував како да пораснав наеднаш.
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Бев за седмо мислам... Се емитуваше Серанови... И едно девојче во серијата доби за прв пат, не знам како се викаше... И јас замислена целата: кога ли јас ќе добијам. За два саата ме стегна стомак, отидов у вц и знаев. Не бев исплашена, знаев дека е природно и се тоа, земав влошка и така... од тогаш почна моето крварење.
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Бев седмо одделение, бев тотално спремна и свесна што ми се случува. Дома си седев си гледав телевизија и одеднаш ме заболе стомак. Отидов во купатило и видов неколку капки крв. Си се истуширав, си земав од улошките на мајка ми и си се средив Така да, никако не го доживевав како некој посебен настан во животот...
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... На 26 ноември,6-то одделение,се сеќавам дека едвај чекав да добијам,веројатно од желбата да станам "девојка"...Дома бев,не почувствував ништо,отидов во веце и кога што да видам,гаќичките црвени ...Се сеќавам дека не знаев како се ставаат влошките,а на мајками ми беше срам да и кажам,дури по неколку дена дозна...
Вашата прва менструација.. каде,на која возраст... Jas dobiv na 06.02.2010..Na 14 godini...2 dena pred toa me bolese polovinata i na toj den otidov u wc i vidov krv na gakite,ne se isplasiv bidejki toa e mnogu normalno,si se istusirav si staviv uloska i nekako se cuvstvuvav mnoguu cudno ii uloskata uzasnooo me nervirasee !! hehe