6то, таман 12 год.. Ептен бев среќна, многу се радував што ќе си имам деца. Претходно мислев дека ако не добијам до 14 год нема да имам деца хахах. Солзи радосници имав иако бубрези ми паѓаа на плочки во вц...
Кога имав дванаесет години..бев 6 за 7 и ја памнам датата...23 Јуни...памнам дека тој ден ме болеше многу десниот јајник..и вечерта одам во вц и на тоалетот имав малку црвено кога се избришав..но кога погледнав на гаќите...леле што да видам крвишта...но не паничев бидејќи бев добро запознаена со таа работа
Кога завршив четврто паметам дека беше илигден и ми го упропасти денот..со сепак се радувава што ќе можам да имама деца
многу се срамев ..ууу сега мислам дека се вцрвенив...бев 7мо одделение, а датата беше 23 март кога видов дека имам крв на гаќичките, знаев што е, пошто мајка ми ме едуцираше неколку месеци пред тоа, НО ПРАШАЊЕТО БЕШЕ КАКО ДА И КАЖАМ???? се сеќавам мајка ми беше на работа...и и вртам јас и и викам "МАМО, мамо мааааааа....ние имаме гостииииии" , a таа "e кои гостииии????" и јас викам "де ма мамоооо тааа тетката со црвениот кабриолет" и мајка ми молчи молчи и вика "добро кооој??" и јас "де ма мамооо таааа" и она ми тресна слушалка имала работа неможела со мене да се замара и со моите детски глупости а вечерта кога се врати од работа ме праша пак, јас молчев и едно време и текна ајдеееее частовкиии, тортииии, хихихихихихих многу бесе забавно,
Се вратив дома од ролање на кеј, негде петто накај шесто бев ако не грешам. И одам јас да мочам, и гледам на гаќичките црвено. Знаев што е, и не ми беше срам ама кога дојде мајка ми дома се карав да си носам еднодневни влошки за време на целата менструација.. Ништо да не се разбирало. Сега не поминувам без Super првите три дена.
на 12 години летото кога завршив 5 за 6 незнам мислам дека беше месец август јас бев кај баба ми на поседок и сега ќе се капев и влегувам во купатило се соблекувам се и гледам нешто на гајчите кафено како црвено си викам што е ова , малце се исплашив ама влегов да си се капам се искапив и си облеков пак гајчи да видам дали пак ќе ми течи кога одам да проверам гледам пак има и тогаш ми текна дека ми дошло (а претходно ми кажуваше мајка ми и знаев од прилика)ама пак се исплашив па прошуркав по фиоките најдов влошка и си ја ставив и сега како да и кажам на баба ми и викам бабо и таа кажи јас ништо ништо и така 5 6 пати и реков и после и кажав и таа леле зошто многу мала не знам што и јас кога почнав да плачам абе цели 2 дена не станав од кревет и само плачев и одвај чекав дома да си дојдам со надеш дека мајка ми нема така да реагира и си дојдов ја викнав надвор и кажав и таа ми рече добро ајде не се плаши тоа нормално е и јас на твои години добив и толку беше од страво и после целата радосна ајде надвор ххухухуух
Првата менструација на 11 години, реакцијата, смешна, плачев, затоа што мислев дека сум болна од нешто
Имав 13 годинки ни страв ни перде ! Идам во вц , и крв глеам , и викам мамо ја крв имам , и ми вика земи влошка И така хепи дека женче сум си станала
Бев 7мо за 8мо, лето мислам дека беше 2ри август . Значи некаде сум имала 13 години. И бев доволно возрасна и свесна што се случува. Мајка ми пред тоа ми имаше многуу зборувано на таа тема. А и сите другарки веќе имаа добиено менструација, а јас не, па си бев во исчекување.
Хаха ми текнува ко вчера да беше. Се враќам јас од школо и одам да мочам, кога гледам нешто црвено-кафеаво не знаев што е ама не се ни секирав викам а ништо ова не е страшно сигурно, и ја викнав мајка ми нови гаќи да ми даде и она ме праша зашто и и викам имам нешто црвенкасто на овие и она дај да видам и гледа и ми вика оо ти си добила . Јас немав апсолутно појма што е тоа помислив дека е нешто мноогу страшно и почнав да рикам ко ненормална. Мајка ми едвај ме смири и ми објасни се ама ми беше многу тешко дур се навикнам се осеќав ко пелени да носам.
На денот кога сестра ми славеше матура . Имав пролив и одам на мочкање кога на гаќите гледам кафено . И се исплашив викам ова почнало само да тече Се туширав облеков други одам да мочкам и пак и веќе се исплашив и викам на мајка ми сум станала баба не ми држи бешиката готово плачам . Мајка ми го гледа вика абе ти си добила . Ја викам не мала сум ! Вика ајде оди изми се пак нови гаќи ако има пак значи менструација е . И сменив 83149039 гаќи и да менстуација . И мајка ми среќна му вика на татко ми оди купи влошки . Татко ми , а абе па нели ти заврши? И мајка ми абре малото доби . И ја и така .... Инаку во 7 одд И да уше нешто . Знам до 2 немав редовна , а тогаш фатив дечко , и ми каснеше 3 месеци и домче општо тучење . Со мајка ми на гинеколог и тој ајде соблечи се . Јас ваква викам нема шанса !! И ајде ехо ми правеа и демек некои капсули не сум имала бла бла сега се е ок ај доста зборам..
На 13ти јули 2002 Тогаш имав неполни 12 години ! Ручавме дома и јас почувствувам како да се мочкам! Станав, истрчав до wc-ето и гледам крв...се испотресив целата, што сега?!... Дома моите ручаа и сега како да ја викнам мајка ми да и кажам дека имам крв на гаќичките, па решително одам и и викам: "Мамо, мамо дојди јас видов во тоалетот огромен глушец!"... Значи сите кренаа узбуна, како е можно во вц-ето глушец?! И ништо, морав да кажам пред татко ми и дедо ми дека лажам и дека сакав нешто да и кажам на мама... Можеби им стана јасно, а можеби и не...незнам!
Bev 5 odd, 11 godini sabota ,i odam vo wc ,se brisham i gledam malku crveno,i cela ispanicena ja vikam majkami i ona mi vika stavi uloshka i dobro.i poslem toa vecer doaga tatko mi i u vikam tato, tato dobiv menstuacija ,i on ti objasni majka ti sve i ja DA DA DA A pred toa 2,3 meseci so drugarkite celo vreme zboruvavme za toa i jas llelel ako ne dobiam lelelle I ETE DOBIV , i poslem vo ponedelnikot na cash po vizicko,,, celata usrameta mu vikam na nastavnikot ZENSKI pROBLEMI HAHAHHA i taka aj dosta zboram [mod-kirilica:1a9uq2zw][/mod-kirilica:1a9uq2zw]
1вата менструација ја добив во 5тто одд. и не знаев што е тоа, се исплашив дурииии, мајка ми ми немаше кажано ништо, и од коа добив, од школо си дојдив и виде она и ми објасни се
на 12 години,беше тоа фамозна ден,случајно одам до WC и гледам на крв со цел глас што го имав викање мамоооооооооооооооо доаѓа жената потресена и и викам видииии знам дека само се насмевна и ми рече девојката моја, ми донесе влошка и ми ја стави самата на чисти гакички аххх не се заборава тој момент жими се,бар кај мене
Беше мислам јануари годинава 13 години 7мо одделение. Си седам ја така на компјутер и ми се прииде до веце и идам коа да видам на гаќичките такво нешто Spoiler ГАДНО-кафено кон црвено и прва дозна дада..............и викам дадо ај дојди малце и она доаѓа а мама на работа и и викам шо е ова и она вика па незнам ти што мислиш дека е и ми се смее (а сестра ми е 10 години постара од мене) и таква цела и ми вика си добила ма куклата таа на дада и јас цела со 21 прашалник на мене и си стаив улошка и после на мама и кажав и мама цела таква радосна и почна на тато ајде иаме уште една женичка у станов наш (тато па мислеше дека баба ми и дедо ми ќе дојдат да живеат со нас хаххахаахахахахааа) и така ајде почнаа честитања додека ја пропаѓав од срам и ајде дада ми вика ајде да подблажиме малце и се симиња у супермаркетот и купила еклери и ја таква цела радосна ајде доста беше токинг.
бев 7 кога добив и се чудев клако да и кажам на мама дека добив. прво и кажав на сестрами која е постара од мене па ајде ми вика тааа што чекаш стависи влошка па и кажавме после на мајками и така...
Во 5 одд.дома бев отидов во веце видов црвено на гаќите и одма мамооооооо не бев зачудена ниту изненадена дека тој период ептен напредна генерација бевме,сите другарки веќе имаа добиено така да не беше некој стрес за мене бидејќи сепак беше рано на 11 год.
На 10,5 години, во октомври. Цел ден ме болеше стомак, и кога отидов дома од школо и кажав на мајка ми дека ме боли стомакот и отидов до вц, и кога излегов таа на врата стоеше И кажав дека имам нешто црвено и таа ми рече па ти дошло и така честитки, и право одма на баба ми и кажа