Првата менструација ми се случи во 7 одд и ја доживеав како голема обврска.Е сега кој ќе се заебава со крвојци секој месец и слично.Ич не бев среќна
Знам беше недела.. Татко ми ме тераше да фанам книгата по билогија оти утре понеделник..и јас си лежам така во креветот си „учам“ ... всушност си црткав неѓо по книгата и ми се моќкаше си идам јас доле соблакам гаките и гледам крф на нив..и викам мамо мене ми дошло менструација ај со здравје нека ми е и она се насмевнам ми даде улошка јас си стаив и така.. Иначе тоа на 12 години..иако по години сум најмала од другарките најпрва станав жена.. Инаку кога и дошло на другарка ми и она аонака си отишла по веце и коа да виде крв одма викнала по мајка и мајка и и дала улошка и едно излавање од веце као шо имале гости у дневна она улава и жива се дере татооо мене ми дојде.. Живи комедии е она..иначе неа на 13 годд..
Сеуште не сум спремна за да имам менструација Здраво на сите Имам 12 години и на 4 Јули за прват ми дојде менструацијата. Кога видов многу се вознемирив, цел ден плачев. Знам дека тоа е нормално, но некако се осеќав неспремна и несигурна, сеуште незнам како да се справам со тој процес правилно. Многу ми беше срам да и кажам на мајка ми, но морам бидејќи итно ми требаа влошки. Но мајка ми рече само добро, и јас не сакав да каже нешто друго, но некако бидејќи се осеќав несигурна, од една страна сакав да ми каже и нешто друго што би ми помогнало во тоа да не се плашам од менструација, но ете, таа рече само добро. Менструација ми траеше од 4 до 11 Јули, и многу крварев, што дури се ислашив, и кажам на братучедка ми таа сега заврши средно, но таа рече дека тоа е поради тоа што тоа ми е првата менструација. Влошата ја менував по четири пати дневно, кога ќе станев, на пладне, вечер накај 19 часот и пред спиење, и влошката секог ми беше полна со крв. Менстрацијата помина без никакви болки. И кога ми заврши бев пресреќна, некако се чувствував слободно Некни пак ми дојде, мајка ми и татко ми спиеја, ми се извалкаа пижамите, и веднаш дотрчав до вецето, се преслеков, ного немав влошки па бидејќи немаше што да правам си ставив крпа Потоа си купив, без никој да знае. И вчера кога се разбудив, кога станав цела бев искрварена, креветот ми беше направен лом, но најлошо беше тоа што и душекот ми беше извалкан , додека мајка ми и татко ми спиеја пробав да го исчистам душекот, но не излезе, и многу сум загрижена, несакам да и кажам на мајка ми бидејќи ми е многу срам , и само ве молам не кажувајте ми да и кажам, помогнете ми како некако да го исчистам тоа, ве молам сега страв ми е да легнам на спиење на креветот, бидејќи ми е страв пак да не ми се случи тоа од вчера Не сум ич расположена коса сум со менструација, цело време велам дека го мразам тоа, дека сеуште сум мала за тоа, дека сум неспремна, дека сум несигурна и имам преголем страв. Не дека незнам дека ми е време за да ја имам, но несакам. Многу читам за менструацијата, но никако неможам да сватам ништо, премногу ми е тешко Ве молам помогнете ми, кажете ми како да го надминам тоа, дајте ми некој совети. И помогнете ми околу дамката на душекот како да ја исчистам
Aх душо, и јас бев во слична ситуација. Имав 12 години, другарките мои немаа добиено,немав со кој да разговарам.. и мене ми беше срам да и кажам дури и на мајка ми, па се снаоѓав како што знаев и умеев.. знам колку ти е непријатно.Јас така криев можеби 2-3 месеци, и на крајот мајка ми сама запримети по извалканото боди кога ги ставаше алиштата за перење . Е сега вака пошто прво те интересира како да ја исчистиш крвта -се чисти со ладна вода и сапун. . А мој совет, ќе ти биди многу полесно откако ќе дознае мајка ти. Знам колку ти е незгодно да зборуваш со неа за тоа (јас се муртев и бегав од соба секогаш кога ќе ми ја спомнеше таа тема ), и затоа ти препорачувам да собериш храброст барем одоколу некако да зборниш, на пример да ја прашаш дали има влошки дома ќе запримети таа и сама дека ти е срам, само немој да криеш . Ова е нормална појава, и таа има поминато низ истото и не е ништо срамно, дури ќе ти биди смешно за година-две.
Многу ти благодарам ПС мајка ми знае дека веќе ја имам добиено, и кажав првиот пат кога ми дојде, морав да и кажам бидејќи дома немав влошки, а ми требаа итно, а само таа можеше да отиде и да ми купи. И вчера кога си одевме накај дома едвај собрав храброст да и кажам да ми купи влошки, цело време додека бевме излезени размислував за тоа. Утре ќе станам рано и ќе пробам да ја исчистам флеката, дај боже да излезе
jadore.paris99 зарем цела ноќ не спиеше од возбуда што ќе ти кажеме ? Мала шала да не ме сфатиш погрешно, ете убаво ти пишала девојката над мене, немора ти сега исцрпно да разговараш со мајка ти на таа тема, едноставно почни да си водиш евиденција за циклусот, бидејки кажа дека читаш и се информираш, претпоставувам дека знаеш како оди тоа. Неколку дена пред да добиеш кажи и на мајка ти да ти набави влошки, зошто треба да добиеш набрзо, потоа спонтано полека ќе ви течат разговорите. Незнам зошто толку си се успаничила, па менстрацијата е нормална појава низ која поминува секоја жена, едноставно навикни дека низ тоа ќе поминуваш секој месец, и верувај првите неколку месеци ќе ти биде мачно и тешко потоа ќе се навикнеш и ќе биде само рутина .
Значи твојот проблем не треба да биде тоа да и кажеш на мајка ти, туку да го намалиш крварењето. Ете на пример може само сега ти е вака, а може и редовно ќе имаш обилна менструација. Гледај да земаш повеќе витамини особено железо во текот на цел месец и купи си квалитетни влошки. Не знам какви користиш али дефинитивно за твојот проблем јас ти ги препорачувам Always. Јас немам воопшто обилна менструација ( да не се урочам) ама првиот пат кога добив и мене дури ми протече, мајка ми до тогаш користеше некои други влошки и покрај фактот што она имаше многу обилна менструација и навечер стануваше на 3-4 часа да мења влошка, а со овие ни она ни јас немавме проблем. Стварно до сега никогаш не ми протекло во спиење, освен по некоја капка на гаќичките. И 4 влошки на ден не се многу, треба да се менуваат на 2-3 часа, а чим толку многу крвариш обавезно на 2 часа, освен додека спиеш. За флеката искрено мислам дека не се чисти лесно, ама пробај. Па и да остане големо чудо не е тоа нешто што намерно си го направила.
*najubava2010: хаха не беше тоа, само ми беше страв малку, каѓи речи ич не спиев од страв пак да не ми се случи истото а како да знам кога ќе ми дојде пак? кога ми дојде некни јас не очекував. Во секој случај ти благодарам *Jojoba: Tи благдарам многуууууууууууу
Значи сега нема да ти биде редовна, затоа што сеуште ќе се развиваш и растеш но одприлика ќе ти доаѓа неколку дена порано од датумот на последната менстрација. Тоа не значи дека дека мора да биде така, ти си сега во пубертет и немој да се плашиш ако некој месец добиеш два пати, па следните два месеци немаш менстрација. Тоа е нормално, особено на почетокот и првите година-две, ретко која девојка има точна менстрација од првиот пат кога ќе добие, сега хормоните ти збеснуваат па таквите промени на менстрација, расположение се нормални во пубертет.... Треба време се да се среди. Немој да се плашиш, низ тоа поминал секој не е ништо стршно, и слободно спиј си, стави некои подолги влошки, и некои потесни гаќички и немаш гајле .
Инаку флеки од крв се вадат со хидроген, ама не излегуваат целосно од душекот, само избледуваат, или барем мене не ми успеало. Јас имам обилни менструации, и често ми се случува да направам се лом. Кога ќе очекуваш да добиеш, иликога имаш менструација а треба да спиеш. стави си под тебе уште еден чаршав здиплен во неколку ката, ако ти протече да не ти пробие до душекот.
Јас добив кога бев 6то одд за зимски распуст. Памтам дека беше 19ти Јануари, Водици. Си бев кај баба ми и дедо ми на гости и онака не си приметив ништо коа баба ми ми рече иди до веце коа мене ми текна шо е работата ( пошо очекував дека кај и да е треба да добијам) и после сите ми честитаа и така. )
Првата менструација на 10 јули 2006 година, на 11 години Цела среќа мама што беше тука, не беше на работа. Се исплашив многу. Мамоооооооо што ми е видиииииии! И си се расплакав. Мама си се смееше. Ми објасни каква е работата и се смирив. Едвај
Добив кога бев 6то одделение мислам..и си одам во вц туркам гакичките и гледам дамка на гаките толку многу се исплашив почнав да плачам хахаха иако бев доста информирана околку тоа.. и ајде дојде мајка ми објасна се од ново и се беше ок
Првата менструација ми беше средината на 6 оделение. Многу се срамев бидејки никој од моите другарки немаше добиено. Беше недела кога ја добив, секако дома
мене ми дојде летото ко завршивме 8 одд.а другарка ми имаше пред мене добиено и се ме имаше информирано шо ке бидит како ке бидит...и дента летно време немаше шо да праам и ај ке си ги перам алиштата сите со ред...и фино си ги исправ сите шо посотеја мој освен тие на мене.само што ги спружив одам во вц и гледам дошла тетката.ами сега шо да прам?сите алишта испрани немам шо да си облечам.и на крај си облеков една сукња од мајка ми за на свадба шо и беше.......ама нејзе не и кажав одма ми беше срам невиден.....
Добив февруари месец, 6-то оделение. Се вратив од на школо, гледам и си реков тоа е тоа без драматизирање. Не кажав никого од срам.. Но следниот месец кога добив и кога и кажав на мајка ми море од солзи исплакав..И ај сега која е логиката