НА 10 години. Малечка бев многу. А мислам дека и никој во класот немаше добиено и на никој не му кажував. Дури во 6то 7мо откако добија сите скоро.
леле првата менструација тоа беше многуу одамна бев 5 одд бевме на одмор у грција ,а пред да одиме мајка ми ми рече леле имам чуство сега од промена на клима на одмор ќе ти дојде ,толку ми беше тоа смешно и незамисливо ,но ете мајка никогаш не греши што ќе каже така и ќе биде одма на 2 ден од одморот јас забелезав сабјалето кога станав кафеаво црвено на гаќите ми се сруши светот толку ми беше тешко што сега се смеам на тоа ...и реков од одма на мајка ми и замислете инсистирав да си носам секојдневни влошки за да не ми се приметува..колку само ме болеше таква болка за прв пат искусив тој ден и тоа беше само грозниот почеток на мојите неподносливи 5 дена од месецот еве баш сабајле ми дојде и толку ме боли што само мавам кетонали а толку ми е страв од тие апчиња премногу се јаки и предизвикуват многу штета но ете немам друг спас
ехх јас ја добив на 31 август вечерта,се спремав за на школо...ми имаа објаснувано моите за неа,но кога видив јас пак испаничив и почнав да пискам дојде татко ми и јас викам лелеее тато што е тоа,тој почна да ми се смее и пак почна да објаснува и така тој прв дозна дека добив страмота и кога ќе се сетам па улошки лелеее несакав да слушнам за нив,не носев никако,ме нервираа страшно и се бев извалкана на гаките
Леле, стварно е доста рано, била си многу мала, али телото ти брзо се е развивало. Јас не го памтам точниот датум на првата си менструација, имав 13 години, ја паметам сликата како во вц видов дека имам добиено, смирено си појдов кај мама и тато во кујна, срамежливо им кажав, мајка ми даде првата влошка, малку муабетчиња односно темата и на школо...
Мислам дека бев 6то одделение, беше сабота и го даваа Томб Рејдер на А1 Се исплашив кога видов кафеаво, цела успаничена ја викнав мајка ми, она жива среќна, ја вриштам, плачам. И и викав дека не ми треба влошка, дека јас ќе се стегам и нема да ми тече Два дена плачев после тоа и ми помина.
Мене 16 дена пред мојот дванаесетти роденден. Тогаш со семејството бев во Скопје на гости кај сестрата на баба ми. Мајка ми и татко ми излегоа, не се сеќавам за што, јас кога отидов до wc, и што да видам. Нешто кафено на гаќите. Се чудам од каде баш кафено напред, и после видов и бордо црвен дел на тоалетна хартија и сфатив што се случува, оти бев и порано упатена за тоа. Ама толку ми беше срам, и не станував од wc. Ја чекав мајка ми, за само нејзе да и кажам, а и знаев дека носи влошки за зебе. Баба ми и сестра и се чудеа оти толку дого в капатило. И кога моите се вратија, мајка ми влегува, а претходно баба ми и кажала на мајка ми дека нешто има, да одела да види. Мајка ми право со влошките в рака кај мене в капатило. Па јас и викам да не кажува на никој, посебно не на татко ми, да не ми вика (и јас проста). А јас приметив дека сите знаат, ама се прават дека не знаат, по начинот на кој се смеат и гледаат меѓу себе, и плус ме изгушкаа и ми велат сум станала девојка. А пак јас, немам коментар, само гледам надолу, дури и ми се плачеше.
Памтам на 14 Август, ден пред да тргнам на одмор со моите, кога завршив основно. Бев спремна, мајка ми имаше објаснето се, но и веќе сите другарки ми имаа добиено, така што прашање на време беше. Ми текнува мајка ми торта ми купи дента хахаа...
Летото за 6то мислам дека беше. Дома бев и кога видов ја викнав мајка ми, чисто онака. Не паничев, знаев што е, си ставив влошка и си излегов од веце. Мајка ми се чудеше на таквата реакција пошто сестра ми ја терала неа да и стави влошка, гадно и било бе Иначе многу ми беше срам што после тоа дознаа сите и такви се смешкаат ме гушкаат, девојка сум станала. Дури и пари ми даваа а јас сирота нит пари ме интересираа ни ништо, пукнав од срам. После тоа знам излегов надвор со другарките а мајка ми пошто ме учеше дека треба да се чувам ми даде чергиче да не седам на бетон. И така цел ден си го влечкав чергичето со мене околу зграда и одев како пингвин
мене ми дојде на 11 години.Беше нова година , таман прославувавме .и дека носев сини панталони , прва ме виде братучедка ми дека имам менструација ( се гледало црвено на панталоните ) па ја викнала мајка ми , па сме пошле дома да ставиме влошка па да си ги сменам алиштата бидејќи се се направило црвено Не плачев многу бидеќи не бев прва во класот што има менструација
...во 7мо одд. и тоа на 31 август ..не се уплашив ништо и кажав на мајками и таа се смееше иако мене не ми беше дојдено до смеа
18ти Фебруари. Петто одделение. Малолетничка во пубертет што уште носеше беби дол место грудњак. И имаше жолти пижами со некоја женска. Се будам, 8 часот,а во 9 и пол бев на играорна. Си седам пред печка и гледам на пижамите нешто црвено, си реков од мојата несмасност со кечап се имам рашлакано. После гледам уште толку крв. Ѕиркам срамежливо во гаќите,кога гледам-што да видам! Со трчање одам таква разголена мајка ми да ја барам, пиштам, плачам, се корнам. Мајка ми се изнасмеа нормално, чак и ми честита... (ова со честито и ден денес ми е најглупавата работа што можи човек да ја направи) и ми стави влошка. Со плачење барам по списанија нешто за прва менструација, пиштам, липам.. умирав. Поготово затоа што јас бев второто девојче од клас што добило. И после тоа одам на играорна, така раширена во нозете како двајца црнци да ме задоволувале еден анално, друг вагинално истовремено. Опасен ден.
Јас ја очекував, некои од другарките веќе имаа добиено и на големо се муабетеше само за тоа. Се чувствував ко недорасната и гревче. Поим немам кога ми дојде за првпат, шесто или седмо одд., бев дома со мајка ми, ме седна и слично како кај Ешлинг, ми честиташе и ми рече - сега внимавај, зашто си веќе жена. Да внимавам... оф леле муко, јас не бев ни бакната се' уште.
Ја добив првата менструација во петто одделение. Станувам сабајле и нормално прво одам во талет и кога гледам црвена точка на гаќите и ја викнав мајка ми и кажав, таа ми покажа како се става влошка. Цел ден се чувствував како ретардирана неможев нормално ни да одам од влошката, и ми беше грдо зашто мојата најдобра другарка немаше добиено
Ми се чини 13 години имав. Јануари месец, веднаш после роденденот, ама не и кажав на мајка ми, срам ми беше.. После немав некој период, се до април, е тогаш веќе морав да и кажам, нели. Собирав сила неколку дена, многу ми е тешко кога треба да зборувам со неа. И кога и кажав ја замолив да не зборува, а она кажа на кого стигна, и на баба ми и дедо ми, татко ми, сестра ми, тетка ми, уште на гости да ги викнеше. Не се сеќавам на моментот кога видов крв, се сеќавам само дека многу ме болеше стомак пред тоа и знаев што ќе се случи,така да не ми беше некое изненадување...
Јас добив на 13 години. Сите мои другарки имаа само јас не и се чувствував се секавам за никаде, едвај чекав да дојде но сепак ме изненади. Бев кај мојата најдобра другарка на спиење бидејки се преселија од кај нас во друга населба еден викенд кај мене спиевме, еден кај неа и замислете ние цела вечер зборевме за симпатии, за другарки и другари од одделението итн и се секавам дека не раздени и тогаш заспавме. Се будам во 12 часот, другарка ми уште спиеше станувам и одам во веце и што да видам гаките лом и се исплашив и ја викнав мајка и и кажав ми даде пешкир, гаки и улошки и ме гушна. Се средив и ја разбудив другарка ми да и кажам и потоа и се јавив на мајка ми. Тоа беше сабота и требаше да спијам уште еден ден но си отидов дома. Мајка ми на сите кажа а јас умирав од срам
Бев мала кога ми дојде. Имав штотуку наполнети 11 години, август, месец пред да тргнам во петто одделение. Хаос. Плачев и се чудев што е тоа што ми тече. Мајка ми ме виде, ми се насмеа и ми кажа дека сум станала жена. Која жена бе, јас имав едвај 11 години. Дете буквално дете. Ми ја намести влошката и ми ја местеше одреден период. Не знаев да си ја местам, а првиот ден се сеќавам дека ја извадив оти ми сметаше додека играв во дворот, ама бев принудена да ја ставам . Потоа криев и никому не кажав, бидејќи никој од другарките мои и сокласнички немаа добиено. Само јас . Се чуствував како изрод!
Уфффф, чуствителна тема за мене. Бев 7мо, 20ти декември и моите заминаа во село кај некои пријатели на мекици а јас останав дома и ја местев елката. Осеќав влажно во гаќичките но не очекував тоа иако во клас веќе сите имаја добиено освен оние најненапредните. Заминав во вц и гледам крв. Си наместив улошка сама, предтоа бев многу добро информирана, се интересирав за тоа но не знаев како да и кажам на мајка ми затоа што не бев блиска со неа а од друга страна не сакав да земам сама улошки затоа што се плашев да не забележи па како ќе реагира на тоа дека не сум и кажала. Затоа јас си фурав тоалетна хартија во гаќичките... бар викендот. Во понеделникот мораше да се оди на училиште и јас пак со хартија и бев направена бербат но успеав некако да се прикријам, но кога дојдов дома цело време се гризев како да и кажам на мајка ми. На крај додека беше во претсобјето ја смкнав за рака во вцто и и ги покажав фармерките со крв и ми рече па во ред е тоа, женско си, знаеш како да се средиш? И реков да и џом да ме нема од тука и на тоа и остана.