Ај да ви кажам една интересна случка т.е повеќе пати се случила истата Кога прв пат ми дојде мајка ми нормално ме подучуваше што треба да правам,што не треба итн.. И ми рече да немам никаков контакт со машки незнам што,да не дозволувам да ме допираат и да ми се приближуваат,таа нормално мислела во друга смисла на зборот .Ама малечка бев и ја сватив баш онака како што ми кажа,не знаев да ги дешифрирам зборовите. И еден ден бев на училиште а ми имаше дојдено,и еден школски ми се приближи за да ме праша што сни имале за домашна и ја кога го видов кога прснав да бегам,и му викам не не немој да ми се приближуваш,немој да си ме допрел... Полудев бре луѓе мислев трудна ќе останам ако ми се приближи
Јас добив на 13 и пол години.Мислам дека беше на зимскиот распуст околу 17.Долго време ја очекував бидејќи сите мои другарки имаа добиено само јас немав.Мајка ми се ми имаше објаснето и така знаев се воопшто не бев изненадена )
Jas kaj i da e treba da dobiam paa.. neznam so da praam ako naprimer se sluci na skolo na cas ili odmor ??? ili letovo treba da odam na odmor na odmoraliste sto da napravam ako dobijam tamu ?!?! bas sum zagrizena
Прв пат добив менструација 5 за 6 одд летото, ми беше многу чудно, но што да се прави, жена како жена сакала нејкела мора да се навикне
Се враќаме со баба ми од кај соседите и си влегувам јас во WC и гледам крв , и ја прашав баба зошто имам крв , и таа се насмевна и ме бакна , ми рече од денес си голма девојка , мома си ... потоа и кажа и на мама Инаку бев 5-то одделение
Јас во 5 одд, се спремав да одам на училиште, кога видов, шок! Почанв да плачам, мама многу пати ми имаше објаснето, но јас не ја сваќав на сериозно... Не можев да и кажам, тогаш се појави стрина па нејзе со плачење и реков, потоа таа на мама, почнаа да се смеат, не ги разбирав, постојано ми велеа дека тоа е добро, но луѓе... јас бев на 11 само!
На 13, тукушто наполнети. Осетив дека нешто чури таму доле и си велам "Зар се помочав?" и отидов да видам и ме фати паника. Влошката ја наместив... море, какво местење, само ја ставив таму (многу испаничена бев) и оп гаќите. После кога и кажав на мајка ми и кога и ја покажав влошката женава на газ падна од смеење
мене ми дојде во 6 одделение,се истуширав и седнав на компјутер и наеднаш осетив како нешто ми тече и веднаш отидов во вц и што да видам ми беше малку чудно,но бидејки ден пред тоа ни држеа презентација за always,знаев што треба да правам...
На 12 години.Се враќав со една другарка од англиски накај дома си идеме а јас по бели шорцеви И сите некако чудно ме гледаат а јас се чудам што ме зјапаат.Кога идам дома,што да видам...ПО улица така сум си идела Бруки.
Јас добив на 13 год.Последна добив во одделението!!Се вратив дома од школо и гледам крв на гаќите и едноставно си ставив влошка...А не како една моја другарка кога и дојде бевме септември и почнавме на школо и кога и дојде почна да плаче и веднаш си отиде дома (живееше одман до школото)..Не треба толку многу да се паничи.Дури и да не ти дојде порано,тоа е нормално... "ненормално" е аконе ти дојде после 16тата година,тогаш треба консултација со гинеколог
Зошто скоро сите сте плачеле? Јас точно знаев што е, и се нервирав што не ме остави уште малце на мира, гледав како мајка ми и сестра ми се жалат од болки па знаев дека и мене ме чека тоа секој месец Добив распустот 6-7, сестра ми беше тогаш дома, дојде ми ги зема гаќите ми покажа како се мести улошка и лута и се јавив на мајка ми да и се жалам, не сакам мома да станувам
Мене ми дојде на 10 години и незнам зошто како помала пред да ја добијам првата менструација и бев на мајка ми љубоморна зошто она користи такви работи-влошки, а јас не, но сега сваќам дека за џабе сум била несвесно љубоморна, бидејќи сега кога ќе ми дојде едноставно се нервирам бидејќи нема да можам едноставно да си бидам слободна и ќе морам да се расправам со влошки и крв.