Не сум нешто многу активна во последно време, ама ја видов темава и одма морав да прокоментирам. 10 јуни, на 12 години. Таман доаѓа распуст на кој му се радуваш и одеднаш се случува нешто што не ти паѓало ни на крај памет. Колку бев тажна, се чувствував како да ми го земале детството, плус, мајка ми кажа на сите роднини со брзината на светлината хаха
одев кај моја другарка и на пола нешто почуствував побрзав и стасав кај другарками и одма во вц и дознав за шо се работело, и зошто вечерта толку ме болело мешето,кога се вратив дома и кажав на мајками одма појде кажа на сите па дури и ги частесе крембананчиња ја тогаш се радував ама сега не се радувам
Ви ги читам одговориве некои па и датум памтеле хахахаха Ма јас врска неам кога првпат добив........... Само знам дека беше лето и ги пцуев сите по ред вриштев пиштев оти пуста женска мака ми го поквари летото
На мене 12 ипол години. 6 одд. и знам беше петок Цел ден во школо абе се свивав, не можев да одам. Другарките ме носеа до дома и одам до ВЦ и гледам крв. Ништо страшно! Си ставив влошка ама многу ми беше мачно за одење А, па претходниот петок имавме предавање на Аlways и како порачана ми дојде "црвената тетка на мерцедес"
Јас добив на 19 јуни на распуст за 6 одд. Кога станав од спиење видов крв и потоа одев како да сум парализирана
Мене ми дојде прилично доцна,некаде во средно...беше лето...немав никакви болки.Станувам од спиење,одам да мочкам во вц и што да видам-крв на гаќичките.Одма ојдов во најблиската продавница,си купив влоски Бони,оние лилавите,10 см дебели А потоа кога си дојде мајка ми од работа и кажав...и онака ќе ме познаеше,одев ко патнички воз да ми поминал меќу нозе
јас добив на 12години се сеќавам бев дома сама печев палачинки..кога стомакот ме заболе јас отидов во вц и догаш видов крв на гаќичките.....20 јануари беше мислам
ми треба ваша помош. вие сте поискусни и така натаму.. знам дека не треба да се најавувам на форумов бидејки сум мала но незнаев кого да прашам зашто се срамам. имам 12 год и неам добиено сеуште. незнам кој случајно ми кажа дека ако имаш 14 години и ако сеуште немаш добиено треба да идеш на лекар инекција да ти стават :ОО јас многу се плашам од тие чуда:ОО дали некој барем знае кај се става таа инекција? многу се плашам да не треба да дојде до тоа((
Немој воопшто да се плашиш бидејќи сеуште не си добила јас добив дури на 13 ипол години, така да немаш потреба за грижа и не е вистина дека ако немаш 14 години треба да ти ставаат инекција туку до 16 години. Доколку не ти почнале градите да ти растат, секрет да имаш или срамните влакна до 14 години тогаш треба да посетиш лекар. Така да сега за сега нема потреба за ништо да се грижиш се ќе си дојде кога му е време.
Хахахах нема врска тоа. Тоа што ти го кажале не е точно. Јас имам 15 и сеуште немам добиено. Ти имаш само 12 год и нормално е да немаш добиено Нормално е до 16 год. дури кај некои и покасно, бидејќи секое тело е различно и различно се развива а секако тука имаат улога и гените.
Ана нема потреба да се грижиш. Јас добив на 15 години. Сите мои другарки имаа добиено,само јас не,па дури и на гинеколог бев да проверам дали е се во ред . Како што кажа AnGel.fire секое тело различно се развива. Немој да се заморуваш со тоа,ќе видиш дека се ќе биде во ред
значи вака. јас и претходно ви пишав и ви благодарам што ми одговоривте. сеуште немам добиено, а имам 12 год. ја очекувам кога-тогаш.. и ги тргнав тие стравови за инекции сакав да ве прашам.. последниве недели т.е. ова лето скоро секој ден гледам една белослузава течност на гаќичките со некој посебен мирис.. дали тоа значи дека наскоро треба да добијам? ве молам одговорете ми))
бело прање иили секрет што значи дека наскоро ќе добиеш иако и немора да значи јас кога имав прв пат секрет после 1 година добив како и да е сега немаш никаква потреба за грижа бидејќи кога тогаш ќе си дојде
Јас сум заборавилааа мислам дека беше на 12г дома стануванње од кревет во вц и има шо да видам коа почнав да си плачаам...сега се смејам тогаш ми се чини качив температура среќа со другарка бев па одма вртам на мајка ми...лелел скисната бев
Јас прв пат добив на 11 години и тогаш бев кај баба ми.Имав некои чудни болки, незнаев што ми се случува.Отидов во WC и кога видов дека сум добила многу се израдував И потоа веднаш си отидов дома