леллеле немаш појма колку ме усреќи бидејќи генекологот рекол така тоа значи дека можам да бидам мирна знаејќи дека и мојата менстурација е нормална
2007, 6то одделение кога бев на еднодневна екскурзија, се вратив дома премногу ми се одаше по WC и кога се соблеков ШТО ДА ВИДАМ! Со спуштени гаки отидов кај мама во кујната "да и се пофалам"
Мислам дека бев 4то за 5 то зимото беше имаше снег и се лизгав и бидејки стани падни во снегот не осетив ништо ионака бев мокра до шија и кога дојдов отидов право во веце и шо да видам како заклана кокошка да имав во гаките почнав да плачам да цркам мајками ми објаснува ова она а јас јадната како смао на мене да ми се случило
ја добив од 7 за 8. знам дома бев 2 мин пред да искочам и осетив нешо ама си викам нишо не е зашо се брзав после кога се вратив дома гледам гаќите ми беа цели бордо и таква збунета седам си викам чекај добив ја? зашо не е црвено ама прочитав во книга дека може и кафеаво да било. Не бев изненадена и бев доста информирана пред тоа
не се секирај најнормално е тоа. на некои им трае 2-3 дена на некој 7. Ти имаш среќа. и да имаш добиено
Jaс на 7 јули 2011 Си ја знам датата Искрено, воопшто не се изненадив, бев доста информирана, не се исплашив или нешто слично, ставив улошка и то беше то И кажав на мајка ми прво, па на братучетка ми
Првата менструација... -Ми дојде на 13 години поточно седмо одд.Многу ме болеше стомак немоежв да издржам и бев кај вујнами.Затоа што многу ми течеше бело прање вујна ми ми рече да си ставам улошка заради хигиената. И после некое време заминавме кај нив во кафана и јас си седев со неа во кујна и некако ме заболи многу стомак едноставн пребледев и заминав до веце и кога седнав видов да улошката некоолку капки темна кафеава течност.Се исопаничив и истрчав кон вујнами и таа сфати за што се работи. Многу ми беше смешно кога и кажав на вујна и таа само ,,Честито душо" ... Мене сирото ми се плаче ми почнаа маките а таа ми честитиува Поздрав
мене што не ми се исподеси кога добив првпат. дека на 11 години и уште никој не претпоставуваше такво нешто, а инаку имам правено со мјка ми муабет на таа тема...леле ме боли стомакот, ќе умрам..одам у тоалет, се виткам мислев ќе умрам. моите ме однесоа на лекар и таа почна да ме фаќа овде те боли, а овде, а овде. и јас не не не и таа ме фати подолу и јас викам ее тука ме боли и таа им вика на моивее леле слепо црево брзо на операција, не чекајте ни минута и татко ми збесна и вика сигурна сте , треба ли некои испитувања доплнителни а оваа глупачава не не вика ајде на операција.. и татко ми вика каква операција ма и ме однесоа дома...одам јас у веце и гледам крв, излагам и им кажав на моите, почнаа да се радуваат ,да скокаат.. хахаха
Јас добив на почетокот на седмо одд. Се сеќавам со една другарка тргнавме во град, а времето облачно, ветер и ко фати едно невреме одма се сокривме кај едни роднини. Чекавме да заврши и така малку мокра се враќам дома и гледам на гаќите портокалова дамка. Ја викнав мајка ми и таа ми кажа дека е тоа. Немав ни болки ни ништо така одеднаш и целата исплашена, ми беше дури страв и да се движам.
Dali vo sekoe osnovno uciliste doagaat da drzat predavanja za mensturacija??? Ako znaete ve molam pisete??? Pozz
Да доаѓаат или во 6 одд или во 7 кај нас мислам дека доjdoa во 6 одд за да ни кажуваат за менструацијата.
ЈАс сум 7мо одд. и ми има дојдено но во школото не дојдоа сеусте нз зашто? Една моја другарка која е една година поголемаод мене , и учиме во исто школо ми рече дека дошле пред 1 година и дека им држеле предавање на нив но јас незнам дали и за нас ке дојдат ??? О.о
во осмо одделение,и на почеток мислев дека сум се покакала :Ѕ Иначе со мајками немам зборено ни за тоа ни за ништо друго,така да ако не ни држеа час на школо во 6то одд мислам дека немаша ни да знам што е тоа.Така кога ми падна првиот заб во забавиште мислев дека тоа е нешто ложшо и цела ноќ и плачев на баба ми „ЗАЛЕПИ МИ ГООО!“