Мене за прв пат ми дојде на распустот 5то за 6то одд. бев запознаена затоа не паничев.. после бев горда затоа што сум станала девојка веке
Точно една недела пред мојот 12ти роденден Знаев веќе се, и воопшто не ми беше страв Само малку ми беше жал што беше лето, па не можев да одам на плажа 1 недела
Добив летото 6то за 7мо одд. Бев доволно информирана за тоа, но сепак се зачудив Помислив дека не сум се добришала по големата нужда Од кога видов дека не е до тоа, сватив што било работата хаха
Добив во шесто среќа беше зима не бев многу информирана но на училиште имаше девојчина на кои веќе му имаше дојдено така да знаев што ме чека и не кревав паника за среќа со лесно си поминувам само три дена
Добив крајот на 6то.Знам имав последен час Физичко и после си отидов дома и носев бели панталони.Кога влегов во вц, има што да видам .Среќа што беше малку па не ми отишло на белите панталони.Инаку бев информирана за се и не бев исплашена.
На 23ти март во петто одделение, негде околу две недели по 12тиот роденден. Имав претходно слушано за менструацијата, но никогаш не бев подготвена да ја дочекам. Но не беше толку шокантно. Кога ги видов гаќите ја викнав мајка ми да ми објасни што се случува па таа ми кажа. И ми кажуваше како се ставаат влошките и сл. И се сеќавам потоа одма ја отворив биологијата да прочитам за тоа, затоа што пишуваше во една лекција.
Во 5-то одд ја добив првата менструација , хахаха леле кога ќе ми текне. Секако бев запознаена со таа работи мајка ми ми имаше кажувано но кога видов,почнав да плачам и право ја викнав мајка ми да виде и и забранив ДА НЕ КАЖУВА НА НИКОЈ (детска работа )
Јас ја добив лани во 7мо Во училиште 14ти октомври имав 11г за неколку месеци 12 ќе полнев Таман на време мислам
Зимски распуст, 5-то одделение. 04. јануари... Бев на улица и си играв со комшивката, таа помала беше. Ме стегна стомакот и осеќав нешто мокро на гаќичките. И реков „Јас ќе одам до дома, во веце и се враќам за 2 минуткии“. Одам дома и влегувам во вецето, ги соблекувам гаќичките и што да видам, црвени! Почнав да викам “Мамоооооооооооооо!“ и таа истрча толку бргу и зачудено, а јас и велам „Гледај мамо... (и и покажувам)“ а таа кога почна да се смее абре до земја ќе паднеше. А јас вака ја гледам и со солзи во очите. А таа ми вели „Па тоа е нормално, сега си веќе "жена"“. Се истуширав, си ставив влошка и пак си излегов и оваа другарката ми вика „Ајде де, рече за 2 минутки а цел час помина“. Плачки, плачки ама и како „жена“ си се чувствував.
На распуст меѓу 6 и 7 одд. И мама ми кажа дека су добила .(знам чудно ви е мама да ви кажи дека сете ја добили првата менструација ).Пантолоните ми беа водени,и носев сукња и лежев расчекорена на кревет и така .
Хаха тоа беше сега во летото негде во јуни.. Станувам јас утрото и одам по нужда и гледам крв во моментот додека се бришев уште еднаш за да се осигурам дека е крв, се молев да е менструацијата да не е нешто друго абе дете..се облеков,отидов кај мајка ми и та така ми се насмеј и ми кажа дека е тоа и тоа и ми даде влошка да си ставам..потоа беше кошмарот,кога почна да ме боли стомакот ух не се издржуваше. И иако бев многу информирана за менструацијата,сепак се здрвив тогаш ко видов крв
Менструација добив пред 3години односно на 21 ноември на самиот празник. Кога видов веднаш почнав да плачам и неможев да се смирам цел ден.
На летен распуст од шесто кон седмо оделение 15 Јуни.Бев доволно информирана,ама не бев спремна некако и имаше малку плачење Инаку бев кај баба ми на гости.
Јас добив за прв пат на 6.9.2013, во школо. Ми се одеше во тоалет и кога гледам, ваква цела ! И знам дента беше петок и после попладнете требаше да тргнеме во Словенија на кошарка и се изнервирав зошто тогаш сум добила кога требаше на пат да тргнеме.
На летниот распуст кога бев за шесто одделение, кога видов се шлагосав , уште не бев спремна за тоа, сакав уште да си бидам детенце а не веќе во светот на жените, на почетокот ми беше срам да и кажам на мајка ми, кога и кажав таа се израдува а јас бев со оваква фацичка .
Кога имав 11 години прв пат добив и останав ваква: И мама исто се шокираше бидејќи она добила многу покасно кога била мала... Беше едно убаво утро и чудно се осеќав, малце стомакот ме болеше, идам до ВЦ и кога глеам има и што да видам. Среќа знаев што е тоа па затоа не бев ептен потресена.
На балет бев..по долго време се вратив во форма.Дојдов дома и кога да видам .Леелее си викам ,а бев доволно информирана,но бев многу возбудена.И највеќе се нервирав пошто требав да правам шпага на балет кога имав.Инаку имав 12 ипо год.
1 Септември,на првиот школски ден,осмо одделение.Немаше некои поголеми фрки,видов што биднало,си земав влошка и никому ништо