Мене во седмо некаде накај декември, у школо замислете Пред тоа ме болеше стомакот ама ни на крај памет не ми текна дека од тоа било и отидов до вц и што ќе видам ломосана целата и следуваше јавување на мама и плачење, смешки глупави
Мојата прва менструација. Беше тоа во далечната 2000г. мислам, 5 одд бев. Се будам сабајлето и одам веце, и ко гледам..... крв, али повеќе накај кафеаво беше па се подзамислив дан сум се покакала малце После сфатив што е, и следеше плачење ко некоја ненормална, абе рикање. Се јавив кај баба ми, пошто мајка ми беше в лозје мислам, а мобилните не беа хит тогаш После дојде брачеда ми, па ме убедуваше да ставам влошка иако упорно одбивав али на крај ме убеди некако Едвај се движев многу ме нервираше
Памтам ко некни да беше . Добив на 09 мај (денот на Европа ) и мислам дека беше далечната 2004. Само што наполнив 12 год и бев 6 одд. Знам дека беше понеделник и тоа прва смена на школо бевме. Јас од сабајлето забележав некои некако розеви траги на гаќите ама никому ништо. И јас дури не бев свесна . На школо пак ми стана лошо, знам грлото ужасно ме болеше, имав температура и кога си дојдов дома гледам крв во вецето . Само ги сменив гаќите и ги скрив, не знам што и како сум размислувала ама целата бев собркана , ни влошка ставив туку право на доктор отидов. Таму и кажувам на докторката што и како ме боли и оваа ми вика: Ти Мунлајт, да немаш добиено? И јас само се замислив и викам: Изгледа . Оваа само се насмеа и ми честита, а јас не знаев на кој свет се наоѓам. Дома уште некој саат ништо не реков, а после знам мама ги најде гаќите и така се заврши работата
Пишав досега овде? Изгледа не На крајот од седмо одд, на 10 мај, си се спремав за да одам некаде, и оп, црвеникави гаќи И сврескав на мама, си зедов влошка, ја избркав од купатило да не ми се смее и од тогаш веќе бев мома. Аааа, и до вечерта сите три тетки и плус двете баби ми дремеа на „честење“, си добив златно прстенче и јас ко Гоу и еве ме сега
бев 7мо одделение кога добив прв пат бев доста информирана ама сепак ко видов капкии на гакичките бев избезуменаа и ја викнав мајка мии и плачевв
11август - распустот помеѓу 6 и 7 одд. Една недела претходно се вративме од одмор и изгледа поради промена на климата, оп ме посети „тетката со црвениот мерцедес“ Во моментот кога добив бев во ВЦ и забележав нешто црвеникаво на гакичките. Не се исплашив, се збунив, а знаев дека е тоа нормално нешто и дека нема да ме одмине.. Се сеќавам дека пред тоа од пуста желба да добијам, ставав влошка на празно и се фалев на другарките..... цц
Во 5то одделение и тоа кога си дојдов од школо и кажувам на мама и ми вика ај со среќа нека ти е ја и викам која црна среќа
30.12 мислам дека беше 2005. Знам дека бев 5то одделение не беше лошо првиот пат, беше една мала дамка и сега за 'срека' за секој дочек на нова година јас ја имам Ех жениии
04.09 на почетокот на 5 одд. отидов на работата на мајка ми и викам мамо јас се удрив на велосипедот и сега ми течи крв , вика дај да видам од кај ти течи крв , и вакам од одоздоле гаките ми се лом- И ми вика-ќерко златна ти си добила менструација-Леле колку ми беше страм
Јас добив најкасно од сите во класот, бев 8 оделение... а во тој момент бевме со друштво на езеро, беше 2 мај... и кога си доаѓам дома гледам лоом, ама баш бев среќна па на сите другарки им се фалев
Петок беше, јас на школо бев и си идам дома, одам во wc и кога ќе видам - што ќе видам. Спиштив силно, ете ги пред врата мајка ми и татко ми преплашени, абре дебре, што е работата. Викам ме боли стомак многу и не ја отворам вратата од купатилото. Ајде татко ми замина, и отворив на мајка ми, таа почна да се смее, а јас уште толку да пиштам. После цел ден плачев, и не можев никако влошка да носам и се миев на секои 10 минути. Дете бев тогаш
Во 5то за 6то одделени добив прв пат. Кога станав одам во вц и гледам нешто црвено (немав поима тогаш што се случува) и а викнав мајка ми и викам мамо јас имам крв изгледа некаде сум се ударила и таа што да види се насмеа и ми вика ти дојде тетката ми честита а јас пуста плачев таа ме убедуваше да ставам влошка јас кутра не сакав и ми вели епа оди така нека ти се смеат и ајде се смирив и ставив ама грозно се чувствував .. јбг сега се смеам на моите постапки
Мојата прва менструација беше на 22.11 и не беше ништо посебно. Веќе бев информирана и сама си ставив влошка. Не и кажав на мајка ми 2 дена и после ги видела влошките во канта.
Беше ладен 27 јануари.. седмо одд. Си станав фино лепо да се спремам за на училиште, отидов во тоалет и .... црвенооо хахаха Не плачев, бидејќи кога бев 4то, еден ден така имав крв и ден денес не знам зошто и како. Е тогаш беа плачките !! Мајка ми помисли дека тогаш ми дошло, ама тоа беа 3 капки крв...
Мене прв пат ми дојде релативно доцна т.е. на 15 и пол години 18 јануари на празникот водици. Се беше океј мислам ништо непознато .... 1 година средно
хумор и сатира но ајде некако тоа но подоцна се до ден денес проследена со ПМС симптоми е кошмар. се сеќавам ја добив на 11 години бев прилично вознемирена и испаничена поради неискуството и нормално падна и првата грешка, улошката ја ставив наопаку со лепакот нагоре наместо надоле, уффф како ми беше цел ден и тоа уште во школо 5 одделение бев, најпрво и се доверив на најблиската другарка и нормално после тоа цело одделение ме дупна од зафрканција, леле каков сеир видов! бидејќи бев прва.... аххх тоа беа денови
13 години 23 јануари 2010 бев како падната од марс и дури ми беше глупаво да и кажам на мајка ми мислев како да и кажам и си викав убаво ни објаснуваа нас во школо ама кој слуша да слушав ке знаев како а ја ставам и дента ја сегде кај ли не бев се изнашетав така без улошка среќа не пропуштило и и кажувам на мајка ми плачев зошто ми беше глупаво и ми сметаше улошката а она ми се смее убаво било тоа и дрн дрн дрн
Уххх на 10 и пол години, во 5 одд. Кога видов бев кај баба ми и плачев ко луда, зошто морало да ми дојде, мајка ми ме смируваше да не плачам, а јас пуста се дерев цел ден хахахахаха... А мајка ми добила во очи Нова Година и се заклучила во ВЦ и не сакала да излезе
прв пат добив на 14.10.2003 г. имав 14 години осмо одделение. не испаничив бидејќи бев голема и доволно информирана, а влошки и јас си местев на празно па немаше потреба мама да ми ги месте. вака беше: се вратив од школо и отидовме кај една другарка да вежбаме задачи математика, ми оди математиката па се подготвувавме за тест, цело време ме болеше стомакот ама ни на крај памет не ми текна дека можеби ке ми дојде. кога се вратив дома отидов во веце и има што да видам. срам ми беше да и кажам на мама и долго време не и кажав, се обидував да не ме примети а гадните влошки ги ставав во ќеса и ги фрлав во туѓите канти. не се сеќавам како дозна мама, а бело прање немав пред да ми дојде