Беше во осмо одд. ,ден откако ја примив вакцината,на 21 беше памтам точно кој месец незнам.Не испаничив ,само и кажав на мајка ми ,ставив влошка и толку.
Јас на 12 ипол години добив и тоа во школо Ахахах коа и кажав на мајка ми колку се израдува,а јас цела ваква
Прв пат добив кога имав 12 години. Бев кај баба ми и кога видов ми беше срам да и кажам па отидов во веце и си ставив врз гаќите тоалетна хартија и со сиот ум заминав така на училиште. Фала богу што фармерките ми беа црни инаку....
04.12.2008 Бев 8мо и ми беше ептен срам да и кажам на мајка ми. Па затоа самата си купив влошки (не ги скрив), и кога ги виде мајка ми ме праша и потонив од срам. Тешко мене )))))))))
После 4 дена од мојот 14 роденден ја добив првата менструација. Дома бев со снаата и нешто ме болеше чудно стомак и отидов во вц и се бришам и гледам крв!Се преплашив и се стаписав и само му се молев на бога да не е рак на дебелото црево хипокондрик човече! Арно ама видов од кај течи и ми дојде мир на душичката и ја викнав снаа ми да и кажам и ми даде влошка таа ама незнаев како се става и ајде тегнење после едно пола саат држ не дај ќе ми ја видиш госпожата попратено со коментар е аман де шо ќе гледам ко синкир си немам видено кај мене и ај некако се убедивме!Се јавивме по телефон кај мајка ми на работа и од возбуда жената порано си дојде ми даде пари да си купам влошки и јас искусната дирек без крилца абе лом се правев дури да си го земам редот и што е најважно трошев 3 пакетчиња за 5 дена неколку месеци!Мислев дека на секое одење во вц треба влошка да сменам
Првата менстрација.. хмм многу малечка бев.за малку немав наполнето 12 години.Отпрво кога се бришев имав по неколку капки крв ан хартијата и и кажувам на мама и она ме смета мала и ми вика ништо не е ништо не е.И ова си продолжи се повеќе и повеќе.и на крај ми дава влошка и ми вика ти веќе стана жена, трц прц и ми даде влошка.И јас онаа пресреќна, кој памет сум го имала лелеј.Кога ја ставив таа влошката помнам као памперс да носев, помина одредено време дури да се навикнам хаха.
Јас бев запознаена со целиот полов систем, бременоста и сите работи поврзани со тоа... Но кога добив прв пат, не бев сигурна дека е тоа менструација, па сменив некои 6- 7 пара гаќи, и веќе изнервирана одам кај мајка ми: Мамо мене изгледа ми дојде, колку пара гаќи сменив, пак истото, вака не оди, дај ми влошка. ... Инаку имав 14 години, и бев многу загрижена, сите мои соученички имаа добиено, а јас последна...
На 12 години, 24 април. Бевме прво на училиште, два или три часа имавме. Се сеќавам имавме англиски, седев на првата клупа, па кога станав да прочитам, од клупата ги закачив хеланките и се скинаа. Потоа си ја влечев дуксерката за да не ми се гледа местото каде што ги скинав хеланките. Потоа требаше да одиме на систематски преглед, па си отидов дома да се спремам. Ги сменив хеланките. Нешто требаше да се вакцинираме од онаа ХПВ за некоја недела, па мајка ми дојде и разговараше се класната (после не ја примив вакцината за неколку недели, вистински циркус стана)... Со другарките разговаравме за менструација, така, некои имале, некои немале...слушнавме дека на одделението кое било пред нас ги прашувамле дали имаат менструација, па така, главна тема ни беше. Отидовме таму, помина така... Потоа малку се прошетавме, па си отидов дома...Онака, како и обично, си седнав на компјутерот. Вечерта, пред да си легнам отидов во тоалет и...приметив нешто одвратно на гаќите...онака, имав идеја што може да биде, но некако бев разочарана, како да не сакав... И кажав на мама, таа ми даде влошка и толку. Но после јас си ја искомплицирав работата, па почнав да плачам...онака. После мама малку ме развесели, па се смеев како луда кога ми рече за нејзината прва менструација... п.с Пред две години, во септември 2012 година, оваа беше првата тема што почнав да ја читам на форумот, тогаш пред да се зачленам.
На 13 години и тоа додека пишував домашна по математика како денеска паметам да беше мислев од нервоза ме боли стомак откако сфатив што е работата уствари брзо отидов на мама да и кажам
14 години имав ,дома се случи тоа онака сосем случајно додека бев во тоалет знаев што е , и не и кажав на мајка ми , само знам дека си набутав тоалетна хартија набрзина
На 12 години 13 Март Скокав јаже во дворот со брат ми, усетив нешто чудно во гаќичките и веднаш влегов во WC, кога видов во еден момент бев преплашена и многу возбудена Веднаш и кажав на мајка ми, таа почна да се смешка, а јас сиротка незнаев што да правам во моментот, ми даде влошка и ме праша дали знам да си ја наместам на гаќичките, но секако знаев во училиште претходниот ден имавме некакво предавање за менструацијата, и секако со мајка ми си имавме правено муабет...
Јас завчера добив мислам претходниот ден малце имат крв сосем и си реков ај за 1 недела ке ми дојт коп станвам сабајле цели гајки лом ми беа и почнав да плачам не дека не знаев шо е и дека се уплашив туку не сакав и мама ја викна ми даде влошка и готово и се научив самата после
Хахаха јас не можев да одам се плашев дан ми паднит а уствари таа не може мама ми кажвеше дека не мојт хаха и ден денес иам добиено ама кај да е ке ми завршит утре или задутре
јаооо толку долгоо ја очекував мислејќи дека нешто не е океј со мене пошто сите од клас имаа добиено више а јас не и кога добииив толкуу многуу се радувааав и си ја гледаав влошкатаа од радост дека и ја сум добилааа. хахахаххаах лелеее детеее иначе на 12 години
Јас за прв пат добив денеска т.е. ноќеска во 2:15 . На 12 години и околу 4 месеци. Ноќеска ме фанаа силни болки во мешето и кај јајниците доле, отидовме во болница. Таму ми ставија една инфузија и инекција, а после си дојдовме дома. Јас отидов да се Спојлер измочкам и кога крв на гаќите. Многу се израдував, веднаш ја викнав мајка ми за да провери дали е тоа. Немаше плачки(за чудо, инаку јас за се плачам). Си ставив влошка сама, бидејќи долго време користам секојдневни знаев се како и што треба, а и воопшто не ме нервираат влошкиве изгледа се навикнав. Спојлер Мислам дека не плачев зошто ја гледав сестра ми како си сменува влошки, и така се навикнав и јас. И така.......