6то за 7мо летото кога бев на одмор,и така типката расоблечена на купаќи сум си шетала и кога си дојдов од плажа има што да видам, како сум се шетала и се сеќавам дека ми беше срам да и кажам на мајка ми па и кажав само на сестра ми
имав 11 години. таман завршив 4то. и знам отидов во веце и се уплашив, дури и плачев и мама ми кажа што како, и тоа беше тоа
на 12 години 1ви септември , се сеќавам оти беше првиот ден нашколо после летниот распуст 6то одделение .. немав никакви болки пред тоа, си станувам сабајле за во училиште и што да видам ја викнав мајками а таа почна одма да ме зафркава дека жена сум постанала и ме заплаши
Некаде беше зимата кога имав само 11 години.Дотогаш со ниту една од моите другарки немав разговарано на таа тема,ниту пак со мајка ми. Кога видов што ми е се преплашив викав по мајка ми и таа ми објасни што е тоа.Потоа сакав да го немам кога ми кажа дека секој месец ќе ми идело Па кога ја ставив влошката толку грдо се чуствував што неможев да си опишам И друго ми беше срам да кажам пред некој дека сум добила бидејќи мислев дека сум мала за тоа
хахаххахахахаххаха леле кога ќе се сетам . Бев 5то одделение, баш знам беше 9ти февруари 2011 хахахахха и бев во школо, и случајно отидов до веце и коа ќе видам...хахахах и ја излажав класната дека ми се лоши и идам по улица и плачам и стигнувам дома, се сеќавам мама сама беше и ми вика што се врати толку рано и јас мамо мамо добиввввв и плачам, мама сирота ме смирува, незнае што да ми направи аххахахаххаха И после криевме со мама може 1ипол година, и кој и да ме прашаше дали имам добиено му викав не хахаххахахха
Скоро на крајот од летото 28.08.2013, вечерта околу 20:30 се спремав за на роденден кај другарка, и нормално знаев за што се работи и кажав на мајка ми си ставив влошка и така.
Девојκи денес κога станав на гаќите имац κаκо κафеаво-цρвено а јас досега сум немала менстρуација, стомаκот не ме боли воопшто, одам во ВЦ потоа и паκ ама сега κаκо бледо κафеаво незнам дали е тоа менстρуација пρвин оти ич не ме боли стомаκот малκу чудно ми е.. дали ова е мојата пρва менс?
Имам 12 години и уште немам добиено,имам едно прашање.Веќе 2-3 месеци на гаќичките гледам нешто бело..Има некој да ми помогне да ми каже што е тоа?
На 10 години,четврто бев и не знаев за менструација. Зимски распуст. Бев до веце и се извадив од памет. Ја викнав мајка ми и и реков дека крварам и почнав да паничам,она ме смири и ми објасни што е тоа.